Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Охриѓани во април 2021 ќе дознаат на колкави концентрации од ПМ честички се изложени

Post Views: 70 Охриѓани не знаат каков воздух дишат. Нема официјални податоци и анализи за квалитетот на амбиенталниот воздух во поглед на загадување со ПМ честички.  Во Охрид нема мерна станица  во рамки на Државната мониторинг мрежа за квалитетот на воздухот со која управува Министерството за животна средина и просторно планирање.  Во декември минатата година беа поставени 11 мерни сензори за квалитет на воздух на неколку локации во Охрид. Тоа беше направено во рамки на  проектот Interreg Airthings финансиран од Европскиот фонд за регионален развој кој завршува денес. Од државниот...

Продолжи со читање

Охридско Езеро брег

Реките загадувачи забрзано го задушуваат она што постои повеќе од милион години во езерото

Post Views: 123 Сатеска, Велгошка и Коселска, реките кои го сочинуваат крвотокот на охридскиот слив  извираат од недопрената природа на Илинска, Плаќенска Планина, горен слив на Дебрца. Но, кристално чистите водотеци на својот пат кон Охридското езеро доаѓаат во допир со човекот. Во долните текови кои минуваат низ населени места, бреговите се деградирани со диви депонии од комунален и градежен шут, обраснати со вегетација, наталожена тиња измешана со отпадоци.Велгошка Река, позната  како  Сушица  или Грашница  во долниот  тек,  прима ...

Продолжи со читање

Охридско Езеро – извор на питка вода од кој може да зависиме во иднина

Post Views: 210 До средината на овој век пристапот до вода за пиење ќе биде сериозен предизвик за голем дел од светската популација. Водата како ограничен ресурс ќе станува подрагоцена од нафтата. Неопходно е постојано истражување, следење и заштита на изворите на вода и нивна правилна експлоатација. За охридскиот регион, впечатокот кај граѓаните е дека лежи на вода и никогаш не може да се соочи со недостаток.  Како изворишта на вода се користат: Билјанини Извори, подземна вода од Беј Бунар, Летнички И звори од Рамне, извор Св.Илија од Велгошти, подземна вода во близина на Коселска...

Продолжи со читање