Автор: Маја Савиќ
Post Views: 155 Кадетите на ГРК Охрид по освојување на првото место во групата со Струга, Енхалон и Сани и победатата на гости над Еурофарм Пелистер во борба за трофеј. Тие обезбедија место меѓу најдобрите 4 екипи во Македонија. Сега ги очекуваат најтешките две препреки до шампионскиот трофеј, полуфиналето против Бутел и евентуалното финале против подобриот од дуелот Алкалоид- Пролет. Сите четири екипи имаат изедначен квалитет со тројца до четворица големи таленти во екипата па предноста најверојатно ќе се бара во детали како што е поддршката од трибините.„Огромна благодарност до...
Од денеска покачен минималец
Post Views: 70 Од денеска започнува исплатата на минималната плата од 18 000 денари. Како што наведува Владата, покачен минималец ќе добијат 80 илјади вработени од различни дејности. Минималецот, според последните законски измени, е зголемен за 2 800 денари од претходниот, чија сума изнесуваше 15 200 денари.Договорот за покачен минималец беше постигнат во дијалог на Владата со бизнис заедницата, синдикатите и сите засегнати страни во изминатиот период. Утврдена е и методологија со која минималната плата континуирано ќе расте. посочуваат од Владата.„Дефинирано е дека висината на...
Македонија ќе набавува гас од САД
Post Views: 181 Северна Македонија, како и другите земји на Западен Балкан, ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас (LNG) и хидроген што вчера го договорија ЕУ и САД, информира владата.Ова е резултат на политиката на солидарност во овие времиња на предизвици во кое заедничката стратегија дава резултати, се вели во заклучоците на Европскиот Совет.„Благодарение на оваа стратегија за справување со последиците од војната и енергетската криза Северна Македонија станува дел од оваа платформа на ЕУ за заедничко купување течен природен гас од САД за да се ослободиме...
Санација на плоштадот кај Мини маркет
Post Views: 68 Општина Охрид ќе ги санира оштетувањата на јавните добра и урбана опрема на повеќе локации меѓу кои и Плоштадот кај Мини маркет за чија запуштена состојба реагираа граѓаните преку рубриката „Ти си твојот град“ на ТВМ.Граѓаните бараат санација на плоштадотСлужбите на Општина Охрид извршиле увид и ја утврдиле состојбата во која се наоѓа плоштадот кај Мини маркет, како и пешачките патеки канал Студенчишта – хотел Парк, Лабино – Канео, Лабино – Воска – Даљан, детските и повеќенаменските игралишта на цела територија од Општината.Врз основа на затекнатата...
Насоки за етичко известување кои вклучуваат и родово сензитивни медиумски содржини
Post Views: 180Овие Насоки претставуваат професионални упатства наменети за уредниците/чките, новинар(к)ите и сите други креатор(к)и на содржини кои работат во ТВМ, а со цел да помогнат во развивање силен и кредибилен систем на саморегулација и да го зајакнат независното, професионално и одговорното новинарско известување. Насоките се однесуваат и на сите информации и содржини што ТВМ како медиум ги пласира и на своите профили на социјалните мрежи или на другите интернет платформи.Сите вработени ќе бидат запознаени со содржината на овие Насоки и треба да ги почитуваат во текот...
Етички кодекс на ТВМ
Post Views: 203 Член 1ТРД „ТВМ“ Арнаудов Михајло Охрид ДООЕЛ го донесува овој Етички кодекс кој ги уредува етичките правила на однесување внатре во колективот и кон заедницата, а се однесува на сите личности вработени во претпријатието по било кој правен основ.Член 2Тргнувајќи од својата улога во градењето на демократијата и штитењето на јавниот интерес, со извршување на својата основна задача, правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на РСМ, ТВМ настојува да продуцира покриеност на темите во заедницата што е целосна и разновидна, со цел...
Опожарена трска кај Калишта
Post Views: 87На 14.03.2022 година околу 14 часот во ОВР Струга пријавен е пожар на трска покрај брегот на Охридското езеро, во атарот на струшкото село Калишта, во кој нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Истиот ден, пријавено е дека на 13.03.2022 година околу 19 часот настанал пожар во месноста „Краста” во атарот на струшкото село Делогожда. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струга – информираат од СВР Охрид.
ЕУ воведува нови санкции против Русија
Post Views: 87Европската унија утрово официјално го договори четвртиот пакет санкции против Русија, вклучувајќи замрзнување на имотот и забрана за патување на Роман Абрамович. Сите детали се очекува да бидат објавени подоцна денеска.Забраната дојде по разговорите меѓу лидерите на ЕУ во Версај во четвртокот и петокот. Санкциите се насочени кон 600 руски граѓани, што францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер го нарече „историска одлука“.Санкциите се проширени на клучните олигарси, лобисти и пропагандисти кои го туркаат наративот на Кремљ за ситуацијата во Украина, како и на клучните...







