Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

И локалната се вклучи во хуманитарната акција за денот на гладта

Post Views: 259   Во рамки на одбележувањето  на “Неделата на борба против гладта“, денес градоначалникот Никола Бакрачески,  претставници од Општината и Советот   со купување  прехранбени производи  се вклучија во акцијата што Локалната  ја реализира заедно со Црвен – Крст Охрид, а се однесува на донирање прехранбени пакети за социјално загрозените семејства  од градов.„Сакам да упатам апел до сите граѓани на Охрид  да се вклучат што е можно по масовно во оваа хуманитарна мисија заедно со службите на Црвен  Крст или индивидуално да ја поддржат кампањата за борба против гладта, и...

Продолжи со читање

Општинската администрација се обучува по Британски терк

Post Views: 180 Едукација за општинската јавната администрација преку која ќе се подобрува нејзината ефикасност и ефективност. Преку оваа обука која ја спроведува Британската амбасада се нагласува потребата на изнаоѓање на постапки, методи и алатки кои ќе овозможат проценка и подобрување на квалитетот на јавниот сектор и кавалитетот на услугите кои администрацијата има ја дава на граѓаните.„На мое лично задоволство и Охрид е една од трите општини во Р Македонија, кои се вклучени во пилот програмите за имплементација на алатки за инструменти за управување со кавлитет, како што е заедничката...

Продолжи со читање

Се комплетираат советите на Урбаните Заедници

Post Views: 206 Општина Охрид, согласно законот за локална самоуправа и статутот на општина Oхрид, до 26 ти ноември треба да ги комплетира советите на Урбаните заедници. Собирите на граѓани ги свикува градоначалникот, а истите првично започнаа да се комплтираат во 2010 год. Но по мали недоразбирања поинтензивно со изборите за работните тела на Урбаните заедници се продолжи на 14 октомври. Советите имаат од 3 до 8 членови.  „Она што е најинтересно за јавноста е зошто застана целата оваа псотапка? Само да потсетам, минатата локална самоуправа започна според законските обврски за избор...

Продолжи со читање

Студентски појадок на ФТУ

Post Views: 287 Студентите денес за Менаџерите на поголемите Охридски хотели, раководителот на ТЛЕР, деканот продеканите и професори од  ФТУ подготвија вкусен појадок и со тоа покажаа што практично научиле.  На работниот појадок во реновираното факулететско бифе  се дискутираше и за заклучоците од тркалезна маса одржана неодамна на која беа отворени одредени проблеми во хотелската индустрија.На богата трпеза имаше пица, кинеска храна во слатко кисел сос, тортиљи, македонско мезе и слично. „Целта е преку практична работа да ги подготвиме студентите да бидат врвни мајстори во кујната,...

Продолжи со читање

После пет години започна систематска дератизација во Охрид

Post Views: 185 Согласно законските прописи Општина Охрид покрај дезинсекцијата која ја спроведе во три наврати во летниот период, од денеска започнува и со дератизација на канализационата мрежа. Локалната за акциите за запрашување, три за дезинсекција и една за дератизација има издвоено вкупно 1 милион и шестотитини илјади денари. „Согласно законските обврски што ни ги налага државниот санитарен  и здравствен инспекторат и според усвоената програма во неколку наврати од 15 до 17 јуни од 11 до 12 јули и од 22 до 23 август имаше запрашување за десинсекција, а согласно усвоената програма...

Продолжи со читање

Започна чистењето на каналите и речните корита

Post Views: 277  Започна акцијата на чистење канали и речни корита во Охрид и околината. Навременото чистење на реките од отпадоци но и вегетација ќе спречи нивно излевање во текот на зимскиот период. Акцијата ја спроведува ЈП Охридски Комуналец, а зафатите започнаа од каналот кај Езерка. „Ќе се чисти каналот на реката Грашница долж целиот тек онаму каде што има потреба да тоа. Понатака и другите канали кои се дел од програмата на локалната самоуправа. Чистењето ќе биде до оној момент до кога налагаат временските прилики, ќе прекратиме доколку има дождови, а инаку до крајот на октомври...

Продолжи со читање

Охриѓани ги изложија своите проблеми пред премиерот и министрите во Владата на Р Македонија

Post Views: 208 Премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во рамки на редовните активности и средби со граѓаните на караванот на Владата на Република Македонија на граѓанска трибина во Охрид. Преставниците на Владата ресорните министри, државни секретари и директори на државни и јавни претпријатија, покрај за оствареното, со охриѓани ги споделија и плановите за иднина.  Груевски истакна дека Владата ги исполнува сите ветувања, а едно од нив е дека секоја година најмалку еднаш годишно преку јавна отворена трибна ќе се среќаваат со граѓаните, со...

Продолжи со читање

Охрид дел од проектот на ЕУ „Недела на движењето“

Post Views: 249 По повод Светската „Недела на движењето„ Ј.П. „Билјанини Извори„ во соработка со Федерацијата за рекреативен спорт организираат неколку спортски настани за децата од градинките, основните училишта и рекреативците.Претпладнево  во спортската сала, за дечињата од детската градинка Јасна Ристеска од клонот Лихнида беа организирани спортски игри.  Дечињата видно задоволни од настанот. Тие откриваат и како и со кого спортуваат дома. Проектот „Недела на движењето“ е под покровителство на Европската Унија. Годинава во него се вклучени околу 30 држави, а на наша среќа една...

Продолжи со читање

Заводот за кардиоваскуларни заболувања се осовременува

Post Views: 296 Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид денес беше извршена првата интервенција врз пациент со новата опрема за интраваскуларен ултразвук која е набавена од Америка. Опремата е набавена со сопствени средства на заводот, а првата интервенција ја реализира поранешниот директор на заводот и актуелен градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески, заедно со доктор Власис Нинос од клиниката Сент Лукс во Солун.Д-р Бакрачески пред новинарите истакна дека новата техника е современа метода која овозможува ултразвична дијагностика  на коронарните крвни садови, интраваскуларен...

Продолжи со читање

Сребро за охриѓанецот Гоце Мојсоски на Светското првенство во бодибилдинг

Post Views: 276  Мојсоски со сребренето одличје од светскиот собир на бодибилдери не само што го повтори минатогодишниот успех кога се закити со бронзен медал, туку го освои посветлото одличје и се искачи едно скалило погоре. „Конкуренцијата беше многу голема, имаше натпреварувачи скоро од сите земји“, вели Мојсоски.  Тој открива дека нетпреварот бил многу исцрпувачки и дека траел од 15 до 20 часот навечер или цели пет часа. Охридскиот бодибилдер за ТВМ раскажува како течеле подготовките за натпреварот, но и открива од што се се одрекол за да се подготви за светското првенство.„Се...

Продолжи со читање

Холивудско мени на ФТУ

Post Views: 387 Ставено во функција реновираното бифе на Факултетот за туризам и угостителство. Преку овој гламурозен коктел со специјално приготвено мени, ФТУ денеска не само што го стави во функција бифето, туку и најави многу новини од кујната на ФТУ. Морски плодови, јастог на камерунски начин, рубен сос, тартар бифтек, црн и црвен кавијар, шкампи во сос од виски и торта Опера бастилја, беа дел ексклузивните јадења од холивудското мени, кое денес го подготвија студентите. „Не треба многу труд за да се понуди екстра вкусна трпеза туку само љубов кон готвењето“, истакна дипломираниот...

Продолжи со читање

Мини хидроцентралите на летничките извори без добивка

Post Views: 294 5 те мини хидроцентрали на Охридско струшкиот регион, три во Охрид и две во Струга, изградени во 2008 год. работат без добивка. Од кога се изградени, нити една година не работеле со полн капацитет и со добивка. Постапката за јавно приватно партнерство за изградба на мини Хидроцентралите беше  отворена во 2007 год. Кога беше и објавен повик за јавно приватно партнерство, на кој се пријавија  повеќе фирми, а за најповолен понудувач беше избрана  фирмата Феро Инвест од Велес. По склучувањето на договорот во 2008 год. беа изградени  Мини хидроцентралите Охрид1, Охрид 2,...

Продолжи со читање