Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

Gorno Lakocerej

На повидок трајно решавање на проблемот со вода во Горно Лакочереј

Views: 95На повидок конечко решение со кое ќе се стави крај на проблемот со вода за жителите од Горно Лакочереј. Директорот на МЈП Проаква, Златко Старкоски открива дека тимови од ЈП  последниве месеци активно работеле на изнаоѓење на решение со цел да се обезбеди доволна количина и квалитетна вода за жителите од Горно Лакочереј. Според директорот, Проаква и локалната самоуправа изготвиле три проекти, кои ќе понудат трајно решение на проблемот. Првата варијанта, според Старкоски е бушење на нови извори и поставување на цевки. Тој додава дека веќе било извршено едно бушење кое дала мала...

Продолжи со читање

Лакочереј

Лакочереј се приклучува на канализациона мрежа

Views: 98Изградбата на канализационата мрежа во Горно, Долно Лакочереј и Орман, во завршна фаза. Активностите кои локалната ги започна пред 4 – 5 месеци треба да завршат до крајот на летово, најавуваат од локалната самоуправа. „Чинам изградени се околу 500 – 600 метри и тоа започнавме од најодалечната точка од Горно Лакочереј, а паралелно се поставуваше и нов водоснабдителен систем за овие две села“, вели раководител на одд. За комунален развој и улици, Зоран Шикалески.Шикалески додава дека паралелно со изградбата на канализационата мрежа на делот кон населбата Радојца Новиќиќ према...

Продолжи со читање

Ramazan Bajram

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Views: 89Верниците со исламска вероисповест го слават празникот Рамазан Бајрам со кој завршува Светиот месец Рамазан и се означи крајот на едномесечниот пост. Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена, денеска е вториот ден од празникот. Ведат Хасан Сарачаглу пензиониран наставник кој сега живее во Истамбул – Турција се потсетува како некогаш се славел Рамазан Бајрам или Шеќер Бајрам во Охрид.  Раскажува дека кога биле деца родителите ги носеле од роднина до роднина, од пријател до пријател со цел да ги запознаат, а во денешно време родителите оделе сами, а децата сами....

Продолжи со читање

skola po klasicna gitara

Заврши Летната школа по класична гитара

Views: 108Учениците кои беа дел од летната школа за класична гитара велат дека се горди што имале можност познатата професорка од Бугарија да им ги пренесе своите знаења и искуства и додваат дека со задоволство ќе ги применуваат новите техники и знаења кои ги научиле. „Задоволството е огромно да се биде дел од ваков настан каде се споделуваат искуства и се учат нови техники и каде се запознаваме меѓу себе ние класичните гитаристи. Презадоволен сум што сум дел од ова и се надевам дека во иднина уште повеќе ќе има учесници со што би добиле еден квалитетен фестивал на овие простори во Охрид и...

Продолжи со читање

ribari

Коњаноски: „Со доделувањето на Езерото под концесија,Владата доби партнер

Views: 88Со добивањето концесионер на Охридското Езеро, за излов на риба за стопански риболов,  Владата доби партнер кој ќе се грижи заедно со сите државни институции за дополнителна заштита на рибниот фонд, изјави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски кој денеска го посети Хидробиолошкиот институт во Охрид.Министрот додава дека Риболовните основи кои ги изработиле стручните лица од хидробиолошкиот институт и 14 доктори на науки, беа неопходни за да се прецизира како ќе се врши изловот на риба,  како да се објават тендерите  и како да се  постават...

Продолжи со читање

parkinzi Partizanska

На Партизанска и понатаму ќе се наплаќа за паркирање

Views: 94Обидот на ВМРО ДПМНЕ, преку советничката Јованка Дамоска Секулоска да им олесни на охриѓани и гостите не помина кај градските избраници. Имено по долга расправа и по низа навреди упатени и од опозицијата и од позицијата во советот, сепак, на крај пет советници гласаа ЗА, осум против и еден остана воздржан, со што предлог одлуката за измени на одлуката за организирање на режим на сообраќај, односно иницијативата на советничката од ВМРО- ДПМНЕ, Јованка Дамовска- Секулоска, за укинување на наплатата за паркинг на улицата „Партизанска“, не се усвои.„Главната цел за нашиот предлог беше...

Продолжи со читање

gimnazija

Свеченоста за доделување на дипломите на матурантите на 07 август

Views: 108Годинава спектаклот ќе се одржи во дворот на Охридската Гимназија на 07 август.  Директорот Наум Рилковски открива дека се подготвува настан за паметење, не само за матурантите, туку и за сите останати, кои ќе дојдат да ја поздрават оваа успешна генерација. Кулминација на прославата ќе биде концертот на светски познатот музичар, охриѓанецот  Владимир Василески – Четкар.„Мислам дека нетреба многу зборови за да се каже кој е што е. Тој е врвен и светски музичар кој во чест на матурантите но со подршка на градоначалникот овој концерт ќе биде во дворот на гиманзијата. И за него беше...

Продолжи со читање

Maneski Nikola

Две години од смртта на новинарот Никола Манески

Views: 106Членови  на потесното семејство на Никола Манески, пријатели, ученици, колеги, соработници уште еднаш му одадоа почит пред неговото вечно почивалиште. „Никола Манески беше извонредна личност. Тој за време на неговиот живот ни ги покажа вистинските професионални и морални вредности“, вели портпаролот на СВР Охрид и негов многу добар пријател Стефан Димовски. „Сакам да потенцирам дека новинарот и портпарол Никола Манески кој секогаш со посебен пиетет зборуваше за новинарството и со сите свои сили се трудеше да ни ги долови тајните на новинарството, вклучувајќи го сегментот за...

Продолжи со читање