Автор: Маја Савиќ
Post Views: 404 ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – „Св. Стефан“ Охрид, воведе нова метода во третманот на периферна артериска болест со користење на системот Jetstream Atherectomy. Денеска во болницата во Охрид, за прв пат во Македонија, беа изведени зафати кај тројца пациенти со новата метода – механичка ротациона атеректомија.–Во рок од два месеци во нашата установа се воведе уште една нова процедура директна артериска тромб атеректомија ротациона на крвни садови, изразито калцифицирани, затоа...
(видео) Успешно реализирана вежба за евакуација во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид
Post Views: 516 Црвен крст Охрид во соработка со надлежните институции продолжува со активности за подигнување на подготвеноста за справување со несреќи и катастрофи. Денеска во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид се реализира показна вежба со практична примена на оперативните планови за заштита и спасување, како и плановите за евакуација.-Во нашето училиште се одржа симулациска вежба за евакуација. Целта на вежбата, која што всушност е и наша законска обврска е да се подигне подготвеноста на учениците и вработените при евентуални вакви или слични ситуации, изјави Лилјана Ефтимовска –...
До крајот на 2027-ма младите во Охрид ќе го добијат толку посакуваниот Младински културен центар
Post Views: 1.024 Поранешната армиска менза во рамки на касарната „Михајло Апостолски“ ќе се адаптира во функционален и репрезентативен Младински културен центар. Руинираниот објект кој се простира на површина од 1062 м² ќе се реконструира во современа сала за културно – уметнички, забавни и научни настани.„Сала која што ќе биде мултифункционална,каде што ќе може да се одржуваат концерти,театарски претстави,изложби,саеми…Значи се она што на Охрид во изминатиов период му беше потребно,би требало таа нова институција „Младински културен центар“,кога ќе се заврши таа...
Црвен крст Охрид има бројно крводарителско семејство – доделени признанија на заслужни крводарители, поединци и институции
Post Views: 244 По повод 17 март, Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст на Македонија, Црвен крст Охрид, на пригодна свеченост им додели признанија на заслужни крводарители, поединци и институции кои придонеле за развој и унапредување на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2025 година.Аце Карајованоски и Ѓоко Апостолов го заокружија 50-тото јубилејно дарување крв. Велат дека започнале во средношколските денови за низ годините таа детска љубопитност да прерасне во хуман повик кој трае до денес.– Прв пат дарував како средношколец од онаа средношколска...
Донесена Програма за субвенционирање на јавните претпријатија
Post Views: 216 Општина Охрид во иднина ќе ги субвенционира Јавните претпријатија согласно утврдена програма со која ќе се уредува условите и постапката за доделување на финансиски средства на претпријатијата. Советот на последната седница ја усвои предлог програмата за 2026та год.Опозицијата со став дека програмата за субвенционирање на јавните претпријатија, треба сериозно да се конципира за средствата да се користат за развој на претпријатијата.– Најголем дел од субвенциите до сега се трошеа, најверојатно најголем дел не сите, за консолидирање на финансиското...
Бурна дискусија за реализацијата на програмите и буџетот на Општина Охрид за 2025год
Post Views: 256 Реализацијата на капиталните инвестиции во општина Охрид и понатаму не е на задоволително ниво според опозицијата во Советот на градот. На денешната седница на која на дневен ред беа извештаите за реализацијата на програмите и буџетот за 2025 година се разви бурна и на моменти детална дискусија по проекти. Анализирајќи го извештајот и завршната сметка на општината, може да се заклучи дека програмите наменети за спорт, култура, социјалните програми, програмите за невладините организации бележат реализација од преку 90 отсто, а додека реализацијата на програмите за капитални...
На охриѓани од денес им е достапно бесплатно психолошко советување во Црвен крст Охрид
Post Views: 235 Од денеска започна бесплатното психолошко советување кое како услуга го воспостави Црвен крст Охрид во соработка со Анима центар за личен развој, едукација и психотерапија. Советувањето го спроведува Гешталт советникот Мерсиха Исмајлоска.-Потребата од психолошко советување не ни се случува само кога имаме некаква мака, таа се случува и кога сме љубопитни за кој сме ние, која е нашата цел. Значи се однесува на советување и за личен развој. Но, и те како можеби попотребно да се посети психолог или да се дојде тука во просториите на Црвен крст кога се соочуваме со...
СДСМ: Охрид не смее повеќе да се гуши во чадот од сопствениот отпад
Post Views: 271 Трпението на граѓаните на Охрид е при крај. Депонијата Буково со години претставува еколошка бомба која го труе воздухот, ја загадува околината и директно го загрозува здравјето на граѓаните, кажа денеска на прес конференција , советничката во Советот на Општина Охрид од СДСМ , Лидија Неданоска.–Најмногу страдаат децата! Со години слушаме исти приказни, исти ветувања и исти оправдувања од надлежните. Но додека тие ветуваат, депонијата продолжува да гори, чадот се шири над градот, а граѓаните се принудени да дишат воздух кој е сè подалеку од чист и безбеден. Ова...







