Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

Томислав Тунтев именуван за претседател на ОО на СДСМ

Post Views: 306 Првиот човек на СДСМ, претседателот Зоран Заев, синоќа  на последниот состанок на највисокото раководство на охридскиот огранок на партијата, го именува актуелниот советник Томислав Тунтев за претседател на општинската организација на СДСМ во Охрид.Тунтев за претседател на охридските социјалдемократи бил избран, откако влегол во потесниот избор, заедно со Веле Тодороски. Според измените на статутот на СДСМ донесени на вториот конгрес на СДСМ на 30 јуни годинава, претседателот на партијата, ги именува претседателите на ОО, а секој именуван претседател е обврзан да направи...

Продолжи со читање

Циклус филмови од Столе Попов во Кино Бавча

Post Views: 354 Од 21 до 25 август во центарот за култура Григор Прличев во соработка со кинотека на Македонија во обновениот простор на Кино бавча или летно кино ќе се прикажуваат циклус филмови од   еден од најпознатите и најреномирани македонски режисери Столе Попов. Проекциите започнуваат со Црвениот коњ, во кој главните улоги ги толкуваат Бата Живоиновиќ, Илија Џувалековски, Радмила Живоиновиќ , Коле Ангеловски, Мето Јованоски , Ристо Шишков. .. По него веќе во четврток љубителите на филмот ќе имаат можност да се потсетат на филмот „Среќна Нова 49“ .„Џипси меџик“ е во петок ...

Продолжи со читање

Музичкиот дел на Охридско лето, завршува со концертот на Немања Радуловиќ

Post Views: 284 Со концерт на српскиот виолинист Немања Радуловиќ, кој се вбројува меѓу највпечатливите уметници од младата генерација на денешната музичка сцена, во пијано придружба на Сузан Маноф од САД, вечерва се затвора музичкиот дел од програмата на Охридско лето 2013. Познатиот виолинист, кој со своите атрактивни настапи го одушевува аудиториумот и пијанистката позната по својот афинитет кон камерната музика , во акустичната Света Софија ќе изведат дела на Чајковски, Моцарт, Бах, Франк, Равел. „Во коципирањето на програмата на музичкиот дел на фестивалот Охридско лето големо...

Продолжи со читање

Акцијата „Се грижиме за топол дом“ на дело во Охрид

Post Views: 384 Покуќнина за семејството Шемо од улица Бистрица, чиј дом изгоре минатата година. Тие се меѓу првите во Охрид, кои добија гарнитура за дневна соба , машина за перење, шпорет, телевизор, поточно  комплетна покуќнина благодарение на акцијата „Се грижиме за топол дом“, од министерството за труд и социјлна политика. Покуќнината на семејството им ја предаде лично министерот за труд и социјална политика, Симе Спасов кој попладнево ги посети придружуван од секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, претседателката на совет Гордана Коњаноска  и советници.  Министерот Диме...

Продолжи со читање

Се урна половина куќа на улицата Климентов униветзитет

Post Views: 342 Се урна половина куќа на улицата Климентов униветзитет. Настанот се случил вчера  попладне околу 16 часот. Станува збор за руиниран објект, но и живеалиште за 42 годишниот Александар Сандев, кој е невработен, не прима социјална помош, нема родители и не е оженет.„ Тоа беше така еден силен потрес. Се вознемирија и комшиите и ми кажаа дека нешто се случило, за среќа на тој дел јас не бев бев во долниот дел од куќата. Појќе другиве луѓе се растрчаа да го видат проблемот. Тоа потешко ќе оди и зависи. Ќе видиме институциите што ќе направат и во кој дел ќе оди сето тоа....

Продолжи со читање

Започна трката по студентски индекс

Post Views: 418 Државните универзитети ги отворија вратите за академската 2013/2014 година. На Факултетот за туризам и угостителство очекувана навала и голема заинтереситаност, за студирање на овој факултет. Кандидатите со точно дефинирани ставови,  на која насока сакаат да го продолжат своето образование.  Од ФТУ потврдуваат дека и годинава имаат голем интерс за запишување на понудените студиски програми. Проф.д-р. Ирина Петровска,  претседател на уписната комисија,  вели  дека годинава на ФТУ можат да се запишуваат студенти и на новата студиска програма „Менаџмент на услужен сектор...

Продолжи со читање

Општина Охрид се вклучи во организацијата на охридскиот маратон

Post Views: 308 Охрид одбројува до меѓународниот пливачки маратон. Локалната власт годинава активно се вклучува во негово помагање покрај со финансии и во организацискиот дел.Преку одлука на совет одобрени се  средства во висина од 300 000 денари за финансиска подршка на маратонот , а од друга страна имаме и добар дел од активностите на мартонот ќе бидат логистички подржани од наша страна.  Ова е за прв пат конкретна и голема помош во поглед на самата организација на маратонот“, истакнува раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов.  „Маратонот знаеме на кое ниво е сведен последниве години....

Продолжи со читање

Се подготвува теренот за манифестацијата „Охридска софра“

Post Views: 354 Наместо Ѓомлезијада, од годинава – „Охридска софра“. Оваа манифестација која е во организација на секторот за Туризам и локален економски развој има за цел да ги обедини промотивните аспекти на традиционалата храна и пијалоци во Охрид. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов вели дека нема да се менува ништо од  традиционалната Ѓомлезијада, туку манифестацијата ќе се прошири со тоа што од годинава ќе се подготвуваат и традиционални специјалитети од охридскиот крај  кои заедно со ѓомлезето ќе имаат промотивен карактер. „Сите подготвувачи на храна и презентери ќе...

Продолжи со читање

Спортските риболовци против, каналот да се претвори во инпровизирана марина

Post Views: 397 Едниот брег од каналот Студенчишта кој и припаѓа на локалната самоуправа ќе се уредува најави неодамна првиот човек на  Капетанијата на пристаништата. Капетанот Горан Устијаноски вели дека на една страна од каналот, која и припаѓа на општината ќе се изгради инфраструктура за прифаќање на пловните објекти. Просторот ќе се уреди и заштити и тука за одреден надомест ќе може да се чуваат безбедно пловните објекти. Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид е против овој проект на Локалната самоуправа.„Новиот проект на локалната самоуправа за изградба...

Продолжи со читање

Општина Охрид формираше „Локален совет на млади“

Post Views: 380 Денеска кога светот го одбележува “Денот на Младите“, во Охрид се формираше локалниот совет на млади при општина Охрид.  Преку ова тело градоначалникот конечно ќе ги слушне проблемите на младите, но и ќе има можност заедно да изнајдат начин за решение за истите. „На овој начин, активно ќе ги вклучиме младите во процесот на донесување на одлуки во локалната самоуправа и секако  во процесот со управување со локалната самоуправа“, истакна градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески. „Ова тело по теркот на советот на градски татковци ќе има консултативна и советодавна...

Продолжи со читање

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Post Views: 248 Верниците со исламска вероисповест го слават празникот Рамазан Бајрам со кој завршува Светиот месец Рамазан и се означи крајот на едномесечниот пост. Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена. Ведат Хасан Сарачаглу пензиониран наставник кој сега живее во Истамбул – Турција се потсетува како некогаш се славел Рамазан Бајрам или Шеќер Бајрам во Охрид. Раскажува дека кога биле деца родителите ги носеле од роднина до роднина, од пријател до пријател со цел да ги запознаат, а во денешно време родителите оделе сами, а децата сами. „Празниците треба да се слават...

Продолжи со читање

Нова сезона, стари маки за жителите од стариот дел на Охрид

Post Views: 386 Жителите на Стар Град и годинава се жалат дека немаат мирен сон. Од Советот на Урбаната заедница Стар град упатено е писмо до градоначалникот и советот на град Охрид, во кое реагираат дека сопствениците на угостителски објекти не ги почитуваат одлуките и законите.  Граѓаните реагираат на бучавата која доаѓала од таканаречената “Ајван плажа” за која пишуваат дека не знаат дали е плажа , кафе барови или ноќни клубови ,но и од бродовите кои возат гости во вечерни прошетки. Граѓаните укажуваат и на поставувањето на жардињери, маси и прегради кому каде ќе му...

Продолжи со читање