Автор: Маленкова Татјана
Views: 64Пробивање на улица, спортски центар, високо образовни институции, државни институции, амбуланта, црква, трговски центар“, се дел од содржините кои ќе никнат на потегот на некогашната охридска касарна. Планот кој веќе е усвоен, ќе може да се дефинира откако ќе биде прецизирано колкав дел од земјиштето ќе добие општина Охрид.За овој огромен простор кој во моментов е крајно неискористен, локалната само чека да помине владината процедура за пренамена, по што веднаш ќе се започне со реализација на планот донесен за овој потег. „На ова место донесена е планска документација за...
Избрани членовите за општинскиот Извршен и Надзорен одбор на ОО на СДСМ
Views: 79Годишна изборна општинска Конференција на ОО на СДСМ Охрид. Формирани општинскиот Извршен и Надзорен одбор на СДСМ Охрид. На Конференцијата која с еодржа синоќа, покрај делегираните претставници од општинската организација, присуствуваа и Генералниот секретар на СДСМ, како и охридските претставници во Извршниот и Централниот одбор на партијата, како и стотина претседатели, координатори и претставници од месните одбори и други општински партиски функции. Во согласност со статутарните одредби, на синоќешниот состанок беа утврдени и усвоени листите со кандидати за членови во...
Изградбата на канализационата мрежа во Лакочереј во полн ек
Views: 122Eкипите на ЈП „ Нискоградба“ не запираат со изведување на градежните работи за приклучување на канализационата мрежа во Долно Лакочереј. „Веќе една недела се изведуваат гредажните активности во населбата Радојца Новичиќ, односно на улицата која води до Долно Лакочереј. Се поставува канализациона мрежа во должина од 1300 метри. Со тоа се исполнува ветувањето на градоначалникот Бакрачески, дека конечно оваа приградска населба ќе добие канализациона мрежа за третман на отпадните води. Овој зафат ќе го изведува ЈП Ниско градба со што цениме дека ќе се подобри работата и во ЈП, но и...
Состојбата со платите во охридските ЈП!!!!
Views: 119Граѓани, вработени во МЈП Проаква се пожалија до ТВМ дека ЈП доцни со иплата на личен доход. За да ја испитаме ова информација се обративме и до првиот човек на МЈП Проака, но и до останатите директори на ЈП. По денешната средба со нив, наидовме на крајно спротивни тврдења. Првиот човек на Проаква Томе Паскалоски вели дека откако тој е назначен за генерален директор на МЈП од 07 јуни редовно се исплаќаат платите, поточно дека секој месец се исплаќа по една плата. Тој додава дека за четири месеци има исплатено 4 и пол плати. „Почнувајќи од крај на април, на 30 април исплатени...
Читање во сеќавање на нобеловецот Шејмас Хили
Views: 98Љубителите на пишаниот збор се потсетија на делата на ирскиот поет, писател, драматург, преведувач и нобеловец за литература – Шејмас Хили, кој почина годинава во месец август на 74 годишна воздраст.Денешниот ден градската библиотека го посвети токму на овој великан, во рамките на културните активности кои редовно ги организира, а се подржани од министерството за култура.„Истиот поет значаен великан, еден од 100 те гении на нашето време. Тоа е светска ранг листа и тој се наоѓа на 30 тото место. Тоа беше еден од повеќето поводи во 2001 го доби златниот венец на струшките...
Корисниците на кредити за своите права ќе се едуцираат преку брошури
Views: 85Кои се правата на потрошувачите во договорите за потрошувачки кредити? Кој е кредиторот, што е договор за потрошувачки кредит, на што најчесто треба да внимаваат граѓаните, кој е рокот за откажување на кредитот и кои се надлежни институции кога конкретен потрошувач би се нашол со конкретен проблем и на кои може да се обрат? Одговорите на овие прашања граѓаните од сега ќе можат да ги пронајдат во брошурата издадена од Организацијата на потрошувачи на Македонија, а подржана од министерството за економија. Од ОПМ велат дека брошурата е изработена според претставки на кои најмногу...
Информатичкиот универзитет наместо да се дислоцира – се реновираше
Views: 66Информатичкиот универзитет „Св. Апостол Павле“ и оваа академска година останува на старата локација. Со цел просторот да ги задоволи потребите на студентите, изминатиов период универзитетот се реновираше и прошируваше. Ректорот на универзитетот проф. Д-р Нинослав Марина вели дека новиот дел ќе ги задоволи потребите за блиска иднина, но додава дека на подолг период раководтвото размислислува за зголемување на капацитетите.„Процедурата со касарната е сеуште отворена и уште стои како опција и во наредниве месеци ќе ве известиме за динамиката околу новиот универзитетски кампус во...
Во Охрид отворено брачно советувалиште
Views: 127Во центарот за социјални работи во Охрид денес беше отворено ново советувалиште за брак и семејство. Советувалиштето ќе функционира на доброволна основа и на граѓаните ќе дава бесплатни услуги за надминување на проблемите во бракот и во семејството. Во советувалиштето ќе можат да бидат вклучени и граѓани кои што стапуваат во брак, со цел да се запознаат со нивните права и обврски. „Ова советувалиште верувам дека ќе придонесе во надминување на проблемите и намалување на бројот на разводите воопшто. Овој проект го најавивме пред месец дена и веќе започнува да се реализира....









