Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Градинка

Општина Охрид најавува бесплатен престој во градинка за деца на самохрани родители и субвенционирање на надоместокот за социјални случаи

Post Views: 219 Иако Советот на Општина Охрид на вчерашната седница не ја прифати иницијативата на советничката од Левица за плаќање една членарина по семејство за престој во градинка за родители со повеќе деца на претшколска возраст, од локалната самоуправа најавуваат други мерки за поддршка на одредени категории семејства.Иницијативата предвидуваше кусокот во касата на градинките да го надомести општината од буџетот како директна поддршка за семејствата и децата. Според предлагачот, со ваквата мерка општината би покажала активна поддршка за родителите и би се создале подобри услови...

Продолжи со читање

ЈП „Билјанини извори“ ќе стопанисува со паркинзите кај Св. Софија, Сараиште и на Илинденска, мештаните ќе паркираат бесплатно

Post Views: 291 Советот на Општина Охрид на денешната 12-та седница донесе одлука за отстапување на користење на дел од јавните паркинг-простори во Стар град на ЈП „Билјанини извори“. Станува збор за паркинг просторот кај крстосницата на улиците „Цар Самоил“ и „Коста Абраш“ (односно пред црквата „Света Софија“), паркингот долж целата улица „Илинденска“, како и паркинг просторот на улицата „Коста Абраш“ кај Сараиште. Пред гласањето, одлуката беше дополнета со член со кој јавното претпријатие се задолжува на резидентните жители од овие улици, кои имаат уредна документација за живеалиште...

Продолжи со читање

На 3 и 4 јули во Охрид се случува Ohrid Cocktail Festival, најголемата коктел забава на Балканот

Post Views: 383 Првиот јулски викенд во Охрид се случува Ohrid Cocktail Festival, најголемата коктел журка на Балканот. Просторот пред хотел „Палас“ на кеј „Македонија“ на 3 и 4 јули повторно ќе биде центар на коктел културата и добрата забаваОрганизаторите BNJ production најавуваат две вечери исполнети со атрактивни коктел презентации, богата понуда на врвни пијалаци, и фестивалска атмосфера со добра музика покрај Охридското езеро. Годинава новитет е Bar Show двочасовна презентација и дегустација на премиум жестоки пијалаци која започнува во 18 часот.„ Ние оваа година го...

Продолжи со читање

Висока делегација на УНЕСКО во посета на Охрид

Post Views: 156 Во Охрид денеска се одржа работна средба со постојаните делегати – амбасадори и претставници при УНЕСКО од државите-членки на Комитетот за светско наследство, во рамки на нивната тридневна посета на Македонија. Посетата претставува  возвратна активност по неодамнешната средба во Париз, Франција, со што се потврдува континуираната соработка со УНЕСКО.Високата делегација ја сочинуваа постојаните претставници од Бангладеш, Либан, Кенија, Полска, Турција, Перу и Монголија.На средбата, покрај градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков,...

Продолжи со читање

Свечено отворени 65-тите Струшки вечери на пoезијата

Post Views: 230 Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ синоќа во Домот на поезијата во Струга почна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата. Струга повторно стана дом на поети од сите поетски меридијани, испраќајќи порака дека поезијата и денес има моќ да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство.Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателката на Република Македонија г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, а свои обраќања имаа и министерот за култура и...

Продолжи со читање

Охридски фестивал на виното

Петто издание на „Охрид Вино Фест“ со повеќе винарии, повеќе храна и богата музичка програма

Post Views: 278 Од 25 до 27 јуни Охрид повторно ќе биде во знакот на виното, музиката и гастрономијата. Петтото издание на „Охрид Вино Фест“ годинава ќе понуди богата музичка програма, учество на дваесетина винарии и проширена гастрономска понуда. Фестивалот кој започна како локална иницијатива, денес прераснува во препознатлив бренд на градот и значаен туристички настан што го означува почетокот на летната сезона во Охрид.„Огромно е задоволството кога ја имате најавата на петтото издание на Охрид Вино Фестивал, еден бренд којшто навистина со гордост, како Општина Охрид, го...

Продолжи со читање

„Охридски Комуналец“ повторно расчистува диви депонии во Даљан, апел до граѓаните за поголема совест

Post Views: 217 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ и денеска интервенираа на повеќе критични локации во населбата Даљан, каде беа отстранети големи количини кабаст, зелен и градежен отпад, несоодветно депониран од несовесни граѓани.Од јавното претпријатие информираат дека службите задолжени за подигнување на кабаст и зелен отпад секојдневно се на терен и се соочуваат со сериозен предизвик поради енормните количини отпад што се остава на недозволени места.„Загрижува фактот што веднаш по расчистувањето на одредени локации, повторно се појавуваат нови количини отпад. Најчесто...

Продолжи со читање

Австриските донатори бараат повисоки стандарди за чување на противпожарната опрема и возила за доброволните ПП друштва

Post Views: 236 Австриските донатори бараат соодветни услови за сместување и користење на противпожарната опрема и возила што ги донираат на доброволните противпожарни друштва. Возилата мора да бидат гаражирани и да се користат исклучиво за противпожарни намени, а од организациите кои ја добиваат помошта се очекува да обезбедат и соодветни просторни услови за функционирање на волонтерските единици.Токму во овој контекст, на последната седница на Советот на Општина Охрид, советничката од Левица, Виолета Аврамоска, побара одговор дали Општината добила официјални забелешки од...

Продолжи со читање