Автор: Маја Савиќ
Post Views: 234 Денеска советниците и советничките во Советот на Општина Охрид ги обоија дланките во разни бои во знак на поддршка и подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат пациентите со ретки болести.Последниот ден во месец февруари се одбележува како светски ден на ретките болести. А од први февруари започнува седмата Национална кампања Ги запознаваме ретките болести која ја спроведува Здржението на лица со ретки болести од Охрид, Ретко е да си редок.-Традиционално како и претходните години, Советот на Општина Охрид дава максимална...
Ќе се поставуваат полуподземни контејнери на локации кои се критични во поглед на управување со отпадот
Post Views: 180 На денешната 52 седница на Советот на Општина Охрид поминаа сите точки од Дневниот ред кој беше надополнет со 5 предлог одлуки.Петте точки со кои беше дополнет дневниот ред се Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка, предлог решение за именување членови на заедничката Комисија за подготовка на предлог актите за воспоставување на меѓуопштинската соработка, предлог програма за измени и дополнување на програмата за урбана опрема, изградба и одржување за 2025 година, предлог програма за измени и дополнување на програмата за...
Жестока дискусија за планот за вработувања во општинската администрација
Post Views: 190 Мнозинството во Советот на Општина Охрид на денешната 52 седница даде согласност за Измените на годишниот план за вработување во општината за 2025 година. Измените предвидуваат пополнување на 13 работни места и 8 унапредувања.По оваа точка на дневниот ред се разви жестока дискусија помеѓу координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата, Живка Ангелоска и секретарот на општината Александар Китески.Ангелоска од говорницата потсети дека локалната власт минатата година со нов акт за систематизација на работните места искажа намера да се редуцираат...
Охридскиот БРЕИНОБРЕИН Центар врши упис на нови ученици
Post Views: 184 Во тек се зимските уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН на Црвен крст Охрид. Интернационалната Бреинобреин едукативна програма е наменета за деца од 4 до 14 годишна возраст преку која тие се стекнуваат со нумерички и вербални вештини и ги развиваат концентрацијата, меморијата, способноста за учење, самодовербата и креативноста.„Во нашето 15 годишно постоење и успешно работење, можеме да се пофалиме дека од нашиот Центар навистина излегле бројни дечиња генијалци , така би ги нарекла. Сите оние коишто работат посветено и онака како што...
Трипуновски: Дополнителните контроли покажаа дека нема недозволен пестицид во зелката вратена од Хрватска
Post Views: 161 При спроведената контрола кај производителот на свежата зелка извезена за хрватскиот пазар, а која беше вратена од хрватската граница поради наводно присуство на недозволен пестицид, не е откриена употреба на забранети препарати, информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.– За пратката вратена од Хрватска веднаш беше интервенирано, беше проверено кој е производителот, кој е извозникот. Преку Инспекторатот за земјоделство направени беа дополнителни контроли, земени се мостри од извезениот градинарскиот...
Охридското Езеро ќе биде порибено со милион единки подмладок на охридска пастрмка
Post Views: 218 По 6 години застој повторно се спроведува вештачки мрест на охридската пастрмка. Планирано е Охридското езеро да биде порибено со над еден милион единки подмладок од ендемичната пастрмка. Во тек се активностите за излов на полово зрели единки пастрмка и собирање икра, на кои денеска на увид беше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Tрипуновски.„Оваа активност е многу важна за нас како Министерство, како држава бидејќи со ова се зачувува охридската пастрмка како едно од нашите национални богатства. Продолжуваме да ја водиме оваа...
Мила Јовановиќ го урива стереотипот дека нуркањето е претежно машки спорт
Post Views: 590 17-годишната Мила Јовановиќ шест години се занимава со нуркање, спорт за која многумина би рекле дека е претежно машки. Мила за првпат започнала да нурка со својот татко на 12 годишна возраст, а една година подоцна добила и сертификат за нуркање. Таа е членка на Клубот за подводни дејности „Охрид“ и една од младите нуркачки во Охрид кои во последно време ги има се повеќе на број.„Подводниот свет е магичен и секое нуркање носи свои изненадувања.Многу сакам да ги набљудувам најразличните риби. Предизвик ми е да барам стари предмети од антиката,но...
Охриѓани ја продолжија вековната традиција на капење во езерото на Денот на рибарите
Post Views: 203 Со традиционалното капење на рибарите во Охрид денеска се одбележа празникот Свети Јован Крстител. Тајфата на Мартин Гоџо, кој вчера го фати Чесниот крст, денеска на Сараиште влегоа во студените води на Охридското Езеро. Денот на рибарите е потсетување на традицијата на капење на рибарите на денот кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболов. Охриѓани велат дека со голема радост го чекаат празнувањето на овај ден кое и покрај тоа што во одреден период било забранувано, опстанало како вековна традиција.„На овој ден...
Започна 13-тата Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2025“
Post Views: 164 Терминот колективна меморија стана моќен симбол на многуте политички и општествени транзиции кои моментално се во тек, истакна Проф. д-р Рубин Земон на отворањето на 13-тата Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2025“ која се одржува во „Куќата на Уранија“.„Новите режими бараат начин да се надминат остатоците од нивните предходници, додека воспоставените системи се соочуваат со пораз на историската свест и се повеќе водат политики на жалење. Колективните сеќавања се спомени споделени од група кои влијаат на нивниот идентитет како заедница....
Црвен Крст Охрид и тимот на Армада израдуваа 40-тина дечиња со предновогодишна едукативно-забавна прошетка со брод
Post Views: 229 40-тина дечиња од семејства во социјален ризик во придружба на своите родители и волонтери од Клуб на млади при Црвен крст Охрид уживаа во предновогодишна едукативно-забавна прошетка по Охридското езеро со бродот Армада. Крстарењето беше уште една хуманитарна акција на Црвен крст Охрид во радосниот месец декември, месецот на дарувањето.„Одлучивме предновогодишните празници да ги израдуваме дечињата од социјален ризик на малку поинаков начин, да им организираме една прошетка со брод , крстарење крај стариот дел на градот кадешто ќе можат да уживаат во...
Уметникот Сашо Блажес со изложбата „No escape from reality“ го прикажува хаосот на секојдневието и потрагата по внатрешен мир
Post Views: 210 „Нема бегство од реалноста“ или No escape from reality е насловена самостојната изложба на охридскиот уметник Сашо Блажес која денеска беше отворена во поранешната касарна во Охрид.Преку 12 слики изработени во комбинирани техники масло и акрил на платно, една инсталација и едно кратко видео, поставени во еден хаотичен и руиниран простор на некогашната армиска менза, уметникот и го открива на јавноста својот критички однос кон реалноста.„Моите дела претставуваат едно таканаречено истражување на културолошките и психолошките проблеми кои се...
Пецаков: Општина Охрид за 2025-та има историски најголем и развоен буџет
Post Views: 309 Советот на Општина Охрид го усвои буџетот за 2025 година кој тежи околу 1.2 милијарди денари или 19,5 мил евра Денеска Советот го донесе најголемиот буџет во историјата на Општина Охрид, кој е перпективен и развоен истакна градоначалникот Кирил Пецаков по седницата.„ Над 200 милиони оваа година ќе пренесиме салдо и основен буџет околу 700 милиони, дополнително 96 милиони кои ги имаме како приход од ДДВ , што значи дека ако на тоа ги додадеме околу 400 милиони кои претставуваат ставка за капитални инвестиции би рекле дека станува збор за доста развоен буџет...