Автор: Маја Савиќ
Post Views: 69 Инвеститори од државава и од странство се заинтересирани за вложување во фотоволтаични електрани во охридско, но се откажуваат поради ограничување од „Планот за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот регион“.Според планот, урбанизацијата на просторот вон опфат на урбанистички план е ограничена на 40% искористеност од вкупната површина на парцелата, што ја прави инвестицијата во фотоволтаични системи економски неисплатлива. Поради тоа Советот на Општина Охрид на денешната седница усвои одлука со која парцели на кои би се поставувале...
Гладијаторите подготвени за дуелот со Прилеп
Post Views: 79 По минималниот стартен пораз од Бутел, новиот проект на ГРК Охрид на свој терен треба да го покаже својот квалитет против Прилеп. Новиот ростер на играчи секој ден се повеќе се воигрува и преостанува времето да го покаже квалитетот што го поседуваат гладијаторите. Играчите нескриено потенцираат дека се фаворити на утрешниот дуел.Утре ни доаѓа екипата од Прилеп која воопшто не е за потценување. Составена е од неколку искусни играчи и млади играчи кои сакаат да се докажуваат. Имаат добра транзиција и треба добро да изиграме во одбраната. Со лесни...
Жестока расправа за Мауцкер
Post Views: 128 Со 13 гласови „ЗА“ и 4 „Воздржани“ Советот ја усвои Предлог Програмата во областа на располагањетo со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2022 година. Оваа точка на дневен ред предизвика жестока расправа на денешната седница во која се вклучија и претставници на невладини организации кои ја следеа работата на советот. Советничката од Левица, Виолета Аврамоска, која поднесе 82 амандмани на точката, во своето излагање истакна дека амандманите се со единствена цел да се блокира точката при што побара од предлагачот да ја...
Истекуваат отпадни води кај едрличарски сојуз
Post Views: 78 Водата која истекува од цевката пред eдриличарски сојуз кај Мазија се уште е директен загадувач на езерото . Од цевката во езерските води и понатаму со атмосферска вода се влеваат и отпадни води од канализацијата. Ова го покажале последните испитувања на примероците вода земени на овој потег исвршени од страна на Центарот за Јавно здравје.„На ден 12.08.2022 година во присуство на Инспектор од ДСЗИ-Охрид д-р Августина Мијалкова земен е примерок вода од цевката од која треба да се излива атмосферска вода како и десно од цевката на растојание од 50-80ц. од езерската вода....
Проф. Сефиданис: Материјалната штета е неважна во споредба со духовната
Post Views: 105 Нецели два дена откако беше поставен, споменикот на Григор Прличев вандализиран и онеспособен од функција. Непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави не успеале. Случајот бил веднаш пријавен во СВР Охрид. По насока на јавен обвинител, на местото на настанот, увид извршиле полициски екипи. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна...
Поставена изложбата Остров на осаменост
Post Views: 74 Во галеријата „Куќата на Робевци“ поставена е изложба на цртежи од авторите Лидија Вујисиќ, Мирко Вујисиќ и Сашо Блажес. Изложени се 40-тина дела изработени во различни цртачки техники и медиуми. Заедничката поставка на уметниците е насловена „Остров на осаменост“.Со професорите Мирко и Лидија Вујисиќ соработуваме подолго време. Во 2017 година во улога на куратор учествував во подготовката на нивната изложба „Мултиплицирани реалности“. А овој пат дојдов до идеја, поради корона пандемијата и периодот на затвореност, всушност „Остров на осаменост“ е паралела на карантинот...
Цените нови, такси услугата по старо
Post Views: 70 Охридските таксисти не возат на пократки дестинации и ова лето, прво прашуваат „до каде“ па потоа одбиваат патници, дремат на постојка и велат дека не се слободни освен ако барате превоз до некоја плажа, ниска хигиена, груб однос со клиентите, скапа услуга. Ова се само дел од забелешките за такси превозот кои ги посочија граѓаните во Анкетата која ја спроведе ТВМ.65 % од анкетираните одговориле дека генерално не се задоволни од такси превозот во Охрид, 20 % дека се многу незадоволни, а само 14 % се задоволни од такси услугите.43 % од анкетираните одговориле дека...
ОЕМУЦ успешен пример кој треба да се следи
Post Views: 66 Со 14 смарт табли, се модернизира наставниот процес во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Со овие технички помагала ќе бидат опремени скоро сите училници во центарот со што ќе се подигне квалитетот на наставата по сите предмети.Со несмалено темпо се движиме кон унапредување и модернизирање на наставата во нашиот училишен центар. Значи современата технологија директно се применува во наставата. Професорите во текот на месец август ќе бидат обучени за користење на паметните табли во наставата по сите предмети – истакна Сашо Недески, директор на ОЕМУЦ „Св. Наум...







