Автор: Маја Савиќ
Post Views: 114 Марија Здравеска е млада девојка со прекрасен глас, сака да пее, а учествува и во балетска група за лица со посебни потреби. Тоа се нешта кои ја исполнуваат и ја прават среќна и и помагаат полесно да се справува со секојдневните предизвици и бариери на кои наидува. „Се среќавам со високи тротоари, да бидат пониски за да можеме да се качиме со количките, да има поголем простор на паркинг местата кои се обележани , ама некои луѓе се паркираат баш на тие места, а не се за нив. Знаете како, треба сѐ уште да се работи на свесноста дека постоиме. Да има поголема...
Во Охрид годинава регистрирани три нови случаи на лица инфицирани со ХИВ/СИДА
Post Views: 140 Расте бројот на новорегистрирани случаи на инфекции со ХИВ вирусот и на ниво на држава и во Охрид. За разлика од минатата година кога имавме два новорегистрирани слуачии на ХИВ/СИДА, оваа година има три нови случаи во Охрид. Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска – специјалист епидемиолог, денеска по повод 1 Декември – Светскиот ден на борба против СИДА, ги презентираше податоците за состојбата со инфекции со ХИВ вирус на територијата на целата држава и во регионот на Охрид.„Минатата година и годинава имаме зголемен број на заболени. Имаме три новорегистрирани случаи,...
Дискусија во советот за резултатите на јавните претпријатија во третиот квартал
Post Views: 68 ЈП „Водовод “ третиот квартал од годинава го заврши со добивка од над 15 милиони денари, додека пак Градски гробишта и Градски пазар со загуба.Извештаите генерално покажуваат дека јавните претпријатија не можат да функционираат без помош односно субвенциите од локалната самоуправа, а некои не остваруваат доволно приходи од дејноста за која се основани, упати критика на денешната седница опозицијата во градскиот совет.Ако направиме анализа на извештаите тогаш ќе увидиме дека ЈП „Билјанини извори“ се претвори во инкасатор бидејќи 3 мил денари приходи...
Енормната урбанизација го урива имиџот на Охрид како воздушна бања
Post Views: 81 Мерната станица за следење на квалитетот на воздухот, која лани ја постави МЖСПП во Охрид, покажа дека и во убавиот град на Охридското езеро се дише загаден воздух. Причина за тоа се енормната урбанизација, несоодветното урбанистичко планирање, намалување на зелената инфраструктура и сообраќајот. Урбаните блокови со висококатници го уриваат имиџот на Охрид како воздушна бања.„Пренагласената урбанизација, изградбата на високи градби во крајбрежниот појас, влијаат ружата на ветрови да не се реализира како што природата налага во овој микроклиматски регион. И практично...
Пожарникарите бараат да им се врати бенифицираниот стаж
Post Views: 149 Пожарникарите бараат, со измените на Законот за пожарникарство кои се во процедура, да им се вратат бенефициите кои ги имаа пред децентрализацијата и воведување старосна граница при вработување нови кадри. До 2006-та година пожарникарите ги имаа истите бенефиции како полициските службеници, војниците и рударите. Потоа бенефицираниот стаж им беше намален од 6 на 3 месеци. Професијата е тешка и опасна и при секојдневните интервенции се соочуваме со ситуации кои имаат негативни влијанија врз психичкото и физичкото здравје на пожарникарите, вели командирот на ТППЕ Охрид,...
Утре хуманитарен настан за Петар во Центар за култура „Григор Прличев“
Post Views: 80 Утре во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 19:00 часот , ќе се одржи хуманитарен настан за помош на Петар Попоски од Охрид. На нашиот млад сограѓанин потребна му е помош да се обезбедат финансиски средства за хируршка интервенција која не е можно да се изведе во државава.„Петар е наш сограѓанин кој има 25 години и боледува од болест за којашто е потребна хируршка интервенција во Турција. Хируршката интервенција чини околу 50 000 евра , па се јави потреба од дополнителен хуманитарен настан за да се обезбедат потребните средства. “ – вели...
Во ЦЈЗ Охрид од јануари и анализи за респираторни инфекции со молекуларна дијагностика
Post Views: 77 Од месец јануари, следнава година, во Центарот за јавно здравје Охрид се очекува да биде проширена листата на анализи со новата лабораториска опрема за молекуларна дијагностика, со воведување и респираторен панел за анализи на респираторни инфекции.„Во план сме да воведеме респираторен панел, со кој сите најчести респираторни инфекции, овде особено кај децата, ќе може да се откријат и дијагностицираат и понатаму да се третираат од страна на педијатрите.“ – вели директорот на Центарот за јавно здравје Охрид, Сашо Точков.Тоа ќе значи пософистицирано, попрецизно...
Сузбиена криминална група составена од повеќе лица од Струга, едно од Охрид и албански државјанин
Post Views: 119 Сузбиенa организиранa криминалнa групa инволвиранa во недозволена трговија со дрога и оружје во координирана полициска акција која од утрово се спроведуваше во охридско струшкиот регион. Криминалната група била составена од повеќе лица од Струга , едно лице од Охрид и еден албански државјанин.„ Постапувајќи по наредби за претрес издадени од судија на предходна постапка извршени се претреси на вкупно 36 локации во Струга, Охрид и во затворот во Скопје, при што од слобода се лишени 19 лица, по 3 лица се трага, а едно лице е во затвор од предходно заради обид за убиство...







