Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

aviom Holangani

Холанѓаните пристигнаа

Views: 66Првата група од 120 туристи од Холандија преку аранжманите на тур-операторот „Арке травел – ТУИ“ денеска со чартер лет пристигна во Охрид. Беа пречекани на традиционален начин со погача и сол, но и со шампањ и торта. Гостите воодушевени од дочекот, организиран специјално за нив.„За вашата земја слушнав од мојата девојка. Таа беше овде минатата година и ми пренесе многу позитивни искуства за Охрид – беше воодушевена“, вели едне од гостите. Друг пак открива дека во Македонија очекува да види многу планини, цркви и пријателскиот народ“. Првата група холандски туристи, на...

Продолжи со читање

Jonce Trajkoski

Станови се градат, но не се купуваат

Views: 73Драстично намалена продажбата на станови во Охрид во споредба со минатите години. Сопствениците на агенции за недвижности велат дека продажбата им опаднала за дури  70 до 80 %, но дека не ги плаши само тоа што не се продаваат станови, туку тоа што луѓето воопшто не прашуваат за купување на станови. Но, за вака лошата моментална состојба Сопствениците на агенции, вината ја насочуваат во економската криза, но и предимензионираната градба во градот. „Сите инвеститори преќутно кажуваа дека продваат, но општ е заклучокот дека многу малку станови се продаваат. Неможе да имаме 100 %...

Продолжи со читање

Jove kekenovski

Македонски експерти ќе го креираат високото образование во Црна Гора

Views: 82Проф. д-р Јове Кекеноски од Факултетот за туризам и угостителство, познат аналитичар, ќе биде  дел од тимот кој ќе го креира високото образование во Црна Гора. Тој неодамна беше избран од црногорското министерство за образование и спорт да биде дел од листата на експерти за акредитација на високото образование и студиски програми во Црна Гора.„Ова е несекојдневен начин на собирање на туѓо меѓународно искуство каде сите ние кои сме избрани на таа листа на експерти ќе се обидеме нашето искуство да го импементираме во нивната пракса при отворањето на нови високообразовни институции и...

Продолжи со читање

kating film do balca

Охриѓани на кастинг

Views: 87Во почетокот на мај ќе започнат интензивните подготовки за снимање на дел од македонскиот игран филм „До балчак“, или со работен поднаслов „Приказна за Дивиот Исток“ во режија на Столе Попов, а според сценарио на Академик Горан Стефановски. По кастингот во Битола, денеска се бараа статисти и меѓу охриѓани, за сцените кои ќе се снимаат во Св. Наум.  Кастингот во Охрид е само еден ден, во споредба со Битола каде статисти се избираа 8 дена, затоа што таму ќе се снима најголемиот дел од филмот или околу 70 %.  Делови од филмот ќе се снимаат и во Св. Николе, Овче Поле, и Скопје....

Продолжи со читање

poplava Struga

Поплавени подруми, а Р.Е Водовод не интервенира

Views: 74По улица „Климетица“ во Струга шест дена тече вода, а надлежните од Р.Е Водовод не интервенираат. Граѓаните како што е ред најпрво решение за проблемот побарале од МЈП Проаква и случајот го пријавиле до надлежните служби во ова ЈП. Откако никој не излегол на терен за да го отстрани дефектот, се обратија и до нашата редакција.Во дописот испратен до ТВМ  стои дека целата улица е во хаотична состојба, а најлошо од се е што сите околни куќи кои поседуваат подрумски простории се полни со вода за пиење. За да се увериме излеговме на терен, каде констатиравме дека жителите на улица...

Продолжи со читање

karti humanitaren koncert

Хуманитарен концерт „Од деца за деца“

Views: 77Концертот за кој учениците се подготвувале месец и половина е организиран од седмооделенците, а наменет за нивните соученици полуматурантите.  „ Уште не е дефинирано, каде ќе одат парите, најпрво сакавме тие да бидат за децата кои ќе одат на екскурзија, а немаат пари, но се намалува бројот и повеќе не сакаат да одат, а другите пари ќе одат кај болно девојче од училиштето. Всушност каде ќе одат парите ќе одлучиме кога ќе се собарат а се зависи од тоа колку ќе собереме“, вели Ивана Мирчевска – ученик ООУ Кочо Рацин.Учениците уште кога ја кажале идејата и желбата за хуманиратниот...

Продолжи со читање

plazi Struga

Анекс договори за концесионерите на плажи од Струга

Views: 74Концесионерите на седум од дванаесеете плажи на брегот на Охридското езеро во делот на Струга, доколку сакаат  и понатаму да стопанисуваат со плажите, ќе треба да потпишат анекс договори со општина Струга за концесионирање во наредните две години. Во постапката ќе се опфатат сите плажи чиј двегодишен мандат веќе истекува. Новите договори нема да сменат ништо во однос на цената на концесијата за следните две години која ќе остане непроменета во однос на првите договори кои закупците ги имаа склучено со Министерството за транспорт и врски.„Доколку ги исполнат договорите согласно...

Продолжи со читање

testiranje TOP 10

Лајонс клубот „Охрид“ ги избра најдобрите ученици

Views: 74Денес во просториите на образовниот центар „Пи-си“ се одржа вториот циклус од натпреварите „Топ 10 Избор на најдобар ученик на градот Охрид“, за учебната 2011/2012 година. Електронските тестирања за избор на најдобрите десет ученици, се спроведоа по наставните предмети македонски јазик, англиски и математика.  Учениците задоволни од тестовите и времето кое им беше дадено за решавање. Годинава се натпреваруваа 125 натпреварувачи, ученици од 5-то до 8-мо одделение од шест основни училишта од Охрид. Училиштата ги избираат најдобрите ученици, додека од Лајонс клубот „Охрид“ го...

Продолжи со читање