Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Екипите на ЈП Охридски Комуналец подготвени за интервенција во зимски услови

Post Views: 78 Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги завршија неопходните подготовки за интервенција во зимски услови согласно законските обврски околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” .Од УХМР за викендов најавуваат заначителна промена на времето со врнежи од снег, ветар и значителен пад на температурите.Од  Ј.П.„Охридски Комуналец” апелираат до граѓаните да се дислоцираат паркираните возила од главните сообраќајници и тесни улици за во случај на потреба да може непречено да се...

Продолжи со читање

Ќе се реконструира сидриштето во каналот Студенчишта кај центарот за обука на вода на АРМ

Post Views: 115 Ќе се реконструира сидриштето „Билјанини Извори“.  Министерството за одбрана, сектор за логистика склучи договор за реконструкција на сидриштето во каналот Студенчишта кај  центарот за обука на вода наАРМ со фирмата „ЕМ груп електрометал“, ДОО од Скопје.„Одлуката за реконструкција за Сидриштето е донесена откако е направен надзор од стручни лица од чија што страна е констатирано дека истото е во лоша состојба и претставува опасност за корисниците. Од причина што досега немало потпорен ѕид се појавија свлечишта на брегот. Истиот ќе се постави во сегашната...

Продолжи со читање

Дебрца

Ногачески: Државата која ги одредува цените на водата и струјата, нека го преземе водоснабдувањето

Post Views: 83 Општина Дебрца наплатува најниска цена на вода, а на ЕВН и плаќа индустриска цена за струја на пумпните станици. Во такви услови ЈКП Дебрца и со 200% наплата на вода не може да ги подмири долговите кон ЕВН, вели градоначалникот Зоран Ногачески.Реакцијата доаѓа откако поради долг кон ЕВН сите пумпни станици во општина Дебрца  од вчера претпладне се исклучени од електрично напојување со што без вода за пиење останаа жителите на 10-тина села и Меѓународниот аеродром Св Апостол Павле кој е приклучен на тој водоснабдителен систем.„Сметам дека ваквото исклучување...

Продолжи со читање

Лајка: Две години ринг за борби со кучиња е поставен во Мауцкер

Post Views: 74 СВР Охрид, презема интензивни контроли на целото подрачје на Охрид, Струга, Кичево и Дебар, со цел санкционирање на лица организатори на борби со кучиња или други слични активности, што се во спротивност со Законот за заштита и благосостојба на животните, информираше денеска  портпаролот на секторот, Стефан Димоски.Пред два дена, Иницијативата за заштита на животните, „Лајка“ алармираше дека во околината на Охрид, на излезот кон Струга, на јавна површина е направен ринг за борби со кучиња. Речиси две години стои поставен во областа Мауцкер, каде што порано војската...

Продолжи со читање

Ногачески

ЕВН ги исклучи од струја сите водоснабдителни системи во Дебрца

Post Views: 75 ЕВН денес ги исклучила сите водоснабдителни системи во Дебрца. Без вода покрај жителите на Дебрца останале и болницата “Св.Еразмо” и Меѓународниот аеродром “Св.Апостол Павле”.Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески објави дека станува збор  за долг од 2.000.000 денари, кој на ЕВН и било предложено Јавното комунално претпријатие да го сервисира  на месечни рати. Според градоначалникот оваа постапка на ЕВН е спротивна  на Правилата за снабдување со електрична енергија.Пред три месеци со одлука на советот на општината Дебрца го презедовме...

Продолжи со читање

Дом за стари лица и дневни центри се неопходни во охридскиот регион

Post Views: 134 Дом за стари лица и дневни центри се неопходни во охридскиот регион. Групата волонтери за поддршка на стари лица која работи во склоп на Црвен Крст Охрид, денеска под мотото „Сите сме нивни деца“, потсети дека заедницата треба да покаже повеќе свесност за потребите на граѓаните од третото доба. Во рамки на  одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица,  на Отворен ден тие ја презентираа иницијативата за изградба на Дом за стари лица која ќе ја поднесат до локалната власт.„ Охрид, Дебрца и регионот немаат таков дом и такви дневни центри и тоа го правиме денеска...

Продолжи со читање

Невработените заинтересирани за грант за отворање сопствен бизнис и обуки за ИТ вештини

Post Views: 93 50 тина невработени лица годинава отвориле сопствени бизниси во Охрид преку мерка на Агенцијата за вработување.  Преку мерката за самовработување со неповратни средства – грант од 5000 и 10 000 евра  во градов се отвориле претежно занаетчиски дуќани, козметички салони, салони за убавина и масажа, изработка на филигран, на сувенири, резбар, стаклар, молер и фирма за груминг односно средување на домашни миленици. Оваа мерка е најпримамлива за  активните баратели на работа, посебно за помладите на пазарот на труд, вели директорката на охридскиот Центар за...

Продолжи со читање

Во среда бесплатна вакцинација против сезонски грип, без закажување

Post Views: 78 Голем интерес кај охриѓани за бесплатната вакцинација против сезонски грип.  Поради тоа Службата за вакцинација  на 22ри ноември, во среда, повторно ќе врши имунизација против сезонски грип на граѓани без оглед на возраст и без закажан термин. Вакцината ке биде бесплатна.Вакцини ќе се аплицираат на влезот во Општа болница кај  Службата за вакцинација во периодот  од 15 до 17 часот.Екипите за теренска вакцинација во рамки на кампањата за имунизација „Од врата до врата“ во која што е вклучена Службата за превентива на деца и младинци при ЈЗУ...

Продолжи со читање