Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Водовод Охрид

Регулиран пазар на струја за спас на ЈП Водовод

Post Views: 111 Состојбата со сметките за потрошена електрична енергија на ЈП „Водовод“ Охрид е алармантна.  Директорот до градскиот свет денеска достави информација за сериозноста на предизвикот со кој се соочува претпријатието.Приближно 1 милион евра е сумата која треба да ја плати претпријатието за потрошена електрична енергија за последните три месеци. Фактурата за месец август е во висина од 21 милион денари,  сума која ги надминува вкупните приходи на претпријатието. Во 2020 година толку изнесувал вкупниот трошок на п-то за потрошена електрична енергија...

Продолжи со читање

Бабаче Андоновски

ГРК Охрид ќе го пречека шампионот Вардар

Post Views: 59 Тренерскиот дел од градскиот ракометен клуб Охрид нестрпливо го очекува дуелот со шампионот Вардар. Подготвени се да покажат дека напорното тренирање, видео анализи и како што велат „спиењето во сала“ ќе даде плод и ќе прикажат модерен ракомет со жестоко темпо и фанатична игра во одбрана со дадени 200 проценти од можностите. Тие ќе дадат се од себе а го очекуваат истото и од верната охридска публика.Оваа година од никого не се плашиме, ќе одиграме одличен натпревар. Можеме и да изгубиме 10 разлика, а можеме и да победиме. Даваме се од себе на тренинзи и натпревари...

Продолжи со читање

Кардиолошка болница Охрид

40 години Охридска кардиолошка болница

Post Views: 119 Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ го одбележа својот 40 годишен јубилеј. Четири децении грижа за срцата на граѓаните која започна од група ентузијасти како истурена единица на интерното одделение од охридската болница со помош на еминентни професори од Клиниката за кардиологија во Скопје, а денеска е реномиран регионален центар.На свеченоста која се одржа синоќа во катедралната црква Св Софија, директорката на Болницата Елена Коваческа Башуроска во својот говор хронолошки се осврна на клучните...

Продолжи со читање

Кардиолошки завод

Кардиолошки центар Св. Стефан се реновира и опремува

Post Views: 191 Во ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид во тек е монтирање на новиот ангиограф добиен преку Министерството за здравство како замена на стариот кој е вон функција. Оваа установа е една од 4-те во државава која има ваков апарат кадешто над 2000 пациенти годишно од југозападниот регион како и од Ресен и Битола добиваат дијагностички и интервентни процедури. Новиот ангиограф ќе значи подобрување на квалитетот услуги во одделот за Интервентна кардиологија и намалување на листата на чекање.Болницата периодов ги подобрува условите за...

Продолжи со читање

Пречистителна станица

Колекторот е проектиран за 120 000 жители

Post Views: 77 „Капацитетот на колекторскиот систем е доволен за заштита на езерото во делот каде што тој е спроведен. Тој е проектиран за потребите на 120 000 жители. Охрид и Струга заедно и со туристите во летниот период не бројат толку луѓе, но проблем е таму каде што нема покриеност со колектор“, вели директорот на ДЈП „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски. Претпријатието работи на решавање на тој проблем преку изработка на проекти од шпанска консултантско проектантска фирма ИДОМ, за што е добиен грант од 920 000 евра неповратни средства преку Шпанското...

Продолжи со читање

Младите во фокусот

Охрид дел од иницијативата Младите во фокусот

Post Views: 74 Да се поттикне соработката меѓу локалната и централната власт, со вклученост на граѓанскиот сектор во доменот на младит, со цел нивно поголемо учество во креирање на општествените политики и подобрување на нивната положба е целта на Иницијативата „Младите во фокусот“ на Клубот за младински прашања и политики при Собранието на РСМ.Координаторката на Клубот, пратеничката Моника Зајкова и претставникот на Институтот за добро управување и евроатлански перспективи Бојан Кордолов денеска остварија средба со локалните чинители во младинските политики во Општина Охрид. Од...

Продолжи со читање

Колекторски систем

ДЈП Колекторски систем нема да дозволи излевање на фекалии

Post Views: 80 Еколошка катастрофа на Охридското езеро со влевање на нетретирани води и поплавување на улиците во Охрид и Струга со фекалии, поради исклучување на колекторот за неплатени високи сметки за струја, ДЈП „Колекторски ситем“ во никој случај нема да дозволи и граѓаните можат да бидат сигурни во тоа, уверува директорот Владимир Алексијоски. Фактурите за струја се со астрономски суми, последната за месец јули е 9 мил. денари, а истиот месец лани сметката изнесувала 1,6 мил. денари. Тоа е зголемување на трошокот за 700% односно 7 пати повисока сума. Ако се земе предвид...

Продолжи со читање

Седница на Совет

Изгласан планот за вработување на ЈП Билјанини извори

Post Views: 172 Мнозинството во Советот денеска даде согласност на планот за вработување на ЈП „Билјанини извори“ за 2023 година. Годишните планови за вработување во јавните претпријатија и општината скоро никогаш не поминуваат без дискусија на Совет, па така беше и овој пат. Координаторката на советничката група на СДСМ посочи дека планот за вработувања во јавното претпријатие во услови на економска и енергетска криза би требало да е поскромен.Имено во планот за вработување за 2023 година предвидено е упразнување само за едно работно место, по законски основ односно заминување во...

Продолжи со читање