Автор: Маленкова Татјана
Views: 74Согласно законските прописи Општина Охрид покрај дезинсекцијата која ја спроведе во три наврати во летниот период, од денеска започнува и со дератизација на канализационата мрежа. Локалната за акциите за запрашување, три за дезинсекција и една за дератизација има издвоено вкупно 1 милион и шестотитини илјади денари. „Согласно законските обврски што ни ги налага државниот санитарен и здравствен инспекторат и според усвоената програма во неколку наврати од 15 до 17 јуни од 11 до 12 јули и од 22 до 23 август имаше запрашување за десинсекција, а согласно усвоената програма и...
Започна чистењето на каналите и речните корита
Views: 68 Започна акцијата на чистење канали и речни корита во Охрид и околината. Навременото чистење на реките од отпадоци но и вегетација ќе спречи нивно излевање во текот на зимскиот период. Акцијата ја спроведува ЈП Охридски Комуналец, а зафатите започнаа од каналот кај Езерка. „Ќе се чисти каналот на реката Грашница долж целиот тек онаму каде што има потреба да тоа. Понатака и другите канали кои се дел од програмата на локалната самоуправа. Чистењето ќе биде до оној момент до кога налагаат временските прилики, ќе прекратиме доколку има дождови, а инаку до крајот на октомври рачунаме...
Охриѓани ги изложија своите проблеми пред премиерот и министрите во Владата на Р Македонија
Views: 67Премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во рамки на редовните активности и средби со граѓаните на караванот на Владата на Република Македонија на граѓанска трибина во Охрид. Преставниците на Владата ресорните министри, државни секретари и директори на државни и јавни претпријатија, покрај за оствареното, со охриѓани ги споделија и плановите за иднина. Груевски истакна дека Владата ги исполнува сите ветувања, а едно од нив е дека секоја година најмалку еднаш годишно преку јавна отворена трибна ќе се среќаваат со граѓаните, со цел од прва...
Охрид дел од проектот на ЕУ „Недела на движењето“
Views: 67По повод Светската „Недела на движењето„ Ј.П. „Билјанини Извори„ во соработка со Федерацијата за рекреативен спорт организираат неколку спортски настани за децата од градинките, основните училишта и рекреативците.Претпладнево во спортската сала, за дечињата од детската градинка Јасна Ристеска од клонот Лихнида беа организирани спортски игри. Дечињата видно задоволни од настанот. Тие откриваат и како и со кого спортуваат дома. Проектот „Недела на движењето“ е под покровителство на Европската Унија. Годинава во него се вклучени околу 30 држави, а на наша среќа една од тие земји е...
Заводот за кардиоваскуларни заболувања се осовременува
Views: 59Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид денес беше извршена првата интервенција врз пациент со новата опрема за интраваскуларен ултразвук која е набавена од Америка. Опремата е набавена со сопствени средства на заводот, а првата интервенција ја реализира поранешниот директор на заводот и актуелен градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески, заедно со доктор Власис Нинос од клиниката Сент Лукс во Солун.Д-р Бакрачески пред новинарите истакна дека новата техника е современа метода која овозможува ултразвична дијагностика на коронарните крвни садови, интраваскуларен...
Сребро за охриѓанецот Гоце Мојсоски на Светското првенство во бодибилдинг
Views: 91 Мојсоски со сребренето одличје од светскиот собир на бодибилдери не само што го повтори минатогодишниот успех кога се закити со бронзен медал, туку го освои посветлото одличје и се искачи едно скалило погоре. „Конкуренцијата беше многу голема, имаше натпреварувачи скоро од сите земји“, вели Мојсоски. Тој открива дека нетпреварот бил многу исцрпувачки и дека траел од 15 до 20 часот навечер или цели пет часа. Охридскиот бодибилдер за ТВМ раскажува како течеле подготовките за натпреварот, но и открива од што се се одрекол за да се подготви за светското првенство.„Се подготвував...
Холивудско мени на ФТУ
Views: 76Ставено во функција реновираното бифе на Факултетот за туризам и угостителство. Преку овој гламурозен коктел со специјално приготвено мени, ФТУ денеска не само што го стави во функција бифето, туку и најави многу новини од кујната на ФТУ. Морски плодови, јастог на камерунски начин, рубен сос, тартар бифтек, црн и црвен кавијар, шкампи во сос од виски и торта Опера бастилја, беа дел ексклузивните јадења од холивудското мени, кое денес го подготвија студентите. „Не треба многу труд за да се понуди екстра вкусна трпеза туку само љубов кон готвењето“, истакна дипломираниот менаџер по...
Мини хидроцентралите на летничките извори без добивка
Views: 1405 те мини хидроцентрали на Охридско струшкиот регион, три во Охрид и две во Струга, изградени во 2008 год. работат без добивка. Од кога се изградени, нити една година не работеле со полн капацитет и со добивка. Постапката за јавно приватно партнерство за изградба на мини Хидроцентралите беше отворена во 2007 год. Кога беше и објавен повик за јавно приватно партнерство, на кој се пријавија повеќе фирми, а за најповолен понудувач беше избрана фирмата Феро Инвест од Велес. По склучувањето на договорот во 2008 год. беа изградени Мини хидроцентралите Охрид1, Охрид 2, и Охрид 3 на...








