Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

Локалната со големи планови за земјиштето од поранешната касарна

Post Views: 318 Пробивање на улица, спортски центар, високо образовни институции,  државни институции, амбуланта, црква, трговски центар“, се дел од содржините кои ќе никнат на потегот на некогашната охридска касарна. Планот кој веќе е усвоен, ќе може да се дефинира откако ќе биде прецизирано колкав дел од земјиштето ќе добие општина Охрид.За овој огромен простор кој во моментов е крајно неискористен, локалната само чека да помине владината процедура за пренамена, по што веднаш ќе се започне со реализација на планот донесен за овој потег. „На ова место донесена е планска документација...

Продолжи со читање

Избрани членовите за општинскиот Извршен и Надзорен одбор на ОО на СДСМ

Post Views: 276 Годишна изборна општинска Конференција на ОО на СДСМ Охрид. Формирани општинскиот Извршен и Надзорен одбор на СДСМ Охрид.  На Конференцијата која с еодржа синоќа, покрај делегираните претставници од општинската организација, присуствуваа и Генералниот секретар на СДСМ, како и охридските претставници во Извршниот и Централниот одбор на партијата, како и стотина претседатели, координатори и претставници од месните одбори и други општински партиски функции. Во согласност со статутарните одредби, на синоќешниот состанок беа утврдени и усвоени листите со кандидати за членови...

Продолжи со читање

Изградбата на канализационата мрежа во Лакочереј во полн ек

Post Views: 292 Eкипите на ЈП „ Нискоградба“  не запираат со изведување на градежните работи за приклучување на канализационата мрежа во Долно Лакочереј. „Веќе една недела се изведуваат гредажните активности во населбата Радојца Новичиќ, односно на улицата која води до Долно Лакочереј. Се поставува канализациона мрежа во должина од 1300 метри. Со тоа се исполнува ветувањето на градоначалникот Бакрачески, дека конечно оваа приградска населба ќе добие канализациона мрежа за третман на отпадните води. Овој зафат ќе го изведува ЈП Ниско градба со што цениме дека ќе се подобри работата...

Продолжи со читање

Состојбата со платите во охридските ЈП!!!!

Post Views: 295 Граѓани, вработени во МЈП Проаква се пожалија до ТВМ дека ЈП доцни со иплата на личен доход.  За да ја испитаме ова информација се обративме и до првиот човек на МЈП Проака, но и до останатите директори на ЈП. По денешната средба со нив, наидовме на крајно спротивни тврдења.  Првиот човек на Проаква Томе Паскалоски вели дека откако тој е назначен за генерален директор на МЈП од  07 јуни редовно се исплаќаат платите, поточно дека секој месец се исплаќа по една плата. Тој додава дека за четири месеци има исплатено 4 и пол плати. „Почнувајќи од крај на април, на 30 април...

Продолжи со читање

Читање во сеќавање на нобеловецот Шејмас Хили

Post Views: 346 Љубителите на пишаниот збор се потсетија на делата на ирскиот поет, писател, драматург,  преведувач и нобеловец за литература – Шејмас Хили, кој  почина годинава  во месец август на 74 годишна воздраст.Денешниот ден градската библиотека го посвети токму на овој великан, во рамките на културните активности кои редовно ги организира, а се подржани од министерството за култура.„Истиот поет значаен великан, еден од 100 те гении на нашето време. Тоа е светска ранг листа и тој се наоѓа на 30 тото место. Тоа беше еден од повеќето поводи во 2001 го доби златниот венец...

Продолжи со читање

Корисниците на кредити за своите права ќе се едуцираат преку брошури

Post Views: 302 Кои се правата на потрошувачите во договорите за потрошувачки кредити? Кој е кредиторот, што е договор за потрошувачки кредит, на што најчесто треба да внимаваат граѓаните,  кој е рокот за откажување на кредитот и кои се надлежни институции кога конкретен потрошувач би се нашол со конкретен проблем и на кои може да се обрат? Одговорите на овие прашања граѓаните од сега ќе можат да ги пронајдат во брошурата издадена од Организацијата на потрошувачи на Македонија, а подржана од министерството за економија. Од ОПМ велат дека брошурата е изработена според претставки на...

Продолжи со читање

Информатичкиот универзитет наместо да се дислоцира – се реновираше

Post Views: 258 Информатичкиот универзитет  „Св. Апостол Павле“ и оваа академска година останува на старата локација. Со цел просторот да ги задоволи потребите на студентите, изминатиов период универзитетот се реновираше и прошируваше. Ректорот на универзитетот проф. Д-р Нинослав Марина вели дека  новиот дел ќе ги задоволи потребите за блиска иднина, но додава дека на подолг период раководтвото размислислува за зголемување на капацитетите.„Процедурата со касарната е сеуште отворена и уште стои како опција и во наредниве месеци ќе ве известиме за динамиката околу новиот универзитетски...

Продолжи со читање

Во Охрид отворено брачно советувалиште

Post Views: 335 Во центарот за социјални работи во Охрид денес беше отворено ново советувалиште за брак и семејство. Советувалиштето ќе функционира на доброволна основа и на граѓаните ќе дава бесплатни услуги за надминување на проблемите во бракот и во семејството.  Во советувалиштето ќе можат да бидат вклучени и граѓани кои што стапуваат во брак, со цел да се запознаат со нивните права и обврски. „Ова советувалиште верувам дека ќе придонесе во надминување на проблемите и намалување на бројот на разводите воопшто. Овој проект го најавивме пред месец дена и веќе започнува да се реализира....

Продолжи со читање

Со марш, борците од Охрид го одбележат Меѓународниот ден на мирот

Post Views: 210 По повод Меѓународниот ден на мирот – 21 Септември, претставници на Сојузот на борци од Охрид, изведоа мировен марш од пред седиштето на Сојузот на борците,  до градскиот плоштад, по што беше положено цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк.  Пред присутните на денешното одбележување на Меѓународниот ден на мирот беше прочитана и пораката на генералниот секретар на ООН Бан Ки- Мун. Учесниците на маршот испратија порака за траен мир и благосотојба на сите луѓе во светот, без разлика на вера, нација, религија. Пораката беше упатена до власта...

Продолжи со читање

Охриѓани подготвени за државниот натпревар по Прва помош

Post Views: 316 Официјален организатор на натпреварот е Црвениот крст на Р Македонија, со голема логистичката подршка од Црвениот крст од Охрид. За прв пат на ова државно првенство ќе има игра помеѓу актерите, малку поразличен  пристап во однос на однесувањето со повредите , нешто што активистите од ОО на Црвен крст го работат изминативе четири години. Годинава тимот од oхриѓани состевен од актери од 15 луѓе, меѓу кои и  шест шминкери ќе бидат официјални актери на државното првенство.Членовите на охридскиот тим сигурно во себе, велет дека се максимално подготвени за секакви ситуации....

Продолжи со читање

Ќе се снима документарен филм за Светите Климент и Наум

Post Views: 232 Филмот би претставувал еден вид продолжение на филмот Св. Кирил и Методиј,  во Чешко Словачка, Руска и Српска продукција, и комплетно реализран од чешката продуценската куќа tree broders. Продуцентот на филмот за Св Кирил и Методиј, Виктор Криштов,  благодарение на наговите пријатели охриѓани Александар Глигуроски и Јован Буџакоски кои живеат во Чешка, во два наврати ги посети сите знаменитоски и културно истористи споменици во Охрид, но и во Македонија. Тој е воодушевен од она што го виде вели дека веќе прави планови како би изгледал  историскиот филм посветен на...

Продолжи со читање

Започна академската година 2013 / 2014

Post Views: 255  Факултетите подготвени за бруцошите. На ФТУ годинава запишани 300 студенти. Денеска тие  ги добија своите индекси, со што и официјално станаа дел од оваа реномирана високообразовна установа.Во третиот уписен рок што ќе се одржи утре, се очекува да се пријават уште триесеттина студенти. И оваа година, како и изминатите, најголем интерес за запишување имало на насоките Царина и шпедиција и осигурување, открива деканот на ФТУ, Сашо Коруновски. „Тие студенти се на шесте студиски програми кои се во комбиниран состав и тоа четири годишни и тригодишни академески студии....

Продолжи со читање