Автор: Маја Савиќ
Post Views: 253 Постапката за спојување на охридските јавни претпријатија „Градски пазар“ и „Градски гробишта“ треба да биде завршена најдоцна до септември годинава. Ова денеска го кажа секретарот на Општина Охрид Александар Китески на 11-тата седница на Советот, на која советниците расправаа за избор на нови членови во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија. На дневен ред имаше 29 точки, а единствената кратка дискусија се водеше токму околу оправданоста од именување нови управни и надзорни одбори во претпријатијата кои веќе се наоѓаат во процес на спојување.„Поентата...
Катја Крстаноска освои прва награда на меѓународен натпревар по пијано во Србија
Post Views: 248 Уште еден значаен меѓународен успех за младите музички таленти од Охрид. Катја Крстаноска, ученичка во ООМУ „Методи Патче“ – Охрид, освои Прва награда на XIII Меѓународен натпревар за пијано во Смедерево, Србија.На престижниот музички натпревар учествуваа повеќе од 300 млади пијанисти од 30 земји од светот, а Катја настапи под менторство на својата професорка Ана Ѓорѓиоска.Во силна конкуренција од 35 натпреварувачи во својата категорија, младата пијанистка се претстави со извонреден настап и остави одличен впечаток кај меѓународното жири, кое ја награди со високи...
Со „Маски“ на театарската група на Црвен Крст Охрид вечерва започнува 11-тото издание на „Вдиши театар“
Post Views: 242 Со претставата „Маски“ на театарската група на Црвен Крст Охрид вечерва започнува единаесеттото издание на Меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“. Претставата во авторство и режија на Емилија Блажеска, Јованка Сион-Доленц, Весна Терзиоска и Даниел Наумоски ќе биде изведена во предворјето на црквата Света Софија со почеток во 20:30 часот.„Маски“ е претстава за една генерација што живее како се да е во ред, а внатре е преплашена, осамена и уморна. Сакавме да покажеме колку се носат маските секојдневно и колку истите понекогаш не дозволуваат да...
Промовирана „Охридски преданија од иднината“ од проф. д-р Анис Сефиданис
Post Views: 253 Охрид каков што никогаш досега не сме го виделе, град во кој вештачката интелигенција, роботите и холограмите живеат рамо до рамо со луѓето, а древните преданија добиваат нов живот низ призмата на иднината. Токму ваква визија нуди книгата „Охридски преданија од иднината“ од проф. д-р Анис Сефиданис, која денеска беше промовирана во Прличевата одаја на Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.Станува збор за македонско-англиско печатено издание кое преку научно-фантастични раскази инспирирани од охридските преданија, културното наследство и современите технологии го...
„Вози велосипед, уживај и промовирај“: Охрид испрати порака за здрав живот и еколошкa урбанa мобилност
Post Views: 225 Денеска по повод Светскиот ден на велосипедизмот, се одржа третото издание на ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и промовирај“. Стотина ученици и наставници од средните училишта, граѓани, рекреативци и претставници на локални фирми се дружеа, промовираа здрави животни навики и возење велосипед како еколошка алтернатива за транспорт во урбаните средини. Воедно реализираа и бизнис идеа за иновативен начин на пренесување маркетинг пораки од локалната бизнис заедница. Организатор на настанот е Здружението за едукација, култура и младински активизам во соработка со СОСУ...
Со премиера на претставата „Оркестар Титаник” Народниот театар Охрид ќе прослави 15 години постоење
Post Views: 396 Со ретроспективна изложба и премиера на театарската претстава -“Оркестар Титаник ” утре ( 3 јуни ) Народен театар Охрид ќе ја одбележи 15 годишнината од основањето.Зад театарот стојат години исполнети со предизвици, креативни процеси, успеси и лични и професионални растења на актери кои ја граделе сцената во Охрид. Публиката отсекогаш била главната инспирација за ансамблот на охридскиот театар, истакна на денешната прес-конференција актерот и директор на Центарот за култура, Горан Стојаноски.„ 15 години од, да се изразам, едно клокотење. А зашто го...
Сè повеќе млади во Македонија користат цигари и никотински производи
Post Views: 310 Македонија се соочува со сериозен товар поврзан со пушењето и никотинската зависност, а особено загрижувачки се податоците што се однесуваат на младите. Речиси половина од возрасната популација во државата пуши ( 45,4 проценти), што е двојно повеќе од европскиот просек кој изнесува 23 проценти. Уште поалармантен е фактот што дури 70 проценти од пушачите започнуваат со оваа навика уште во адолесцентниот период.Истражувањата покажуваат дека 30,6 проценти од учениците на возраст од 13 до 15 години веќе пробале цигари или друг тутунски производ, а 12,4 проценти активно...
Кирил Пецаков со честитка по повод Курбан Бајрам
Post Views: 229 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод големиот празник Курбан Бајрам.„Во мое лично име и во име на локалната самоуправа, на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честитам Курбан Бајрам, со искрени желби за мир, здравје, благосостојба и спокој во секој дом“, се наведува во честитката.Пецаков истакнува дека празникот ги потсетува граѓаните на вистинските вредности, човекољубието, хуманоста и меѓусебната почит, нагласувајќи дека соживотот треба да се негува секојдневно преку разбирање,...







