Автор: Маја Савиќ
Post Views: 139 Во тек е ревизија од Државниот завод за ревизија во Јавното претпријатие за државни патишта во однос на финансиските извештаи и услогласеноста, како и ревизија за успешност на капиталните инвестиции за изградба на автопатската делница Кичево – Охрид.Јавното претпријатие за државни патишта, преку Надзорниот орган ангажира експерт за Фидик договори преку кој треба да се обезбеди анализа на договорот, како и решенија за сите идни чекори на Владата за реализација на проектот за изградба на автопатската делница Кичево-Охрид, објави Министерството за транспорт и врски....
Промовиран краток историјат (од 1950 до 1990) за ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од д-р Никола Митровиќ
Post Views: 108 По повод јубилејот 60 години постоење на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ , а во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Охрид, денеска беше промовиран краток историјат за развојот на оваа установа во периодот од 1950тата до 1990тата година од д-р Никола Митровиќ. Првата детска градинка во Охрид по Втората светска војна била отворена на 5-ти октомври 1950 година со капацитет за згрижување на 40 деца. Во книгата има многу интересни факти и податоци за тоа каков бил начинот на основање на првата градинка, условите во кои се работело и во кои престојувале дечињата. Книгата...
Во тек се интензивни зафати за реконструкција на Кардиолошки центар – Охрид
Post Views: 141 Вработените и пациентите во ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид веќе ги почувствуваа ефектите од зафатите за нејзина реконструкција. Според зборовите на директорката на институцијата д-р Елена Коваческа – Башуроска значајно е намалена потрошувачката на нафта, при што во моментов сосем доволно е централното греење да биде во функција два до три часа во текот на денот.„Значаен е фактот што топлината не се губи во објектот, и покрај тоа што во моментов не е целосно завршена термо-изолацијата...
Затворањето на депонијата Буково ќе ја чини општината околу 3 милиони евра
Post Views: 83 Негативното влијание на дивите депонии врз животната средина беше тема на денешниот настан во општина Охрид во организација на Здружение на даватели на комунални услуги АДКОМ во соработка со Министерството за животна средина, во рамки на проектот „Со подигање на јавната свест до одржливи комунални услуги“. Целта е да се обединат централната и локалните власти како и јавните комунални претпријатија од Југозападен плански регион во напорот за подигнување на јавната свест за значењето на комуналните услуги.Пред присутните свое обраќање имаше градоначалникот на...
Ковачевски ќе бара ревизија на проектот за автопатот Кичево – Охрид, опција е раскинување на договорот
Post Views: 63 Недозволиво е автопат од 40 км да се гради 10 години и сеуште да не се пушти во употреба ниту еден метар, а притоа пратениците во Собранието да разгледуваат уште едно продолжување на рокот за изградба на патот Кичево – Охрид кажа премиерот Димитар Ковачевски , кој во Охрид присуствува на Првата конференција за патна инфраструктура.„Од таа причина јас веќе ги информирав дел од колегите во владата дека ќе барам ревизија на проектот од страна на Државна ревизија, врз основа на којашто ќе биде носена одлуката. И со оглед на тоа дека овој проект 10 години не е завршен од...
Палење на трска во охридско е единствен случај за кој ДИЖС поднел кривична пријава во изминатава година
Post Views: 99 Палење на трска во Охридското Езеро е единствен случај во кој Државниот инспекторат за животна средина поднел кривична пријава во изминатава година, вели директорот на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) Сретен Стојковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Другите постапки за загадувачите биле прекршочни.„Оваа година имаме поднесено прекршочни пријави во вредност од околу 600.000 евра. Дел се дадени на спогодување во комисијата при Министерството за животна средина, а дел се процесуирани во надлежните судови. Кривични пријави имаме поднесено...
Кампањата за вакцинација „Од врата до врата“ ќе се спроведе во охридскиот регион
Post Views: 185 Службата за превентива на деца и младинци при ЈЗУ Здравствен Дом Охрид е вклучена во спроведување на кампањата за имунизација „Од врата до врата“, организирана од Министервото за здравство во соработка со Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје. Кампањата ќе се спроведува во текот на месец ноември и ќе бидат покриени Општините Охрид и Дебрца со селата и населбите.„ Целта на оваа кампања е да се подигне свеста и разбирањето за важноста на имунизација и придобивките од вакцинација, како на рутинската имунизација исто така и на вакцините против...
Зафатите за поправка на патот Охрид – Св Наум е предвидено да траат до март 2025
Post Views: 101 Започна рехабилитацијата на патот Охрид – Св Наум, од Коњско до границата со Албанија. Почнувајќи од 24 октомври сообраќајот се регулира со содветна сообраќајна сигнализација и истиот се одвива непречено.Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека изведувачот бил воведен во работа на 04.08.2023 год. меѓутоа ОДОБРЕНИЕ за времена измена на режим на сообраќај за време на рехабилитација и поправка на државен пат Р1301, делница: Охрид – Свети Наум, било добиено на 13.10.2023 год. со што Изведувачот можел да започне со работите на терен.„Активностите се...







