Автор: Маја Савиќ
Post Views: 77 ОВР Струга поднесе кривична пријава против 39 годишен жител од Ресен поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „прикажување порнографски материјал на дете”, информираат од СВР Охрид.“Тој, на 19.03.2023 на повеќе малолетници на 11 – годишна возраст од Струга, преку видео повик на апликацијата Вибер, им покажувал недолични содржини.” – се вели во соопштението од СВР Охрид.
Оперската дива Георгиу ќе го отвори Охридско лето, Џон Малкович во театарската програма
Post Views: 156 Светската оперска дива, сопранот Ангела Георгиу од Романија и оркестарот на Националната опера и балет на Романија под диригентската палка на Теодорашку Артаманов, на 12ти јули, со грандиозен концерт на сцената на Античкиот театар ќе го отворат 63тото Охридско лето.„Фестивалските вечери на годинашното издание ќе донесат уметност значајна за културниот развој, како на Охрид, така и на целата држава. Ќе создадеме уште едно неповторливо доживување за нашата верна публика. Секое возвишено и успешно издание на „Охридско лето“, почнува со најголемите, најславните,...
Во Охрид денес сончево со мала облачност
Post Views: 8.103 Сончево со мала до умерена облачност и релативно топло ќе биде времето денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи.Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и дневна температура кооја ќе се искачи до 20 степени.
На 100 000 работници тројца гинат, 21 потешко се повредуваат во 2022
Post Views: 118 Во 2022 година се забележани вкупно 169 несреќи при работа во Македонија.„Оваа бројка е конзервативна и во голема мера не го отсликува вистинскиот број на потешки несреќи на работното место, кој во просек според податоците на Институтот за Јавно здравје до 2020 година е некаде околу 1500 потешко повредени на годишно ниво.“ – велат од Македонското здружение за заштита при работа.22 потешки несреќи на работното место биле со фатални последици. Според податоците на Македонското здружение за заштита при работа стапката на смртни случаи при работа во Македонија...
УНЕСКО статусот повторно виси на конец
Post Views: 104 Агресивната и неконтролирана урбанизација и дивоградбите се едни од главните закани по Исклучителната универзална вредност на природното и културното наследство на Охридскиот регион. Целосно отстранување на дивоградбите кои имаат негативно влијание на заштитеното добро под капата на УНЕСКО, зауздување на урбанизацијата и стопирање на крајбрежните трансформации се препораки на чие исполнување Реактивните мониторниг мисии (2017 и 2020) , експертските тела на УНЕСКО и Комитетот за светско наследство инсистираат и ги нотираат како итни скоро 6 години. А на терен проблемот со...
Минималната плата од март ќе биде 20.175ден
Post Views: 72 Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од месец март ќе изнесува 20.175 денари.„Ова значи дека граѓаните добиваат повисоки плати за над 2000 денари. Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната плата.“ – велат од МТСП.Секоја година во месец март минималната плата се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на...
Црвен крст Охрид најдобар во Македонија
Post Views: 95 ОО Црвен Крст Охрид најдобар во Македонија. Охридската хуманитарна организација и годинава, по четврти пат е добитник на највисокото признание во рамки на Националната програма „Црвен Крст во акција – промоција на хумани вредности“. 22 младинци волонтери со четворица ПХВ ментори изработија 4 проекти за подигнување на еколошката свест кај своите врсници, уредија парк, изградија дом за тричлено социјално ранливо семејство, креираа мултиетнички хор и ја олеснуваа социјализацијата на дечиња од социјално најзагрозените групи во Охрид. Поради тоа го добија Пехарот...
Стари проблеми со такси превозот во Охрид
Post Views: 110 Проблемите со такси превозот во Охрид и по завршување на туристичката сезона продолжуваат. Во рамки на рубриката „ Ти си твојот град “ на ТВМ продолжуваат да пристигнуваат жалби и поплаки за услуги на поединечни такси превозници. Милосав Павловски со својата сопруга , во поодминати години, кога ќе слезат од стар град секогаш се во неизвесност дали ќе најадат такси превоз да се вратат дома.Последното негативно искуство било пред неколку денови кога во доцните вечерни часови кај пристаништето побарале од двајца таксисти да ги превезат до стариот дел од градот,но добиле...







