Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

sahta

Жителите на Воска се гушат во прав

Views: 148Дел од Охрид и во 21 век нема улично осветлување. Покрај овој проблем, жителите од улицата Ариф Мустафа се жалат и дека секојдневно се соочуват и со низа други проблеми.„Осветлување нема, асфалт нема, а најлошо е што канализацијава не е како што треба и наместо да оди надолу таа се враќа назад и прави проблеми во куќиве. Исто е и кај мене. Штом заврни дожд, фекалии  извираат во нашиве дворови. Сме се пожалиле во локалната, направив и список и го поднесовме ама сеуште немаме одговор“, вели жител на ул. Ариф Мустафа, Злате Велоски. Велоски уште прашува зошто локалната не смогна...

Продолжи со читање

Boris Lusev

Охридските основци – добри математичари

Views: 154На регионалниот натпревар по математика кој се одржа викендов во универзитетот за информатички технологии, основците  од деветте  училишта од регионов покажаа фантастични резултати. Дел од натпреварувачите проговорија за тоа како и колку се подготвувале за натпреварот.„Имав 100 бодови. Се спремавме заедно со наставничката и со уште неколку другарки околу еден месец.  Вежбавме цело време и можам да кажам дека иако задачите беа тешки ние успеавме да ги решиме затоа што имавме слични решавано и успеавме да се снајдеме“, вели ученичката од ООУ Григор Прличев, Анастасија Игњатовска....

Продолжи со читање

Konkurs skola mediumi

Виоката школа за новинарство ќе стипендира средношколци

Views: 132Високата школа за новинарство и односи со јавност, денеска пред охридските средношколци го презентира конкурсот за најдобар средношколски, медумски производ „Изрази се преку медиумите“.  Целта е преку креативноста на средношколците, да се спречи насилство во училиштата кое беше актулено изминатиов период. Медиумскиот производ кој ќе го создадат средношколците треба да ја потикне свеста за поголема толеранција меѓу учениците и избегнување на конфликтните ситуации, како и создавање на една позитивна училишна атмосвера. Охриѓани заинтересирани за проектот. Некои од нив веќе имаат и...

Продолжи со читање

aerodrom Ohrid

Нови чартер линии кон Охрид

Views: 147Дали конечно од листата проблеми поради кои трпи туризмот ќе го прешкртаме недостатокот од директни чартер летови. Се зголемува раздвиженоста на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле. Воведени неколку нови чартер линии преку кои туристите побрзо и поевтино ќе стигнат на одмор во Охрид. Српската авиокомпанија „ЈАТ ервејз“воведе летен возен ред, во чии рамки ќе биде воспоставена и линијата Белград – Охрид – Белград. Од овој месец од скопскиот и од охридскиот аеродром ќе летаат нови нискобуџетни авиокомпании кон Брисел и кон Амстердам. Летово благодарение на...

Продолжи со читање

donco taneski

Хотелиери цврсто застанаа зад проектот на ХОТАМ

Views: 130Иницијативата која отпочна во 2006 година на годишното собрание на ХОТАМ со поддршка на градоначалникот на Охрид, конечно продолжува понатаму. Претседателот на ХОТАМ објаснува дека постојаната комуникација со локланата самоуправа , министердтвото за танспорт и врски и секторот за туризам на РМ во врска со реализацијата на проектот изготвен во 1977 година од страна на општините ОХрид и Ресен, конечни дојде на дневен ред. „Денеска имавма состанок со колегите бидејќи ние сме задолжени од министерството за економја до 30 април да се изјасниме дали стоиме зад сета досегашна преписка и...

Продолжи со читање

kupi kuka kupi stan

Слаб одзив за „Купи куќа – купи стан“

Views: 130Илјадници подигнати барања, но многу малку предадени апликации, а ретко одобрени барања за субвенциониран станбен кредит од владиниот проект „Kупи куќа, купи стан“. Ваква е состојбата на ниво на држава, а во Охрид сликата е многу полоша. Од охридските филијали на скоро сите банки кои го поддржаа проектот, го добивме истиот одговор. Бројот на заинтересирани охрѓани голем, но одзивот, односно бројот на поднесени  апликации многу мал. Според Министерството за финасии, 18 компании од земјава нудат станови по цена која прифатлива според владиниот проект. Од нив, една е државна,...

Продолжи со читање

motor

Голем интерес за возачка од „М“ категорија“

Views: 155Започна со реализација проектот „ Безбедно управување со мопед„ наменет за учениците од 14 до 18 години. Интересот кај охриѓани очекувано многу голем. 15 годишната Ангела Ангелоска една од многуте, која побрза да се пријави.„Претпладнево се пријавив во полициската станица. Дојдов со татко ми затоа што така мораше, за да ме запишат.Занам да возам мопед, се научив по сокачињата , но сега е многу полесно, затоа што ќе имам дозвола“, вели ученичката Ангела Ангелоска.Проектот е дел од глобалната децениска кампања за зголемување на безбедноста на патиштата и истиот ќе им овозможи на...

Продолжи со читање

Mini ezero

Од езерото извадени 19 тони мини

Views: 136 Завршена трета фаза од проектот со кој се чистеше езерото од неексплодирани убојни средства. Но, за успешно да заврши се, воопшто не беше се така лесно. За да снимиме дел од акцијата поребно беше да се пополнат формулари и да ја пријавиме крвна група. Овој податок доволно јасно покажува за каква акција станува збор. Сепак најголема одговорност во проектот на Дирекцијата за заштита и спасување имаше тимот за подводно деминирање. Професионалните нуркачи кои за оваа акција имаа специјална 25 дневна обука во Бјела – Црна Гора одлично ја изведоа цалата акција. „Чувството да...

Продолжи со читање