Автор: Маја Савиќ
Post Views: 244 Според извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата во Општина Охрид за првите шест месеци од годинава безбедносната состојба е стабилна. Градските советници на последната Седница го усвоија извештајот поднесен од Командирот на СВР Охрид. Координаторката на советничката група од СДСМ и Коалицијата, Живка Ангелоска побара подетални информации за реалните состојби, за проблемите со кои се соочува полицијата во извршување на задачите при одржување на јавниот ред и мир и регулирање на сообраќајот. Таа посочи дека...
Реализација на програмите од буџетот – дали некои се поприоритетни од други
Post Views: 178 Градскиот совет ја одржа 61-та седница со обемен дневен ред од 85 точки. Советот ги усвои извештаите за реализација на годишните и развојните програми и за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 1-ви јануари до 30-ти јуни.Буџет со средства за манифестации, трансакции, фестивали, спорт, тоа е основата којашто е водечка во извештајот и во овој буџет, истакна советничката од СДСМ и коалицијата. Живка Ангелоска. Таа посочи дека многу е мала реализацијата на капитални проекти од сопствени средства, доколку се изземат проектите кои, како што рече, 4...
Миланка Новеска Густавсон се враќа во родниот Охрид со концертот Времеплов
Post Views: 874 Oперската пејачка Миланка Новеска Густавсон, која живее и работи во Шведска по пауза од неколку години повторно ќе настапи во родниот Охрид.Мецосопранот Новеска заедно со нејзината колешка, сопранот Тина Ристеска придружувани од пијанистката Ана Велиновска утревечер ќе одржат концерт насловен „Времеплов“ во волшебниот акустичен амбиент на црквата „Св. Софија“.„Многу се радувам што ќе имам прилика да настапам во мојот роден крај Охрид, многу си го сакам. Посебно ме радува дека во Св Софија ќе имам можност да пеам , ми е многу мило затоа што тоа е еден...
Продолжија археолошките истражувања на локалитетот „Рајца Манастирите“ на Љубанишко поле
Post Views: 188 По пауза од 10-тина години продолжија археолошките истражувања на локалитетот „Рајца Манастирите“ на Љубанишко поле.Археолошките истражиувања на овој простор ги започнал археологот Владо Маленко во далечната 1971 година кога при изградба на локален пат случајно бил откриен дел од објект. Опсежни археолошки истражувања стручни тимови на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид спроведуваа во 2013-2014 та година . Тогаш беа откриени делови од градежни структури на два објекти, базилика и во близина на 200 метри и римски објект од профан карактер, вила...
Започна 58. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид
Post Views: 240 Шеесеттина македонисти и слависти од 17 држави се дел од 58-та Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Кирил и Методиј“ што започна денеска во Охрид. Овој настан е доказ за бесмисленоста на негирањето на македонскиот јазик, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.– Денеска ние сите ќе зборуваме на Македонски јазик, ама и сите ќе не разбираат на Македонски. Блаже Коневски велеше дека јазикот е татковината, а Бернард Шо, познатиот Ирски драматург вели дека се можете да смените, само...
Маркетите треба да ги означат домашните земјоделски производи за да се разликуваат од увозните
Post Views: 166 За брзо време купувачите во маркетите при купувањето ќе знаат кои земјоделски производи и нивни преработки се домашни македонски, а кои од увоз. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е во фаза на доставување ознаки до маркетите ширум државата за обележување на домашните земјоделски производи и преработки во рамки на кампањата „Македонско најдобро“„Кампањата има примарна цел да имаме јасна видливост на тоа што значи домашно македонско производство и она што значи од увоз. Самиот потрошувач да биде ставен во една ситуација да може да...
Ohrid Water festival по трет пат ќе ги спои водените спортови, еколошката едукација, музиката и гастрономската понуда од охридското поднебје
Post Views: 221 Ohrid Water festival по трет пат ќе ги спои водените спортови, еколошката едукација, музиката и гастрономската понуда од охридското поднебје. Организатористе со подршка од општината и спонзорите и годинава подготвија богата програма со која создаваат незаборавно летно искуство во Охрид и ги издигнуваат водените спортови на едно повисоко ниво, истакна Претседателот на фестивалот Никола Вретоски.„Оваа година од 16-ти до 30-ти август нашиот фестивал нуди рекордна програма со над 20 спортски настани кои ќе ја исполнат охридската ривиера со адреналин,...
Инклузивен и одржлив туризам се во фокусот на два проекти кои Општина Охрид ќе ги реализира со поддршка на ЕУ
Post Views: 192 Општина Охрид ќе реализира два проекти поддржани од програмите на ЕУ за прекугранична соработка, насочени кон развој на туризмот. Станува збор за проектите Авантура преку границите и РЕЦИРКЛ МЕД.Активностите во проектот „AdvenTour II, Авантура преку границите“ се насочени кон развивање на туризмот за лица со посебни потреби. Проектот е во програмата на Интерег ИПА за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција 2021-2027 и за негова реализација Општина Охрид има на располагање 187 000 евра.„ Преку овој проект покрај т.н меки мерки како изработка...
Ангелоска: Хаос, безредие, контролирана попустливост, панаѓур со сите нишани, Охрид ја живее една од најлошите туристички сезони
Post Views: 210 Според укажувањата од угостителите, трговците во чаршијата, приватните станоиздавачи Ја живееме една од најлошите туристички сезони, рече советничката Живка Ангелоска на денешната седница на Совет. Хаос, безредие, една контролирана попустливост, панаѓур за глас плус со сите нишани, со овие зборови Координаторката на опозиционата советничка група на СДСМ и коалицијата ја опиша сезоната.„ Четири години барам да се разретчат и да се дислоцираат оние импровизирани куќарки, исто така импровизираните тезги, боксови и реквизити и се она што го има на кеј...
Советот изгласа ребаланс на Буџетот на Општина Охрид за 2025 год
Post Views: 199 Опозицијата со критка дека ребалансот на буџетот на Општина Охрид кој помина во Советот на денешната седница, е ветување на харија кое наликува на предизборен поткуп координиран од страна на централната власт преку скандалозниот унгарски кредит. Проектите кои ќе бидат финансирани со средства од унгарскиот кредит сака да се прикажат како инфраструктурен бум , како ренесанса, ама најголем дел од тоа претставува асфалтирање на улици, реконструкција на улици и канализациона мрежа, кажа координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата, Живка Ангелоска.„...
Регулаторната комисија бара да ја одредува крајната цена на водата
Post Views: 219 Состојбата на јавните водоводни претпријатија во државата може да се подобри доколку Регулаторната комисија ја определува крајната цена за секоја водна услуга, смета Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Марко Бислимоски.„Ние во изминатиот период во соработка со водоводните претпријатија во државата кои што имаат свое здружение, ‘АДКОМ’ се усогласивме и работиме на доставување на заеднички предлог за измени и дополнувања на најверојатно два закона со кои што ќе се овозможи РКЕ да ја...
Вредна донација во медицинска опрема за ЈЗУ „Св. Еразмо“ – Охрид
Post Views: 213 ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид доби вредна донација во медицинска опрема и помагалa обезбедена на иницијатива на Градоначалникот Кирил Пецаков во соработка со иселеници во Швајцарија.Болницата „Св Еразмо“ претставува врвен медицински бренд со долга традиција, стручен кадар, современи медицински третмани, кој е гордост на Охрид и на македонскиот здравствен систем и секогаш треба да ја има нашата безрезервна поддршка но и внимание, истакна градоначалникот Пецаков на денешното предавање на донацијата која се...