Автор: Маја Савиќ
Post Views: 98 Охридскиот народен театар утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет, во режија на Сашо Миленковски. „Чекајќи го Годо“ е едно од клучните драматуршки дела на 20 -тиот век. Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски и Павел Маслов под режисерската палка на Миленковски со оваа претстава сакаат, во денешно време на вештачка интелигенција, да го свртат вниманието кон изворната сила на театарот.„ Многу се мислевме дали е ова адекватниот текст за ова време кога децата се навикнати на 14 секунди тик-ток видеа, ние да ги...
Нелегалниот улов кој го запленува езерската полиција е само врв на ледениот брег
Post Views: 84 Осум рибарски мрежи со должина од по околу 100 метри, со улов од 93 парчиња риба, со вкупна тежина од 11.4 килограми, заплени полицијата во последната акција против рибокрадци.„Мрежите со уловот се пронајдени по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ на потегот од плажа „Дебрца“ до плажа „Версус“ – Струга, на околу 1000 метри од брегот на езерото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Спортските риболовци...
Планинската спасителна служба Охрид на конгрес на ICAR го претставува Националниот Сојуз
Post Views: 72 Делегација од Планинската спасителна служба Охрид (Ohrid red cross – Mountain Rescue Service) оваа година го претставува Националниот Сојуз за планинско спасување (НСПС) на годишниот конгрес на ICAR (International Commission for Mountain Rescue), кој се одржува деновиве во Тоблах, Јужен Тирол.„Конгресот започна со практичен ден, на кој се разменуваат вештини и практични искуства од светот на планинското спасување. Оваа година, акцентот беше ставен на неколку различни техники за спасување од карпа со примена на алпинистички техники, како и неколку методи за...
Нема реална закана за безбедноста во државава, оценува Министерката за одбрана
Post Views: 82 Во Македонија во моментов не се лоцирани закани по безбедноста на државата и на граѓаните, вели Министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Институциите, службите, безбедносно – разузнавачката заедница будно ги следат актуелните воени конфликти во Израел и Газа, како и војната во Украина, разменуваат информации и на национално ниво и во рамките на НАТО алијансата и се подготвуваат доколку се лоцира предизвик соодветно да одговорат, изјави министерката.„Секогаш кога се отвора нов воен конфликт низ светот, тој предизвикува одредени проблеми, пореметувања во постојаното...
Маричиќ: Туризмот е на врвот на приоритетите на Европската Унија
Post Views: 80 Нема посоодветно место од Охрид за темата „Негување на културното наследство и природната убавина за одржлив туризам.” Токму Охрид ни ги носи Европа и светот дома кај нас. Европа го препозна Охрид како едно од најатрактивните туристички одредишта. Како еден од најдинамичните економски сектори, туризмот е на врвот на приоритетите на Европската Унија, ЕУ на туризмот гледа како на исклучително значајна економска активност, со широко влијание врз економскиот раст, вработувањето и целиот општествен развој. Охрид оваа година ќе ја запише како една од најуспешните, ако не и...
ФАО: Сите ние треба да престанеме да ја земаме водата здраво за готово
Post Views: 92 Водата е од суштинско значење за животот на Земјата. Сочинува над 50% од нашите тела и покрива околу 71% од површината на Земјата. Само 2,5% од водата е свежа, погодна за пиење, земјоделство и повеќето индустриски намени. Водата е движечка сила за луѓето, економиите и природата и основата на нашата храна. Но како и сите природни ресурси, слатката вода не е бесконечна.Светскиот ден на храната, 16 октомври, оваа година го слави еден од најскапоцените ресурси на планетата: водата.72% од слатката вода на планетва се користат во земјоделието. Според Кју Донгју,...
Празник на детето во ОУ „Григор Прличев“ Охрид
Post Views: 102 Денеска 134 првачиња во ОУ „Григор Прличев“ гласно ја кажаа заклетвата за прием во Детската организација. Училишниот двор бликаше од радост на свечената приредба со која се заокружи одбележувањето на Светската недела на детето. Училиштето изминатава недела под мотото “ИМАМ ПРАВО ДА ЖИВЕАМ СРЕЌНО И ЗДРАВО” со низа едукативни, креативни и забавни содржини им го приближи значењето на детските права и обврски на своите ученици.„Детската недела, првата недела од месец октомври, училиштето ја одбележа со низа активности почнувајќи со спортскиот ден, за...
Два километри рибарски „мрежи духови“ извадени од Охридско Езеро
Post Views: 95 За само четири дена од Охридското езеро извадени 70 тина рибарски мрежи, на локалитети од Заум до полуостровот Градиште на длабочина од 5 до 35 метри каде се наоѓаат природни мрестилишта на охридската пастрмка. Акцијата ја спроведе ЈНУ Хидробиолшки завод со партнерите НЦ Амфора од Охрид и меѓународната организација Healthy Seas во рамки на пилот проектот за заштита на Охридското Езеро од феноменот „мрежи духови“. Во овие напуштени или изгубени мрежи во езерото се заплеткува се што ќе помине покрај нив и низ нив, од риби, краби и ракови, птици како мал корморан и...







