Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

ФТУ домакин на Меѓународна конференција на ИКТ технологија

Post Views: 345 Денеска во Охрид беше отворена 5 -тата Меѓународна конференција „ИКТ Иновации 2013 “. Главна тема на денешната конференција ќе бидат  иновациите во образованието, а денеска се зборуваше за отворени податоци. Токму за овој тип податоци министерството за информатичко општество и администрација и Владата на Р М се залагаат веќе неколку години, со цел да му овозможи на приватниот сектор, да ги искористува податоците, што ги имаат државните институции со кои податоци, во Европската  Унија обртот односно ДДВ во однос на економијата на ЕУ достигнува до 60 милијарди евра годишно.„Очекувам...

Продолжи со читање

Нечоски освои втора награда на „Пирин Фолк“ во Бугарија

Post Views: 343  Голем успех на тандемот  Нечоски,  Павловски и  Арнаудова на интернационалниот фестивал„Пирин Фолк“, во Сандански, Бугарија. Петар Нечоски, познатиот македонски фолк-пејач ја освои втората награда  на овој фестивал, но и наградата за интерпретација, за песната  „Кој пат да го фатам“.Текстот  го напиша Вера Арнаудова, музиката е на Диме Павловски, а аражманот на Славко Ристески.„Јас прв пат пеам на овој фестивал и искрено сум многу изненаден од организацијата од пристапот и од тоа како ги вреднуваат како личности интерпретаторите, авторите, текстопиците. Бевме сместени...

Продолжи со читање

Охрид доби специјализирана продавница за здрава храна

Post Views: 665 По Прилеп, Струмица и Куманово „Компанијата Бако од денеска и во Охрид.  Оваа специјализирана продавница за здрава храна работи под слоганот „Вкус кој не се заборава“.  Сопственикот на компанијата Омер Фејзуловски со гордост зборува за растот на фирмата, за сопственото  производство и ланецот на продавници кои го имаат низ земјава. „Очекуваме дека охриѓаните ќе бидат задоволни. Квалитетот ни е број еден. Хранете се здраво, живејте подолго со производите на Бако и се надеваме дека охридѓаните ќе бидат задоволни. Имаме квалитет и наше фабричко производство имаме 150...

Продолжи со читање

Јане Петков – Човекот Амфибија, успеа во својот подвиг

Post Views: 333 Патеката од Горица 1 до малото пристаниште, долга 2388 метри врзан во вреќа ја преплива за 2 часа и 47 минути. Петков на  скептиците кои не веруваа во најавите им покажа што е верба и самоконтрола. На целта стигна свеж и задоволен, со најава дека доколку водата беше потопла би можел да плива многу подолго.„Имаше една струја лоша уште на првиот километар многу студена, но со мислата си контролираш дека ти е топло и продолжуваш напред. Немав проблем. Ако беше потопла водата ќе пливав многу повеќе 5, 10 километри итн. Но тоа ќе го направам следната година. Сега ќе чекаме...

Продолжи со читање

Започнува Балканскиот шампионат во едрење….

Post Views: 303 Охрид домаќин на 46 тиот отворен балкански шампионат во едерење, „Охрид 2013“ . Шампипнатот кој е во организација на Едриличарската федерација на Македонија започнува утре и ќе трае до 8 ми септември. „Минатата година на балканијадата во Балаксиди Грција, ја добивме организацијата на  46 тата Балканијада. Се потрудивме со мали потешкотии  еве сме тука да кажеме дека од денеска до 8 ми септември ќе настапат репрезантациите на Турција, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и домаќинот Македонија“, истакна претседателот на едриличарска федерација на Македонија, Стефан...

Продолжи со читање

Нема решение за проблемот со изградбата на црквата во Октиси

Post Views: 369 После триесетминутен разговор зад затворени врати митрополитот на Деберско Кичевската Епархија, г. Тимотеј и градоначалникот на Струга Зијадин Села не донесоа никаков заклучок во однос на изградбата на црквата во селото Октиси. По средбата струшкиот градоначалник рече дека се работи за меѓуверски конфликт, а тој само помага во неговото решавање. Според Села во моментов најдоброто решение е времена мерка за одложување на изградбата на параклисот, за што тој поднел барање до судот.„Нашата цел е граѓаните да живеат мирно и спокојно без никакви проблеми. Не ни требаат...

Продолжи со читање

Училиштата подготвени за школската година

Post Views: 325 Учиштата се подготвуваат за почетокот на школската година. Пред ширум да ги отворат вратите за учениците, се гланцаат дворовите, но и училишните простории. Додека учениците одмараа во училиштата се работеше. Генерално сите општински училишта преку локалната добија помош од Јавните претпријатија. „Изградивме парк со забавни реквизити за најмладите. Посадивме садници, цвеќиња. Нашите ученици во акција ги избоија бетоните во зелена боја. Исековме дрва кои беа со дозвола и нашите вработени изработија клупи и столчиња во еко стилот. Изработивме од рециклирани матријали,...

Продолжи со читање

Општина Охрид се вклучува во проектот за гасификација на Македонија

Post Views: 392 Студијата за гасификација на Македонија презентирана пред градоначалниците на деветте општини членки на Југозападниот плански регион. Целта на студијата е да се разгледа изводливоста во секое населено место, да се спроведе овој проект што на граѓаните би им овозможил нов енергетски систем, поквалитетен, еколошки почист и далеку поевтин. Изработувач на физибилити студијата  е фирмата „Гасификација Инжињеринг“ од Скопје. „Во моментов физибилити студијата е во припремна фаза на собирање на податоци и координација на локалните самоуправи преку центрите за југозападен плански...

Продолжи со читање

Бурна расправа на Советот на Југозападниот плански регион

Post Views: 211 Бурна расправа на Советот на Југозападниот плански регион. Од предвидените 14 точки од дневниот ред најмногу прашина се крена за права точка „Предлог одлука за избор на раководител на центарот за развој на Југозападниот плански регион“. Дел од градоначалниците сметаа дека оваа точка не е валидна и дека треба конкурсот кој е распишан да се поништи и да се распише нов. Претседателот на Југозападниот плански регион, струшкиот градоначалник Зијадин Села, во име на оние кои бараа поништување на конкурсот го образложува нивниот став. „Направени се некои состаноци, со потписи...

Продолжи со читање

Годинава брисеви од грло и нос се земаат и во централната градинка

Post Views: 367 Градинките се спремаат за големиот почетокот на 02 септември. Законска обврска на родителите кои ги запишуваат дечињата во градинка е да донесат негативен бактериски наод од грло и нос на своите деца. Годинава за прв пат центарот за јавно здравје обезбеди мобилна екипа која брисеви на дечињата им зема во централната градинка. За дечињата земањето брис во градинка, наместо во просториите на центарот за јавно здравје помалку стресно. Целта на акцијата на градинката и центарот з ајавно здравје е да им ја олесниме работата на родителите, нои стресот на дечињата, велат...

Продолжи со читање

ПФМ тврди: „Се е подготвено за Охридскиот пливачки маратон“

Post Views: 386 Четири македонски меѓу 28 те маратонци кои ќе се борат за првото место  на 27-от Охридски пливачки  маратон. Нашите надежи дека можеби годинава сепак македонец ќе биде прв или меѓу најдобрите, насочени кон најискусниот маратонец Томи Стефаноски, кој заедно со Евгениј Поп Ацев го делат второто место во генералниот пласман, но не помалку надежни се и останатите двајца Александар Илиевски и Александар Панчевски. За тоа дека Стефаноски е навистина подготвен за победа говори и фактот што дел од неговиот тим е Бугаринот, Петар Стојчев, кој од 20 учества на маратонот победи...

Продолжи со читање

ПФМ не даваат информации за подготовките – зафатени се организираат маратон

Post Views: 327 Дали е се подготвено за Охридскиот пливачки маратон? Колку пливачи ќе пливаат? Колку чамци ќе ги пратат? Кога ќе старува? Кој е наградниот фонд? Ова се само дел од прашањата кои ја интересираат јавноста пред почетокот на најголемата спортска манифетсација во земјава. Охриѓани се посебно поврзани со маратонот и заслужвуваат да бидат информирани како течат подготовките на маратонот. Но годинава посебно тешко се доаѓа до било каква информација, порада затвореноста и дрскиот однос на организаторот – Пливачката федетација на Македонија. И покрај нашата упорност и постојаните...

Продолжи со читање