Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Технолошко рекреативна зона Касарна – технолошки развој, економски раст, вработувања и дополнителна туристичка понуда

Post Views: 262 Нови модерни објекти кои ќе бидат седиште на повеќе технолошки компании во зоната каде сега се наоѓа Регионалниот центар за граничен надзор „Запад“ на самиот влез во касарната,  реконструикција  и модернизирање на постоечките објекти или т.н. згради пепрутки и поранешната армиска менза, оплеменување на  просторот со уредување на  постојното зеленило и со  дополнителни хортикултурни и парковски содржини, предвидува Физибилити студијата за развој на касарната во технолошко рекреативна зона.   Делот во кој веќе се изгради првиот голф терен во Македонија е планиран комплетно...

Продолжи со читање

За брзо време Општина Охрид ќе биде целосно раздолжена, најавуваат од локалната

Post Views: 68 9 доверители ги пријавиле своите побарувања по основ на судски и извршни решенија на Повикот од Општина Охрид. Преговорите со нив за спогодбено утврдување на обврските, односно намалување на обврските на општината завршија на 10ти декември. Сега во тек е постапка за изготвување на извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски кој ќе треба да помине на седница на Совет. Со усвојувањето на извештајот, ќе започне процесот за раздолжување на општина Охрид.За брзо време се очекува општината да биде целосно раздолжена и да...

Продолжи со читање

Комеморација за еден од доајените на охридското новинарство, Симон Илиевски

Post Views: 93 Симон Илиевски беше новинар со големо Н кој ја работеше професијата со страст, посветен на јавниот интерес, а без личен интерес. Еден од ретките со остро новинарско перо кој не пишуваше туку везеше, спокојно со мирна рака без оглед на тежината на настанот, кажа новинарот Горан Момироски на денешната комеморација организирана од Здружението на новинари на Македонија – Регионална канцеларија Охрид и Струга.„Јас сум сепак оној беден пријател на вистината и потоа непријател бескомпромисен на измамата и лошотијата, се пресметувам со се во светот и со глупостите. Оваа...

Продолжи со читање

Фото клуб – Охрид одбележа четврт век постоење

Post Views: 107 Фото клуб – Охрид со традиционалната изложба по повод празникот Св Климент Охридски, го прослави својот 25 годишен јубилеј. Изложбата ја отвори првиот претседател и еден од основачите на клубот, д-р Лазар Коњановски. Формиран од една голема желба на група на ентузијасти, вљубеници во фотографијата, клубот секогаш скромно но суштински ја поддржува културата во градот, опстојува и расте, истакна во своето обраќање Коњановски.„Разни генерации се членови на нашиот клуб и не паднавме под одредена бројка на членови. Многу генерации се менуваа, многу млади кои понатаму...

Продолжи со читање

Манолева: Развојот и успешноста на Специјализираната болница за кардиологија „Св Стефан“ е обврска за министерството да ја следи и поддржува

Post Views: 177 ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св Стефан“ Охрид се грижи за кардиолошките пациенти од Југозападниот регион и истовремено прераснува во референтен центар за обука на лекари за интервентни процедури. Целиот тим на институцијата е за пофалба коишто 24 часа, 365 денови во годината се на располагање на пациентите, а притоа болницата посветено работи и на воведување нови дијагностички процедури, истакна заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева при денешната посета на кардиолошкиот центар. Додаде дека...

Продолжи со читање

Поволна безбедносна состојба на подрачјето на СВР Охрид

Post Views: 113 Безбедносната состојба на подрачјето во надлежност на СВР Охрид и на регионалниот центар „Запад“ во 2023 година е поволна, без индиции да биде нарушена, а благодарение на рано детектирање на новите трендови и закани се олеснува превенцијата и борбата против криминалните појави. Ова го посочи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој заедно со дел од раководството на МВР и на Бирото за јавна безбедност беше во посета на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ во Охрид, каде што оствари работна средба со раководствата на СВР Охрид, СВР Битола и на центарот...

Продолжи со читање

ТЛЕР: Имаше застој, но сега реализацијата на Ohrid Go влезе во напредна фаза

Post Views: 62 Предолго се одложува реализацијата на проектот Ohrid Go.  Градските советници побараа објаснување од Секторот за туризам и локален економски развој при локалната, дали воопшто предвидените содржини  како Pump Up  траката и адреналинскиот  парк ќе се изградат. Во меѓувреме проектот градски систем Smart City  се преиначи и место велосипеди предвидува електрични возила. Физибилити студијата за развој на поранешната касарна во технолошко-рекреативна зона се уште е во нацрт верзија.„ Во точка на мирување се сите тие проекти. Се уште се прави некоја анализа, далеку се од...

Продолжи со читање

Во Охрид одбележан Светскиот ден на волонтерството

Post Views: 84 „Волонтерите се надеж за подобро утре“, „Волонтерите се движечка сила на Црвен Крст“, ова се дел од паролите кои беа истакнати на денешното  дефиле низ улиците  во Охрид по повод 5-ти декември, Светскиот ден на волонтерството. Секој може да биде волонтер, велат од охридската организација на Црвен Крст која брои над 1000 волонтери, од 3 годишна возраст во програмата Полетарче па се до 80 години во Програмата за грижа за стари лица.17 годишната Сара Петковска  е волонтерка  која учествува во сите активности од ПХВ програмата, еколошки проекти  и е врснички...

Продолжи со читање