Автор: Маја Савиќ
Post Views: 247 „Соѕвездие во мислите на Марија“ e насловена првата стихозбирка од младата охриѓанка Марија Тодороска. Нејзината збирка стихови беше промовирана пред љубители на поезијата и творештвото на младите во Прличевата одаја на градската библиотека. Марија, која е ученичка во деветто одделение во ООУ „Христо Узунов“ вели дека пишувањето ја прави среќна и ја исполнува, Македонски јазик и е омилен предмет, а ѕвездите се нејзин заштитен знак за добрина, сила и храброст.„Ова е мојата прва стихозбирка, се состои од 18 песни и секоја песна си има своја тематика, богата...
Свечено отворен новиот модерен трговски центар Охрид мол
Post Views: 299 Новиот долго очекуван модерен трговски центар Охрид Мол денеска со свеченост ги отвори вратите за посетителите.Со површина од над 17.000 м2 и внимателно одбрани содржини усогласени со потребите на потрошувачите, модерниот трговски центар се очекува да го редефинира концептот за пазарување, да ја збогати понудата за охриѓани и за сите гости но и да има позитивно влијание врз локалната економија.„Нашиот град, кој е надалеку познат по своето културно и духовно наследство, од денес добива нова содржина која ја збогатува понудата за охриѓани но и за...
Во Охрид отворен досега најголем Жито маркет во регионот
Post Views: 580 Денеска во Охрид беше отворен новиот и досега најголем Жито маркет во регионот. Лоциран во склоп на Охрид Мол на површина од 770 квадратни метри, овој супермаркет претендира да стане прв избор за пазарување на граѓаните од охридско- струшкиот регион и гостите бидејќи е познат по тоа дека нуди повеќе вредност за секој потрошен денар, со постојана грижа за квалитетот и цените.„ Овој месец отворивме три нови маркети и тоа во Струмица, Струга и денес во Охрид и креиравме 50 нови работни места, од раководни и административни позиции до работници во продажба,...
СДСМ Охрид бара итна ревизија на работењето на јавните претпријатија
Post Views: 194 ОО на СДСМ Охрид бара итна ревизија на работењето на јавните претпријатија, отчетност од менаџментот како и јасен план за излез од финансиската криза без нови оптоварувања за граѓаните. Ова денеска на прес конференција го соопшти секретарот на партискиот огранок, Јован Крлев. Градоначалникот и мнозинството во Совет никако не успеваат да воведат ред во јавните претпријатија, ниту да обезбедат ефикасно и одржливо управување со општинските ресурси, а за таа неспособност плаќаат граѓаните, обвини Крлев.„Граѓаните на Охрид како никогаш до сега се сочуваат со...
Охрид Ултра-Треил започнува вечерва
Post Views: 201 Седмото издание на Охрид Ултра-Треил започнува вечерва и носи рекордни 650 учесници од 42 земји. Настанот годинава го потврдува статусот како водечки во светот на планинското трчање во регионот а прераснува и во интернационален спортско-рекреативен спектакл.Љубителите на трчањето на планина ќе уживаат во пет трки со различна должина и тежина, распоредени во два дена. Кралицата на трките во должина од 107 км стартува вечерва во 23ч, од плоштадот во Охрид, Галичица ултра долга 65 км стартува утре во 07 ч. од Св. Наум, од истата локација еден час подоцна...
Регионалната Занаетчиска Комора Охрид организира бесплатен курс за козметичарки
Post Views: 297 Обуки за козметичарки за лице и тело организира Регионална Занаетчиска Комора Охрид во соработка со Занаетчиската комора на Македонија. Денеска во просториите на граѓанскиот Универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ се одржа информативен ден за заинтересираните кандидатки. Обуките се целосно бесплатни и се наменети за жени кои сакаат да се стекнат со вештини, знаења и сертификат за козметичар за лице и тело, со што ќе добијат повеќе можности на пазарот на труд или за самовработување.–Курсот ја подполна предвидената бројка, беше планирано да...
Охридските матуранти го заиграа квадрилот
Post Views: 199 Денеска на охридскиот плоштад танцуваше младоста. Околу 300 матуранти зачекорија во новото поглавје од својот живот играјќи го квадрилот на Матурската парада.Во танцот на препознатливите звуци од Штраусовата опера Лилјакот и во сценографијата со сини и бели маички и чадори уживаа родители, баби и дедовци, минувачите и гостите. Дождот не ја намали радоста и свеченоста на лицата на матурантите.„ Се чувствувам весело, радосно, среќно што успешно го заокруживме нашето образование. И еве малку и врнежливо, ама тоа е. Понатаму би продолжил или во УИНТ „Св...
Охридските пожарникари храбро и посветено го штитат Охрид, граѓаните и нивните имоти
Post Views: 146 Со дефиле на противпожарни возила со уклучени сирени и светлосна сигнализација и со презентација на противпожарна опрема, ТППЕ Охрид го одбележа 20-ти мај Денот на пожарникарите.Охридската единица е една од најекспедитивните во нашата држава. Овие храбри луѓе деноноќно не штитат нас граѓаните, нашите домови и материјални добра, истакна во своето обраќање командирот Борко Јанкуловски. ТППЕ Охрид брои вкупно 39 пожарникари вклучително со командниот кадар. Евидентен е недостигот од пожарникари, вели командирот, но потенцира дека солидно одговараат на...
Охриѓанецот Љуљзим Рахим – Зими е вљубеник во олдтајмерите
Post Views: 423 Охриѓанецот Љуљзим Рахим 50 години работи како автолимар. Занаетот го печел во работилницата на својот татко Ризван кој бил првиот автолимар во Охрид. Од него Љуљзим и неговиот брат Мељко ги научиле сите мајсторски вештини, но ја наследиле и љубовта кон старите модели на автомобили или т.н олдтајмери.„Со самата работа се јави и љубовта кон олдтајмерите. Таа љубов пред се ја наследив од мојот татко кој беше еден од основачите на автолимаријата во градов, можеби и пошироко. Така уште од мали нозе ни се роди, ни се втемели таа љубов кон автомобилите и...
11 трофеи, 21 златен медал и 8 сребрени медали освоија Бреинобреин генијалците од Охрид
Post Views: 332 Охридските генијалци од Бреинобреин програмата на Црвен крст Охрид продолжуваат да нижат успеси. На осмиот државен АБАКУС натпревар кој се одржа на 11-ти мај во Скопје учествуваа 40 ученици од охридскиот центар кои во силна конкуренција освоија највисоки одличја.„На натпреварот покрај нашиот центар учество зедоа уште 11 центри кои функционираат во Македонија и на истиот освоивме завидни резултати со кои можеме да се гордееме и тоа 11 трофеи, 21 златен медал и 8 сребрени медали.“ – објави денеска на прес конференција Валентина Кузманоска –...
Во охридско угинуваат цели пчелни семејства како резултат на климатските промени
Post Views: 186 Пчеларите во охридскиот региион оваа година се соочуваат со масовно угинување на пчелни семејства. Смртноста во пчеларниците е од 30 до 100% информира Претседателот на Здружение на пчелари Охрид, Наум Трпчески.„ Мое мислење , но и мислење на стручната фела е дека тоа се должи на сушата која го зафати изминатиот месец август, недостатокот на полен за одгледување на леглото така што настана прекин на легло и немаме смена на генерации, смртноста на пчелните семејства е во јануари, февруари или март. Но и онаму кaде нема голема смртност имаме релативно слаби...
Младинци од програмата ЦКА–ПХВ на Црвен крст Охрид го подновија Одделението за Геријатрија
Post Views: 250 Шест младинци учесници во програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА – ПХВ) го подновија Одделението за Геријатрија при Општа болница Охрид. Средствата за уредување на влезот и чекалната како и за нов електричен систем за заклучување на влезната врата ги обезбедија преку изработка и продавање ракотворби и со изнаоѓање донатори. Во реализацијата на проектот поддршка им беше десиминаторот Лина Јоноска.„ Оваа група којашто работеше на овај проект се состои од шест волонтери , со помош и на други лица . Тие направија истражување пред...