Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

Четири хотели ќе никнат во НП Галичица

Post Views: 7 Идејата и проектот е на Министерството за транспорт и врски. Од таму уште во 2010 год од НП Галичица побарале информација за одредување на локации на кои би можеле да се изградат сместувачките капацитети. Изборот кој го предложиле од паркот се локации во населени места, поточно не во строго заштитената зона, населбата Коњско на преспанска страна, во селото Коњско на Охридска страна, на Корита.„ Согласно планот за управување и проектниот план кој е изработен во НП вакви активности се дозволени единствени во зоната за одржливо искористување. Оваа зона ги опфаќа...

Продолжи со читање

На мета на инспекторите – дивите превозници

Post Views: 7 Акцијата на Министерството за транспорт и врски, за искоренување на дивите превозници преку државниот инспекторат ги бележи првите позитивни резултати. Од Здружението на превозници во патниот сообраќај „Исток“ задодоволни што конечно ќе се воспостави ред. „Како резултат на таа акција приходите бележат пораст од 40 -60 % што е добра цифра и од нас очекувана. Не е тешко да се согледа каква загуба трпевме години наназад, но покрај нас загуба трпеше и државата со тоа што тие не плаќаа данок“, вели член на координативното тело на здружението на превозници „Исток“,...

Продолжи со читање

Протести пред општинската зграда во Струга

Post Views: 7 „Еден затвор помалку“, „Заменик министре имате страв од образовани албанци“, „Во Македонија има 28 училишта со 3 -5 ученици, а во Подгорци сме 23 ученици“, се дел од пораките кои децата од Подгорци ги носеа денеска на протестите пред општина Струга. „Денеска протестираме за правата на нашите деца“, велат родителите кои беа исто така пред општинската зграда во Струга.„Си ги бараме правата. Нашите деца да одат во своето училиште  во селото каде што се родени. И ние како и сите граѓани плаќаме данок за деца, за се плаќаме данок. Овде сме родени и овде бараме права...

Продолжи со читање

Охридските образовни институции континуирано работат на еколошката свест

Post Views: 5 Интернацоналното собрание на национални оператори од земјите членики на светската фондација за еколошка едукација се одржува во Охрид.  По тој повод видни гости од цел свет, екологисти и научници кои ја промовираа еколошката програма ги посетија градинката Јасна Ристеска и основното и средното училиште Св. Климент Охридски.  Охридските образовни институции кои континуирано работат на зголемување на еколошката свест ќе можат да користат средства од европски фондови. Градинката во еко проектот е вклучена од 2009 год. „Цртежите на тема екологија постојано се присутни...

Продолжи со читање

И локалната се вклучи во хуманитарната акција за денот на гладта

Post Views: 6   Во рамки на одбележувањето  на “Неделата на борба против гладта“, денес градоначалникот Никола Бакрачески,  претставници од Општината и Советот   со купување  прехранбени производи  се вклучија во акцијата што Локалната  ја реализира заедно со Црвен – Крст Охрид, а се однесува на донирање прехранбени пакети за социјално загрозените семејства  од градов.„Сакам да упатам апел до сите граѓани на Охрид  да се вклучат што е можно по масовно во оваа хуманитарна мисија заедно со службите на Црвен  Крст или индивидуално да ја поддржат кампањата за борба против гладта, и...

Продолжи со читање

Општинската администрација се обучува по Британски терк

Post Views: 11 Едукација за општинската јавната администрација преку која ќе се подобрува нејзината ефикасност и ефективност. Преку оваа обука која ја спроведува Британската амбасада се нагласува потребата на изнаоѓање на постапки, методи и алатки кои ќе овозможат проценка и подобрување на квалитетот на јавниот сектор и кавалитетот на услугите кои администрацијата има ја дава на граѓаните.„На мое лично задоволство и Охрид е една од трите општини во Р Македонија, кои се вклучени во пилот програмите за имплементација на алатки за инструменти за управување со кавлитет, како што е...

Продолжи со читање

Се комплетираат советите на Урбаните Заедници

Post Views: 15 Општина Охрид, согласно законот за локална самоуправа и статутот на општина Oхрид, до 26 ти ноември треба да ги комплетира советите на Урбаните заедници. Собирите на граѓани ги свикува градоначалникот, а истите првично започнаа да се комплтираат во 2010 год. Но по мали недоразбирања поинтензивно со изборите за работните тела на Урбаните заедници се продолжи на 14 октомври. Советите имаат од 3 до 8 членови.  „Она што е најинтересно за јавноста е зошто застана целата оваа псотапка? Само да потсетам, минатата локална самоуправа започна според законските обврски за...

Продолжи со читање

Студентски појадок на ФТУ

Post Views: 10 Студентите денес за Менаџерите на поголемите Охридски хотели, раководителот на ТЛЕР, деканот продеканите и професори од  ФТУ подготвија вкусен појадок и со тоа покажаа што практично научиле.  На работниот појадок во реновираното факулететско бифе  се дискутираше и за заклучоците од тркалезна маса одржана неодамна на која беа отворени одредени проблеми во хотелската индустрија.На богата трпеза имаше пица, кинеска храна во слатко кисел сос, тортиљи, македонско мезе и слично. „Целта е преку практична работа да ги подготвиме студентите да бидат врвни мајстори во...

Продолжи со читање