Автор: Маја Савиќ
Post Views: 102 Во петок (12 јануари) од 20 часот започнува традиционалниот Вевчански карневал кој претставува манифестација на народните пагански обичаи по повод празникот Василица. На 13ти низ Вевчанските улици ќе продефилираат традиционалните маски на зетот и невестата, музичарите, ѓаволите, Глупавиот Август но и новите сатирични коментари како одраз и здрав коректив на општествените случувања.Бидејќи Вевчанскиот карневал е еден голем мајтап, ќе се обидам таков да биде и овај прес, кажа промоторот на Вевчанскиот карневал Игор Џамбазов на денешната прес...
Пет бебиња се родија во Охрид на првиот ден од новата 2024 година
Post Views: 110 Новогодишен бејби бум во Охрид. На Одделението за гинекологија и акушерство денеска на свет дојдоа пет бебиња, три женски и две машки. Првото новороденче во новата година, родено во 01:54 мин е машко.Традиционално, во посета на новороденчињата и среќните мајки беше градоначалникот на Охрид, кој во придружба на директорот на Општата болница Охрид Асен Шајн подели пригодни подароци. Оваа година ќе биде бериќетна за Општина Охрид и охриѓани, кажа Пецаков.„ Тука сме традиционално да им честитаме и да дадеме една поддршка од Општина Охрид за мајките и...
ОЈО Охрид води истражна постапка против две лица за реконструкцијата на куќата на ул „Димитар Влахов“
Post Views: 255 Основното јавно обвинителство Охрид води истражна постапка за реконструкцијата на куќата на ул „Димитар Влахов“, за која ТВМ во рубриката ТиСиТвојотГрад објавуваше од почетокот на градежните зафати. Со истагата на обвинителството опфатени се две лица за бесправно градење.„Основното јавно обвинителство Охрид оформи предмет и на 27 ноември поведе истражна постапка против две лица за кривично дело – Бесправно градење по чл.244- а став 1 од Кривичниот законик. Прибрана е писмена документација и извршено е градежно вештачење, а закажан е и распит на осомничените, по...
Буџетот на Општина Охрид за 2024 година проектиран на околу 1,7 милијарда денари
Post Views: 104 Основниот буџет на Општина Охрид за 2024 година изнесува 978.170.000 денари. Планираните приходи на општината заедно со средствата од државата формираат вкупен буџет за следната година од блиску 1,7 милијарди денари што е зголемување во споредба со предходната година за околу 300 милиони денари. Според локалната власт буџетот е развоен, повеќе средства во корист на граѓаните и за нивните потреби. Опозицијата, пак, скептична дека буџетот ќе успее да го задржи истиот лик и ќе биде реализиран онака како што ќе се усвои.Координаторката на советничката група на...
Реакцијата на граѓанин во ТиСиТвојотГрад за депонија во градските гробишта стигна и на седница на Совет
Post Views: 142 Муслиманскиот дел на градските гробишта во Охрид се претвора во депонија за градежен шут, реагира граѓанинот Хермин Зиба преку рубриката ТиСиТвојотГрад. Тој до редакцијата на ТВМ испрати видео на кое се гледа дека на поголема површина има одлагање на отпад.„Несовесни граѓани одлагаат земја и градежен шут во муслиманскиот дел на гробиштата. Подолго време се формира депонија. Се носи градежен шут со приколици. Бараме ЈП Градски гробишта во најкраток можен рок да го расчисти просторот.“ – реагира Зиба.ТВМ побара информација од Општина Охрид...
ЈУНП Галичица доби нов тригодишен грант од Фондот за природа PONT
Post Views: 92 Јавната установа НП Галичица доби нов тригодишен грант од Фондот за природа – Prespa Ohrid Nature Trust – PONT. Договорот денеска го потпишаа директорот на ЈУНП Галичица Александар Бузлевски и директорката на ПОНТ, Миријам де Конинг.Станува збор за значителен износ на средства кои ќе му помогнат на националниот парк да продолжи и понатаму успешно да ги спроведува своите оперативни определби и започнати проекти, но и да отпочне со реализација на нови. Главен приоритет на паркот и понатаму е некористење на природните ресурси, односно заштита на природата и...
„Лист, камен, ножички” нова премиера на детското драмско студио „ДрамаКидз”
Post Views: 102 „Лист,камен,ножички” е втора театарска претстава на Детското драмско студио „ДрамаКидз” која вечерва ќе ја има својата премиера. Автори на претставата се режисерката Ирена Стеријовска и драматургот Кристина Тодорска Петреска. Претставата е базирана на истоимената детска игра, а зборува за значењето на слогата.„Се работи за претстава којашто ја коментира поделеноста во сите општества и мислам дека е супер шанса за на оваа возраст децата да почнат да размислуваат за тоа што е заедништво, што е слога и што произлегува од кавги со комшии во зграда или во...
Со почеток на следната година ќе продолжи процесот за враќање на иконите изнесени од државава по незаконски пат
Post Views: 71 По првата успешна реституција на културно наследство со која дваесет наши икони кои датираат од крајот од 18-ти и 19-ти век, по една деценија беа вратени дома, процесот ќе продолжи за враќање и на уште 37 идентификувани икони во Албанија, украдени од македонските цркви и манастири, претежно од западниот дел на државава. Значаен удел во препознавањето на иконите има проф. д-р Сашо Цветковски, член на МАНУ.„Се надеваме дека и следната година ќе имаме можност да престојуваме во Албанија и во поголемите музејски центри Корча и Берат, да направиме увид во депоата...







