Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Голем интерес за анализите за детекција и типизација на HPV вирусот во ЦЈЗ Охрид

Post Views: 117 За нецел месец колку што е во употреба најновата опрема за молекуларна дијагностика во Центарот за јавно здравје во Охрид, 3 % од сите испитани примероци покажале присуство на ХПВ вирусот додека бројот на позитивни резултати на кламидија е далеку поголем.Со најновата апаратура и современи методи кои ги обезбеди Центарот за јавно здравје во Охрид, се врши детектирање на присуство на високо ризични типови на хуман папилома вирус, генотипизација на 14 високо ризични типови на вирусот кои се застапени на Балканското подрачје, како и определување на Chlamydia trachomatis...

Продолжи со читање

парк

Зелениот катастар нa Општина Охрид во понапредна фаза на изработка

Post Views: 90 Општина Охрид  влегува во понапредна фаза на изработка на „Зелен катастар“ односно попис на вкупното зеленило на подрачјето на општината. Проектот за изработка на зелениот катастар, согласно Законот за урбано зеленило започна минатата година и до овој момент мапирани се зелени површини, дрвја, грмушки,  парковска инфраструктура како и дрва споменици на природата на просторот од булеварот Туристичка јужно до Охридско езеро, од клучката на влезот на Охрид  до Билјанини извори.  Зелениот катастар  како лична карта со податоци за секое едно поединечно дрво и зелена површина...

Продолжи со читање

Намалување на тежината и 30 мин. физичка активност дневно, го преполовува ризикот од дијабетес

Post Views: 82 Се зголемува бројот на лица со дијабетес.  Од 2019 до 2022 стапката на новодијагностицирани пациенти на национално ниво е во постојан пораст.  Во Охрид  во 2022 година се регистрирани 4052 лица со ова хронично заболување. Иако минатата година во охридско Центарот за јавно здравје регистрира одредено намалување во бројот на лица со дијабетес, а воедно  и најмала стапка  на новорегистрирани случаи, охридскиот регион не е исклучок од трендот на национално ниво, вели Д-р. Даниела Чингоска – Специјалист по социјална медицина и јавно здравје.„Да истакнеме дека , на охридското...

Продолжи со читање

Ковачевски: Зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот регион е императив

Post Views: 83 Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на официјалната посета на УНЕСКО, се обрати на 42-та Генерална конференција на УНЕСКО што се одржува во седиштето на Организацијата, во Париз.Соработката на Македонија со УНЕСКО започна во 1979 година кога нашиот  бисер Охридскиот регион влезе под закрилата на организацијата  и денес со гордост го вбројуваме во 39те природни и културни светски наследства, кажа Ковачевски.  „Ова за нас значи континуитет, богатство но и обврска да го чуваме. Ниту еден друг интерес не смее да...

Продолжи со читање

39 трофеи и медали за охридските Бреинобреин генијалци на државниот натпревар

Post Views: 85 Охридските генијалци од Бреинобреин програмата на Црвен крст Охрид продолжуваат да нижат успеси. На седмиот национален Бреинобреин натпревар учествуваа 39 ученици од охридскиот центар кои во силна конкуренција од вкупно 235 учесници освоија 18 трофеи, 13 златни и 8 сребрени медали.„Во однос на статистиката од вкупно освоените на државно ниво и нашиот центар гледаме дека и оваа година нашите ученици постигнаа значителни резултати односно се покажа дека Бреионбреин Црвен крст Охрид е еден од најуспешните центри на ниво на република, вели Христина Кузманоска, тренер и...

Продолжи со читање

„Лавиринтот“ нова премиера на Народен театар Охрид

Post Views: 73 Нова премиера на Народен Театар Охрид, “ЛАВИРИНТОТ” од Димо Дешев, во режија на Ѓорѓи Ризески. Овој текст за прв пат се поставува на тетарската сцена во   Македонија. Лавиринт е дуо драма  во која  играат  Ивица Цонев и  Марко Богдановски, актер од тетовскиот театар. Станува збор за камерна претстава што ја прави уште поавтентична актерската игра, а тематски е актуелна и денес, вели режисерот  Ризески, изразувајќи надеж дека истата ќе има многу изведби.„Оваа претстава се направи со многу љубов и многу влог кон тетарот воопшто и на некој начин тоа беше...

Продолжи со читање

Фото клуб Охрид со изложба „Охрид низ фотографии“ по повод 7-ми Ноември

Post Views: 79 Чествувањето на Денот на ослободувањето на Охрид  збогатено со изложба на фотографии на членовите на Фото клуб Охрид. Колекцијата е  изработена во рамки на проектот „Охрид низ фотографии“ реализиран со соработка на  Општина Охрид со  Фото клубот  со која се создадоа трајни вредности. На фотографиите се прикажани сите убавини на градот , во секое годишно време , сите случајни средби и разделби, играта на езерските бранови, мирниот лет на охридскиот галеб, светлоста на црквите и манастирите. Богатото природно и културно наследство на градот  уловени низ објективот од...

Продолжи со читање

Охрид го празнува 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето

Post Views: 144 Охрид празнува 79 години од ослободувањето од фашистичкиот окупатор. Низ историјата Охрид и охриѓани секогаш знаеле да ги препознаат вистинските вредности и да застанат на страната  на човекољубието, правдата и слободата. Благословот да живееме во слобода ни го подарија најхрабрите  и најдобрите македонски синови и ќерки учесници во големата народно ослободителна борба, истакна во своето обраќање на на централната свеченост, градоначалникот Кирил Пецаков.„Денес  79 години потоа , жртвата на нашите херои не обврзува да ја сочуваме и збогатуваме слободата...

Продолжи со читање