Skip to main content

Автор: Маја Савиќ

Црвен крст Охрид, под мотото „Светилник на хуманоста“ одбележува 80 години од основањето и непрекинато делување

Post Views: 188 Црвен крст Охрид, под мотото „Светилник на хуманоста“ одбележува 80 години од основањето и непрекинато делување. Воедно годинава организацијата прославува уште два јубилеи, 10 години од меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“ и 15 години од едукативната програма и Центар за развивање животни вештини „Бреинобреин“.„ Навистина голема одговорност, задоволство и чест што можеме вака гордо да ги одбележиме овие јубилеи. Овој јубилеј 80 години од основањето и непрекинатото делување на Црвен крст Охрид е јубилеј кој претставува...

Продолжи со читање

Црвен Крст Охрид ги финализира подготовките за обезбедување на капалиштата со спасители

Post Views: 162 Во тек е регрутација на нови кандидати за спасители на вода од страна на Црвен крст Охрид во рамки на подготовките за претстојната летна сезона. Сите заинтересирани кандидати кои треба да се постари од 17 год, да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт имаат време до 19 јуни да се пријават. Ова е единствена можност да се обучат и да се стекнат со легитимација за спасител на отворени води, признаена секаде во светот. Да се биде спасител на вода е благородна и хумана професија, вели Арсениј Ѓоршески од Центарот за безбедност на вода при...

Продолжи со читање

300 деца учествуваат на Меѓународниот кошаркарски турнир Охрид 2025 во организација на КК „Колибри“

Post Views: 1.001 Денеска започнаа натпреварите на Меѓународниот турнир во кошарка – Охрид 2025 во организација на кошаркарскиот клуб Колибри – Охрид. Во спортската сала „Билјанини Извори“ силите ќе ги одмерат девојчиња и момчиња, од четири натпреварувачки генерации во 12 екипи од четири земји.„ Имаме екипи од четири земји Македонија, Србија, Албанија и Црна Гора. Имаме преку 270 деца оваа година, генерации до 10 години, до 12, до 14 и до 16 год. Натпревари имаме секој ден, отворена е салата од 9 до 21 часот, ги покануваме сите љубители на кошарката и на на спортот кои...

Продолжи со читање

Монографијата за Јордан Манасијески- подарок кој ќе говори за светиот Охрид и духовните простори по кои трага уметникот

Post Views: 565 55 годишниот јубилеј од творештвото на познатиот охридски, македонски и светски уметник, академскиот сликар Јордан Манасијески, неговиот роден град Охрид го одбележа со промоција на капитално дело Монографија посветена на неговото дело од авторот Владимир Величковски.Ова не е само монографија, таа е духовен манифест, таа е патоказ на идниот спас на човештвото, како што сликарството на Јордан Манасијески ги обединува и ги премостува сите времиња и простори, ќе каже промоторот и историчар на уметност Владо Ѓорески-Рафик.–Јордан не создава, тој го...

Продолжи со читање

ТППЕ Охрид ќе ја продлабочува соработката со волонтерските противпожарни друштва, а ќе се формираат и нови

Post Views: 177 ТППЕ Охрид ќе ја продлабочува соработката со волонтерските противпожарни здруженија, а ќе се формираат и нови. Досега професионалните пожарникари остваруваат успешна соработката и добиваат драгоцена помош од волонтерското здружение „Ентузијаст“ кое со 25 волонтери обучени за гаснење пожари на отворен простор дејствува во Охрид и Дебрца. Воспоставена е и соработка со волонтерски противпожарни друштва од покраината Тирол, Република Австрија, која освен размена на искуства и доопремување има за цел да ја подигне свеста за волонтеризмот во справувањето со...

Продолжи со читање

Се одржа второто издание на ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и промовирај

Post Views: 198 Денеска по повод Светскиот ден на велосипедизмот, се одржа второто издание на ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и промовирај“. Над 100 ученици и наставници од средните училишта, граѓани рекреативци, претставници на фирми се дружеа, промовираа возење велосипед како здрава животна навика и еколошка алтернатива за транспорт во урбаните средини, а при тоа реализираа и бизнис идеа за иновативен начин на пренесување маркетинг пораки од локални компании. Организатор на настанот е Здружението за едукација, култура и младински активизам во соработка со СОСУ „Св...

Продолжи со читање

Да ја демаскираме привлечноста на електронските цигари, да ги заштитиме младите

Post Views: 245 Секој трет ученик посегнал по цигари, покажуваат податоците од истражувањето кое ги опфаќа европските земји, а во кое е вклучена и нашата држава. Употребата на цигари е широко распространета меѓу адолесцентите и тој тренд бележи постојан пораст. Бројот на активни пушачи на конвенционална цигара меѓу адолесцентите во Македонија во последните 5 години, се зголемил од 20,3% на 23,5%, додека пак во однос на електронските цигари порастот е од 23,2% на 28,8%.Повеќе од половина од учениците сметаат дека цигарите се многу лесно достапни, а посебно примамливи за...

Продолжи со читање

Мнозинството во градскиот Совет повторно изгласа измени на Планот за вработување во општина Охрид за 2025 год

Post Views: 156 На последната, 57-ма седница на Совет повторно од страна на мнозинството беа одобрени измени на годишниот план за вработување во општина Охрид за 2025 гдоина. Советниците од опозицијата реагираа на носењето на измените и побараа објаснување за оправданоста од нови вработувања, посебно пред локални избори кои треба да се одржат наесен.„Зошто се вршат повторно измени во планот за вработување и кое е оправданието на 252 вработени да барате нови 15 вработувања, а претходно наведов за тешката состојба во која се наоѓаат јавните претпријатија, дополнителните...

Продолжи со читање

Промовирана „Соѕвездие во мислите на Марија“, прва стихозбирка на младата Марија Тодороска

Post Views: 267 „Соѕвездие во мислите на Марија“ e насловена првата стихозбирка од младата охриѓанка Марија Тодороска. Нејзината збирка стихови беше промовирана пред љубители на поезијата и творештвото на младите во Прличевата одаја на градската библиотека. Марија, која е ученичка во деветто одделение во ООУ „Христо Узунов“ вели дека пишувањето ја прави среќна и ја исполнува, Македонски јазик и е омилен предмет, а ѕвездите се нејзин заштитен знак за добрина, сила и храброст.„Ова е мојата прва стихозбирка, се состои од 18 песни и секоја песна си има своја тематика, богата...

Продолжи со читање

Свечено отворен новиот модерен трговски центар Охрид мол

Post Views: 324 Новиот долго очекуван модерен трговски центар Охрид Мол денеска со свеченост ги отвори вратите за посетителите.Со површина од над 17.000 м2 и внимателно одбрани содржини усогласени со потребите на потрошувачите, модерниот трговски центар се очекува да го редефинира концептот за пазарување, да ја збогати понудата за охриѓани и за сите гости но и да има позитивно влијание врз локалната економија.„Нашиот град, кој е надалеку познат по своето културно и духовно наследство, од денес добива нова содржина која ја збогатува понудата за охриѓани но и за...

Продолжи со читање

Во Охрид отворен досега најголем Жито маркет во регионот

Post Views: 646 Денеска во Охрид беше отворен новиот и досега најголем Жито маркет во регионот. Лоциран во склоп на Охрид Мол на површина од 770 квадратни метри, овој супермаркет претендира да стане прв избор за пазарување на граѓаните од охридско- струшкиот регион и гостите бидејќи е познат по тоа дека нуди повеќе вредност за секој потрошен денар, со постојана грижа за квалитетот и цените.„ Овој месец отворивме три нови маркети и тоа во Струмица, Струга и денес во Охрид и креиравме 50 нови работни места, од раководни и административни позиции до работници во продажба,...

Продолжи со читање

СДСМ Охрид бара итна ревизија на работењето на јавните претпријатија

Post Views: 213 ОО на СДСМ Охрид бара итна ревизија на работењето на јавните претпријатија, отчетност од менаџментот како и јасен план за излез од финансиската криза без нови оптоварувања за граѓаните. Ова денеска на прес конференција го соопшти секретарот на партискиот огранок, Јован Крлев. Градоначалникот и мнозинството во Совет никако не успеваат да воведат ред во јавните претпријатија, ниту да обезбедат ефикасно и одржливо управување со општинските ресурси, а за таа неспособност плаќаат граѓаните, обвини Крлев.„Граѓаните на Охрид како никогаш до сега се сочуваат со...

Продолжи со читање