Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Пица мајсторот Дејан Трајанов Чеде

Пица мајсторот Дејан Трајанов Чеде на светски шампионат

Post Views: 78 Дејан Трајанов Чеде е еден од најдобрите пица мајстори во Македонија. Правењето совршена пица го започнал како хоби, а го усовршил кај маестро Зоран Јованоски Паламаро на лиценцираната Академија за пица мајстори. Тој е длабоко навлезен во техниките за правење Пица Наполетана и Пица контепоранија или модерна наполитанска пица. Во државава на рака можат да се избројат мајсторите кои ги прават овие видови пица. Чеде е еден од нив и ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во правење пица кое на 25 и 26 април ќе се одржи во Рим, Италија.„Јас во оваа професија...

Продолжи со читање

Санација Плоча Миќов град

Санација на Плоча – Миќов град

Post Views: 85 Активностите за санација на реконструираните праисториски објекти од локалитетот Плоча Миќов град кај Градиште се во тек. Во следните месеци ќе се извршува континуирана обнова на сите оштетени делови од куќичките и огништата кои се презентирани во овој музејски комплекс. Планираните активности се реализираат под раководство на конзерваторот Ванчо Димоски од Националната установа Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид.

Продолжи со читање

Охридската библиотека премина во отворен тип

Post Views: 84 Во пресрет на 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од денеска од затворен преминува во отворен тип на Библиотека.Читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот.Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.Работното време на Библиотеката со читатели останува исто од...

Продолжи со читање

Охрид урбанистички предизвици

Урбанистичките предизвици пред локалната власт

Post Views: 108 186 урбанистички плански документации се започнати, а не се завршени, од кои најстариот датира од пред 20 тина години. Ова го обелодени градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков одговарајќи на советничко прашање за состојбата со урбанистички планови кои се во фаза на постапување или се во фаза на поднесени иницијативи.„Добар дел од урбанистичките планови се во хартиена форма. Разговарајќи со претставниците од Министерството за транспорт и врски , Агенција за просторно планирање, најверојатно тие планови кои се во хартиена форма ќе треба да се почне наново постапка, зошто...

Продолжи со читање

Поскапе такси превозот

Поскапе такси превозот во Охрид

Post Views: 149 Охридските советници им излегоа во пресрет на барањата на такси превозниците за поскапување на услугата. Денеска на Седница на Совет беше изгласана одлука со која поскапе такси превозот. Цената на услугата за првиот километар е 50 денари, а секој следен километар во период од 5 ласот наутро до 23 часот ќе се наплаќа по 35 денари а од 23 часот до 5 часот наутро по 45 денари. Основано е барањето на такси превозниците со оглед на покапувањето на горивата и во интерес на градот е компаниите да се справат со предизвиците и да имаат континуитет во работата, кажа советничката од...

Продолжи со читање

Реконструкција на Улицата Македонски Просветители

Започна третата фаза на Македонски Просветители

Post Views: 171 Денеска започна изведбата на третата фаза од реконструкцијата на улицата Македонски Просветители. Градежните зафати се одвиваат според предвидената динамика и Градоначалникот Кирил Пецаков е оптимист дека ќе бидат завршени во предвидениот краен рок за изведба, 1-ви јуни.„Имаме чести состаноци и со изведувачот , и со надзорот и сите останати служби коишто се вклучени во реализација на проектот бидејќи сите јавни претпријатија се вклучени во самата изградба. Во однос на фазите , во втората фаза, ние до 15ти март го завршивме она што е наша обврска. А за третата фаза која...

Продолжи со читање

Штрајк за минималец

Штрајк за минималец во управата и правосудството

Post Views: 68 Судските службеници во Охрид денеска излегоа на предупредувачки двочасовен штрајк за минималец пред Основниот Суд. На тој начин тие се приклучија на протестот кој го организира Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) низ цела држава. Бараат исплата на минималната плата веднаш за сите вработени кои во овој момент се под законскиот минимум и линерано зголемување на сите останати плати за износ од 2806 денари.„Скоро сите вработени од Г категорија вработени, референт, помлад , виш и самостоен референт се сите со примања...

Продолжи со читање

ГРК Охрид

ГРК Охрид со нетрпение го очекува РК Тиквеш

Post Views: 80Со многу емоции ракометарите на ГРК Охрид го очекуваат следниот натпревар од суперлигашкиот плејоф. На гости доаѓа Тиквеш, екипа од која загубија на гостински терен во дуел кој имаше и трето полувреме по кое суспензија добија Михајло Младеновиќ и тренерот Раде Стојановиќ. Но што било поминало, со ладни глави, голема мотивираност и борба за секоја топка мора да се дојде до победа истакнува еден од учесниците на немилиот настан.„Морам да кажам дека Тиквеш е добра екипа, квалитетна со многу квалитетни играчи. Мислам дека треба да го дадеме максимумот да дадеме 120 %...

Продолжи со читање