Автор: Маја Савиќ
Post Views: 172 Сè уште се преговара за одржување на трката во Формула 1 со високо-туражни моторни чамци на Охридско Езеро кај Поградец. Статусот на трката, која според календарот на организацијата F1-H2O беше закажана за јули, од пред некое време е променет во непотврден. Над 50 здруженија и институции од Македонија и Албанија неколку месеци апелираaт до властите на Албанија и Македонија да се спречи одржувањето на трката. Тие на почетокот на годинава испратија информација за овој настан до телата на Комитетот за заштита на светското природно и културно наследство на УНЕСКО.„Добивме...
„Harvest Cooperative“ им подаруваше фиданки на охриѓани во рамки на кампањата „Фестивал на дрвја„
Post Views: 71 Денеска на градскиот плоштад во Охрид Здружението „Harvest Cooperative“ делеше садници дрвја на граѓаните. Истовремено во дворовите на ООУ „Св Климент Охридски“ Охрид и Колеџот „Јахја Кемал“ Струга беа засадени дрвца. Активностите се во рамки на кампањата „Фестивал на дрвја„ која здружението ја спроведува низ целата држава. Целта ни е да ја разбудиме пролетта и да ја подигнеме свеста на граѓаните за значењето на дрвата и пчелите. Затоа се одлучивме за дрва кои се важни за пчелите како единствен вид на опрашувач на планетата. Доколку не би постоеле пчелите...
Одложено денешното судско рочиште за случајот Пендиков
Post Views: 115 Oдложено денешното рочиште од судкиот процес за случајот Пендиков. Причината е што денеска во Основниот суд во Охрид не се појави 23-годишниот битолчанец Борче Ангелев како кообвинет за кривичното дело „нанесување на тешки телесни повреди“ на секретарот на сега згаснатото здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, како и на двајца од тројцата сведоци предвидени да дадат исказ пред судискиот совет. Првообвинетиот Илија Спасески пак, откако беше исконтактиран, за кратко време пристигна во судот. Сметам дека се работи за купување на време,...
Поднесена кривична пријава против поранешниот директор на ЈП „Градски гробишта“ Ванчо Костоски
Post Views: 85 ЈП Градски Гробишта до ОЈО Охрид и СВР Охрид, поднело кривична пријава против советникот во Советот на општина Охрид и претседател на ВМРО НП, Ванчо Костоски поради сомение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластувања“ додека бил директор на јавното претпријатие.Костоски како директор на ЈП „Градски гробишта“ во повеќе наврати со склучување на договори за давање на 8 гробни места под старателство со трговско друштво ИВИРЕ ДООЕЛ од с. Лескоец, во 2019 година му овозможил да стекне противправна имотна корист на наведеното друштво, притоа...
Борис Стојаноски доби признание од Црвен Крст за 100 крводарувања во 2023 год
Post Views: 70 65 годишниот охриѓанец Борис Стојаноски денеска доби признание за својата хуманост. Црвен Крст Охрид му додели плакета за 100 остварени крводарувања во 2023 година на свеченост по повод 17 март Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст на РСМ. Стојаноски вели дека редовно дарува крв од 1978 година и дека ќе продолжи и понатаму се додека го служи здравјето.„Крвта се дарува да му спасиш некому живот, да му помогниш, да бидеме хумани. “ – изјави Стојаноски.Милчо Бујароски, почнал да дарува крв од 1980 година, од неговите војнички денови. Доби...
Костадиновска Стојчевска: Спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба
Post Views: 92 Спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба, најави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Информира дека е изречена мерка „наредба“ од страна на инспекцијата при Министерство за култура.„Инспекторите за култура извршија вонреден инспекциски надзор по повод отстранувањето на спомен-обележјето на осудени лица од фашистичкиот окупатор во 1941 година, при што се констатирани прекршоци и на сторителите им се изречени законски глоби, согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата.“ – информира...
Мнозинството во советот не го прифати барањето на опозицијата да се одложат легализациите на дивоградби за по изборите
Post Views: 75 На денешната 39та седница на Совет градските избраници ги усвоија сите точки на обемниот дневен ред. Зелено светло добија извештаите за реализација на годишните и развојните програми на локалната за 2023 година, извештаите за работењето на јавните претпријатија и основните и средните училишта за минатата година, а поминаа и 20 одлуки за легализација на бесправно изгрaдени објекти.Координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата побара да бидат повлечени од страна на предлагачот точките за легализација на дивоградбите кои беа на дневниот ред, затоа што се...
Во Буџетот за 2023 година со најголема реализација се субвенциите, капиталните проекти се одложуваат
Post Views: 65 До ден денес локалната власт нема реализирано ниту еден поголем капитален проект којшто го имаше ветено пред граѓаните, пракса на оваа локалната власт е капиталните проекти планирани за тековната буџетска година на крајот да се поместат во развојните програми, критикува опозицијата во Советот кој денеска ги разгледуваше извештаите за реализацијата на програмите за 2023 година. И во буџетот за 2023 година со најголема реализација се субвенциите, трансферите и донациите, а недостигаат капиталните проекти, истакна координаторката на советничката група на СДСМ, Живка...







