Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

kanal Biljanini izvori

Спортските риболовци во работна акција

Views: 82Спортските риболовци денеска го чистеа каналот од останатата изумрената плашица, која почна да се распаѓа. Јавно се запрашуваат зошто никој од надлежните не реагираше досега и дозволија плашицата да скапува во каналот.„Нормален човек ќе се запраша во чија надлежност е каналот и ова што се случува во Охрид. Сега настапува топол период и се знае дека рибните болести настапуваат многу брзо во езерото и стравувам дека ќе имаме зараза поради која не ќе се знае што ќе се прави повеќе“, вели член на СРД Св. Апостол Петар, Борис Ѓеорѓиевски.  Спортските риболовци сметаат дека поигрувањето...

Продолжи со читање

виктор мирхази конзул израел

Израелски искуства за развој на руралниот туризам

Views: 76Проектот е граѓанска иницијатива која ја отпочна Локалната Агенција за Развој од Струга, во соработка со Израелската агенција за интернационална соработка и развој (МАШАВ). „Резултатите ќе бидат тоа што ќе имаме 30 тренери кои понатака ќе ја шират и водат идејата за развој на рурален туризам во нашите села, а опфатени се и Албанија, Поградец и Тушемиште. За десет дена ќе ги имаме првите тренери, а понатаму од нив ќе зависи како тоа ќе се развива“, истакна координаторот на проектот, Катерина Василеска.Во насока на зајакнување на односите помеѓу Израел и Македонија, целта на...

Продолжи со читање

иваноски иво министрер

Проектот „регулаторна гилотина“ во Охрид

Views: 81Активноста на министерството за информатичко општество и администрација во проектот „регулаторна гилотина 4 та фаза предност на малите претпријатија“, стигна и во Охрид. Министерот за информатичко општество пред присутните образложи што претставува проектот и која е целта. Тој потенцираше дека со овој проект малите претпријатија многу би добиле. „Идејата е откако ќе ги добиеме предлозите се што ќе биде прифатено од институциите ќе биде ставено во една рамка и со таа рамка ќе се следат институциите колку тоа брзо ќе го завршат. Од првите три фази првата беше 100% завршена, втората...

Продолжи со читање

Tose Cocoroski

Нова категоризација на хотелските капацитети

Views: 83Министерството за економија подготвува нов, построг Правилник за категоризација на угостителските објекти и хотелите. Отсега за еден хотел да се стекне со четири ѕвездички, неопходно е да има базен, а за пет хотелот задолжително треба да има базен, фитнес и спа-центар. Новиот правилник предвидува и зголемена квадратура на собите, и тоа 14 метри квадратни за еднокреветна соба за хотел со пет и 12 метри квадратни за соба за хотел со четири ѕвездички. Овие измени нити ги изнанадија, нити разочараа охридските хотелиери. Манаџерот на хотелот Силекс, Тоше Чочороски вели дека оние...

Продолжи со читање

Димче Шапкарески

Велгоштани на протест

Views: 90Недовршената канализациона мрежа и неасфалтираните сокачиња причина за протести во Велгошти. Иако не во голем број жителите од ова село проговорија за проблемите со кои се соочуваат.„Пред две години започнавме со изградбата на канализационата мрежа во Велгошти. Не се завршени уште споредните патчиња. На неколку пати имаме барано од локалната самоуправа да се изврши санирање на истите, но досега немаме никаков одговор. Жителите се револтирани затоа што ние сме блиску до градот и во 21 век не доликува да газиме по вакви улици и да ги кршиме автомобилите“, вели претседателот на МЗ...

Продолжи со читање

agrooperativa

Во Струга отворена првата канцеларија на „Агрооператива“

Views: 82Агроператива ќе се залага за едукација на земјоделците и нивно доусовршување. Токму оваа канцеларија ќе бидат алка која ќе ги поврзува земјоделците и министрството за земјоделство.  „Канцеларијата ја отвораме за да им служи на земјоделците  и фармерите за да може овде со нас да ги реализира своите цели“, вели претседателката на „Агрооператива“. „Сите заинтересирани здруженија ќе може да ја користат услугата на оваа канцерија која ќе им биде сервис на сите земјоделци и на сите оние на кои ќе им треба совет, насока, стручна литература организирани и квалитетни земјоделски...

Продолжи со читање

ljuben arnaudov

Започна изградбата на општата болница

Views: 81Ветено направено. Од фирмата „Виа Игнација“ денеска започнаа и со градежните активности во Општата Болница во Охрид. Сопственикот на Фирмата која го доби тендерот Ѓоко Угриноски во телефонскиот разговор истакна дека рокот од осум месеци нема да го пробие, не само затоа што доколку не се испочитува договорот пеналите се многу големи, туку и поради тоа што е човек од збор и добро си ги знае своите способности.  Од општата болница велат дека за да се скрати изгубеното време од фирмата  „Виа Игнација“ одлучиле истовремено да работат на повеќе позиции. Сведоци бевме дека денеска се...

Продолжи со читање

naum_cakar_jovanoski

По обвинувањата се огласи и ОО на СДСМ

Views: 75Претседателот на ОО на СДСМ Наум Јованоски, на денешната пресс конференција на Општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ го преведе како „ДНО“ на политичката и воопшто човечката комуникација. Тој  обвини дека човек не може да поверува до кои граници може да оди фрустрацијата, приземноста и некултурата на една партија, поточно како што кажа на таканаречени политичари кои во Охрид ја претставуваат Партијата која шест и пол години е на власт во Република Македонија. Јованоски крајно разочаран по вчерашните обвинувања од претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Михаилов кој во изјавата пред...

Продолжи со читање