Автор: Маја Савиќ
Post Views: 323 Трката во планинско трчање Охрид Ултра-Треил започнува вечерва и носи рекорден број учесници, 920 тркачи од 40 држави од целиот свет. Интересот за настанот кој се одржува осма година по ред бележи значителен раст, потврдувајќи го Охрид Ултра-Треил како еден од најзначајните настани во планинско трчање во регионот.Тркачите ќе настапат на патеките низ Националниот парк Галичица и крајбрежјето на Охридското Езеро, кои нудат уникатна комбинација од планински терен, технички предизвици и автентична природна убавина.Организаторите очекуваат се да помине во најдобар...
Охридските матуранти со свечена парада го одбележаа крајот на средношколските денови
Post Views: 309 Со звуците на Штраусовата опера „Лилјакот“ и насмевки на лицата, охридските матуранти денеска свечено заокружија едно од најубавите поглавја од својот живот. На градскиот плоштад околу 350 момчиња и девојки од охридските средни училишта го заиграа традиционалниот Квадрил, симболично зачекорувајќи кон новите животни предизвици и идни соништа.Пораката до генерацијата годинава ја испрати Елена Стојоска, матурантка од охридската гимназија, која во своето обраќање истакна дека матурската парада претставува симбол на заедништвото, зрелоста и вербата во иднината....
Уште еден голем успех на Бреинобреин при Црвен Крст Охрид
Post Views: 336 На 9-от Државен натпревар на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата, кој се одржа во Скопје, во силна конкуренција, 36 Бреинобреин генијалци од Центарот за развивање вештини БОБ-Црвен крст Охрид се закитија со вредни одличја.– Од нашиот Бреинобреин Центар учествуваа 36 деца од кои сите добија награди и се здобивме со 13 трофеи , 13 златни медали и 10 сребрени, кажа Ангела Кузманоска, инструктор во програмата.И овој пат учениците и нивните тренери потврдија дека охридскиот Центар е еден од најуспешните во Македонија. Успехот не е случаен , тој се...
Одбележан Денот на пожарникарите, ТППЕ Охрид се стреми кон европските стандарди
Post Views: 229 Со дефиле низ Охрид со противпожарни возила со вклучени сирени, ТППЕ Охрид денеска го одбележаа 20 мај, Денот на пожарникарите. Настанот беше најинтересен за најмалите, учениците од ОУ „Григор Прличев“ за кои пожарникарите се вистински херои. Тие се запознаа со професијата пожарникар и опремата која ја поседува противпожарната единица во Охрид, а имаа можност и да се возат во ПП возила.-Многу брзо беше возењето, многу интересно и многу гласно свиреа сирените. Во пожарната видовме многу седишта, црева за вода и облека за пожарникарите, вели Доротеа Ѓореска.-Беше...
По повод пензионирањето, охридскиот новинар Сашо Нелоски, доби благодарница од градоначалникот Пецаков
Post Views: 182 Познатиот охридски и македонски новинар Сашо Нелоски заминува во пензија по речиси четири децении професионална работа во македонското новинарство. По тој повод, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, му додели благодарница за долгогодишниот придонес во новинарството и афирмацијата на Охрид.„Сашо не беше само новинар. Тој низ децениите стана автентичен хроничар на нашиот Охрид. Преку неговите текстови и извештаи се афирмираа охридските вредности, култура и традиција, Охрид достоинствено беше претставуван како духовен и туристички бисер и можеби и најважното е што...
Црвен крст Охрид со низа активности го одбележа Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
Post Views: 330 Со положување свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан кај седиштето на Црвен крст Охрид, денеска беше одбележан 8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.Делегации на Црвен крст Охрид и Општина Охрид оддадоа почит на основоположникот на најголемото светско хуманитарно движење, Анри Динан, кој е роден пред 198 години на денешен ден.Претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков, порача дека хуманоста останува темел на организацијата во време на бројни предизвици.„Хуманоста не познава граници, нити временски услови, нити временски непогоди....
Во Охрид започна 11. Конгрес за ретки болести: Брзата дијагноза и континуираната терапија остануваат најголем предизвик
Post Views: 368 Медицински експерти од повеќе земји денеска во Охрид го отворија 11-тиот Конгрес за ретки болести во Југоисточна Европа, каде во фокусот се новите достигнувања во дијагностиката, персонализираната медицина и обезбедувањето навремена терапија за пациентите.Иако во последните години е забележан напредок во достапноста на терапијата, лекарите велат дека борбата е постојана, бидејќи со подобрата дијагностика се откриваат сè повеќе нови пациенти и нови ретки заболувања.„Постои напор. Сепак, постои одредено задоволство за нас како клиници, како практичари ние сепак...
Охрид добива нов урбан лик, заврши реализацијата на проектот за визуелна унификација на урбана опрема
Post Views: 405 Општина Охрид го заврши проектот за визуелна унификација на урбаната опрема, со што градот добива посовремен и поуреден изглед. Во рамки на активностите, заменети се вкупно 290 огласни табли на улиците „Цар Самоил“ и „Коста Абраш“, на Градскиот плоштад долж „Св. Климент Охридски“, како и во Старата чаршија на улицата „Гоце Делчев“.Градоначалникот Кирил Пецаков упати благодарност до занаетчиите, трговците и угостителите за поддршката во реализацијата на проектот, нагласувајќи дека со ова Охрид добива лик каков што заслужува.Визуелната унификација на урбаната...







