Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

Охридски и Српски полицaјци од денеска заедно ќе патролираат

Post Views: 181 Српски полициски службеници заедно со нивни колеги од СВР Охрид од денеска во две смени ќе патролираат во Охрид и периферните делови, како и на крајбрежјето. Целта на оваа заедничка акција  е да се зголеми безбедноста на граѓаните и туристите кои престојуваат на охридската ривиера.„Она што посебно е карактеристично за оваа соработка е дека целта на заедничките партоли не е само зголемување на степенот на размена на искуства помеѓу полициските службеници од двете министерства, туку многу повеќе излегување во пресрет на граѓаните со цел задоволување на нивните потреби...

Продолжи со читање

Повнимателно со личните предмети – крадците демнат

Post Views: 244 Ако едни доаѓаат во Охрид да одмораат, други доаѓаат на печалба. Охрид во летен период вообичаено мета на крадци. За време на туристичката сезона  како по некое непишано правило има  зголемување на казнените дела кражби кои првенствено се случуваат  на плажите во крајбрежјето, но и во домовите на оние кои заминале на одмор. Од СВР велат дека и оваа сезона  во секторот евидентирано е благо зголемување на ваквите казнени дела. Портпаролот Стефан Димовски вели дека СВР Охрид делува пред се превентивно, со цел елиминирање на ваквата појава. Тој додава дека годинава како...

Продолжи со читање

Светскиот виолончелист Антонио Менезес вечерва на Охридско лето

Post Views: 182 Вечерва на програмата на Охридско лето во црквата  Света Софија, концерт на светскиот виолончелист Антонио Менезес  кој заедно со Олга Задо, една од најперспективните пијанисти од нејзината генерација ќе изведат дела на Шуман, Брамс, Франк. Менезес  прв пат гостува во Охрид. Тој по првата проба воодушевен од просторот каде ќе настапи, но и од гостопримливоста на Охриѓани.„Црквата е прекрасно и во неа се чуствуваме прекрасно. Звукот е фантастичен. Убаво се чувствувавме додека свиревме во црквата, многу сме среќни за тоа. Откако ја добив поканата почнав да гледам и да...

Продолжи со читање

Обид за кражба на делови од макета на оклопно возило на Мауцкер

Post Views: 192 Две лица се обиделе да украдат делови од макета на околопно возило тенк од Мауцкер. Неофицијално прво со оксиген ја исекле макетата од оклопното возило на делови, за потоа да се обидат ги украдат истите. Обидот за кражба во СВР го пријавил чуварот на депонијата на  Мауцкер со која стопанисува ЈП Охридски Комуналец.„Во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови при доаѓањето на нашите претпоставени на работа забележани се делови од исечени тенкови и бидејќи тоа не е понатака во наша надлежност известен е секторот за внатрешни работи за понатамошна постапка“,...

Продолжи со читање

Започнува првата фаза од проектот со кој ќе се реновираат училиштата во Охрид

Post Views: 178 По скенирањето на состојбата во основните и средните училишта, започнува првата фаза од проектот со кој ќе се реновираат образовните институции во Охрид. Портпаролот на локалната самоуправа Томе Џамтовски вели дека до овој момент до локалната стигнале проекти од сите основни и средни училишта во градов, преку кои бараат да се вложи во оној дел кој им е најнеопходен. зафатите во образовните институции ќе се одвиваат во две фази.  „Оваа прва фаза во моментов се прибрани сите проекти кои ги изготвиле училиштата, а кои во првата фаза бараат менување на дограмата, прозорите...

Продолжи со читање

„Мизантроп“ од Молиер ќе биде првата премиера на Охридско лето

Post Views: 210 „Мизантроп“ на текст на Жан Батист Поклен-Молиер, а во изведба на Турскиот театар од Скопје, на репертоарот на Охридско лето утревечер. Ова ќе биде првата од шесте премиери на Охридско лето. Селекторот на драмската програма Ѓорѓи Јолески не го криеше своето задоволство што токму  Турскиот театар од Скопје ќе ја одигра првата премиера на овогодинешното издание на фестивалот.„Турскиот театар е карактеристичен токму по младта актерска екипа која неколку години го освојува Турскиот пазар не само во Македонија туку и на светските театарски сцени“, вели Ѓорѓи Јолески, драмски...

Продолжи со читање

ЛДП на локалната ќе и понуди проект за Стариот дел на Охрид

Post Views: 182 Охридските либералдемократи за 100 дена на градоначалникот му нудат предлог проект за Стариот дел на Охрид, за кој велат дека сериозно го подготвувале во изминативе две години. Претседателот на ОО на ЛДП Дејан Блажески вели дека тие како опозициона партија  не го испочитувале молкот од 100 дена, сметајќи  дека подобро е да се рагира на проблемите тогаш кога ќе се случуваат, отколку да се остават и работите да излезат од контрола.  Блажески смета дека средувањето на Стариот дел е приоритетен проект на кој треба да работи локалната.„Го изработија луѓе професионалци во...

Продолжи со читање

Градоначалникот ги претстави првите 100 дена од развојот на Охрид

Post Views: 192 Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека  сто дена се доволен период да се направи една рамка на активностите на локалната самоуправа, која понатака треба да се надоградува и разработува.Бакрачески потенцираше дека со неговото доаѓање на чело на општина Охрид, локалната отпочна нов начин на управување и функционирање, со проекти како што кажа претходно преставени во изборната Програма. Градоначалникот призна дека финансиските обврски на општината кои достигаат околу 32 милиони евра, неорганизирана и неефикасна администрација, 428 судски спорови за неподмирени обврски...

Продолжи со читање

Локалната бара спас за решавање на проблемот со запуштените приватни имоти

Post Views: 201 До редакцијата на ТВМ се нижат реакции на граѓани кои бараат спас од змијарници и запуштени приватни имоти. Охридска бригада, Крум Точков и Дејан Војвода се само дел од локациите во кои лично се увери и екипата на ТВМ. И покрај тоа што граѓаните јавно не сакаат да зборуваат, за како што велат, да не се замерат со комшиите, нивниот проблем е повеќе од очигледен. Тие признаваат дека се плашат да ги пуштат децата да играат на улица затоа што често се случува од тревите да излезат змии. Од локлната признаваат дека вакви забелешки стигнуваат и на нивна адреса. Токму поради...

Продолжи со читање

Лицата со посебни потреби во локалната самоуправа добија „Инфо точка“

Post Views: 193 „Инфо Точката“ како услуга градоначалникот Бакрачески им ја вети на лицата со посебни потреби при првата средба откако стана градоначалник. Оваа точка е во координација со она што претставува потреба за подобар сервис на оваа категорија граѓани од страна на администрацијата во општина Охрид.„Овие лица ќе имаат подеднакви права и услови како и секое друго лице кое има потреба од вршење на работи од страна на општинската администрација“, вели првиот човек на општина Охрид градоначалникот Никола Бакрачески.„Ова е инфо точка каде лицата со посебни потреби веднаш по влегувањето...

Продолжи со читање

Стопирани градежните активности на ул. Крум Точков

Post Views: 429 Градежните зафати на улицата Крум Точков започна со водоводот и асфалтирањето на улицата. Советникот Климе Шешоски кој е директно вклучен во проектот вели дека во моментов тимови посметрале дали постои можност да се направат сите инсталации, за да може потоа да се асфалтира. Тој додава дека е најдобро прво да се промени водоводната инсталација затоа што таму години имаат проблем со цевководот. „Ќе видиме затоа што е сезона, незнам дали граѓаните ќе допуштат да се работи или не. Целиот совет и советниците, сме заангажирани, секој во својот дел да им ја  подобриме оваа...

Продолжи со читање

Координативно тело ги превзема работите со опожарената зграда на Туристичка

Post Views: 181 Откако жителите на опожарената зграда на бул. Туристичка пред камерата на ТВМ проговорија за проблемите со кои се соочуваат по пожарот, нивната мака ја видоа граѓаните на Охрид, но што е уште поважно, локалната власт и надлежните. Рано утрово на иницијатива на градоначлникот формирано е координативно тело, со цел да им се помогне на жителите од оваа зграда. Телото го сочинуваат преставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот и секретарот, преставници на градскиот совет, Противпожарната единица, Секторот за комунален развој и сообраќај , Центарот за...

Продолжи со читање