Автор: Маленкова Татјана
Post Views: 187 Три дена по пожарот на зграда на Туристичка никој не превзема ништо. 46 те семејства од оваа колективна зграда немаат ни основни услови за живот. Огнената стихија која ја зафати зградата во неделата околу 23 часот, покрај тоа што ги растревожи, им ги зачади станови, каде и по три дена се шири непријатна миризба од која неможе да се спие, ги остави и без електрична енергија. Жителите сеуште видно возбудени раскажуваат за пеколот кој го преживеаја во неделата. Ги вознемирува и фактот што освен противпожарните единици и СВР никој друг не дошол да ги запраша дали им треба...
Охрид има потреба од брод за гаснење на пожари на пловни објекти
Post Views: 205 Ова размислување кај надлежните стана поактуелно по лажната дојава во неделата дека гори брод во близина на хотелот Десарет. Командирот на против пожарната единица Спасе Прентоски вели дека лажната пријавата за пожар на брод на некој начин била вежба за тимовите не само на противпожарната единица, туку на сите структури. Прентоски објаснува дека најверојатно брановите кои се познати како мртви бранови или подвалица, го направиле бродот нестаблен, а дополнителен проблем било тоа што некој уклучил светлосни сигнали на бродот што од далечина изгледале како бродот да...
Со здружени сили до европски пари
Post Views: 197 Регионот Охрид, Струга и Поградец има заеднички климатски и еколошки карактеристики. Првите луѓе на овие општини велат дека заедничка цел им е овој регион во иднина да го развијат преку интензивирање на меѓусебната заедничка соработка, преку формирање на една заедничка стратегија која ќе биде појдовна основа за развој на идните економски политики на овој регион. „Јас сум убеден дека кај градончалниците, но и кај институциите на локалните самоуправи на овие три града кои гравитираат околу Охридксо езеро постои доволна желба и мотив, но и енергија сите проекти кои...
Голема показна вежба за спасување на давеници на старото пристаниште во Охрид
Post Views: 208 Во рамки на обуките за безбедност на вода и прва помош, што заеднички ги реализираат Црвен крст Охрид и Операцијата Флоријан од Англија, денеска на потегот на старото пристаниште во Охрид, се одржа голема показна вежба на спасување давеници и укажување прва помош.Оваа вежба претставува резиме на она што го поседуваме од капацитети и техника, како и координацијата со надлежните институции кои интервенираат во случај на несакани последици во Охридското Езеро. На показната вежба која се изведе на пристаништето спроти хотелот Палас учествуваа припадници на пограничната...
Охрид домаќин на манифестацијата „Ден на Езерото“
Post Views: 212 Со пригодна свеченост на Градскиот плоштад во Охрид и стартот на кружниот велосипедски маратон денеска беше одбележан 21 јуни – Денот на Охридското Езеро. На манифестацијата присутвуваа градоначалниците на трите града на охридското крајбрежје, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, на Струга Зијадин Села и на албанскиот град Поградец – Артан Шкембиј. Градоначалниците едногласни дека постои голема желба , мотив и енергија од трите градови на Охридското езеро за реализирање на заедничките цели во однос на заштитата на езерото, кое нуди огромни можности и кое...
Кривична пријава за охриѓанец кој му се заканувал на градоначалникот
Post Views: 186 Секторот за внатрешни работи Охрид, против С.Д.(46) од Охрид поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Загрозување на сигурноста“. Истражен судија при основниот суд во Охрид му одреди мерка притвор во траење од осум дена. Пријавениот, на 17-ти овој месец преку возач вработен во локалната самоупра ва, упатил сериозни заканителни и навредливи зборови кон актуелниот градоначалник на Охрид. Заканите С.Д. ги упатил откако на мобилен телефон му се јавил на вработен возач во локалната самоуправа при што од него добил одговор дека...
Ново тело ќе ја зајакнува комуникацијата помеѓу Владата и невладините организации
Post Views: 333 Охрид домаќин на национлна конференција насловена како „Структурирање на дијалогот меѓу граѓанските организации и владата“. Учесници на конференцијата се граѓански организации и преставници од владата и тоа од одделението за соработка со невладини организации како и преставници од министртвото за труд и социјална политика и од министртвото за правда. „Идејата на конференциата е да се создаде форум за поширока дискусија меѓу граѓанските организации и Владата околу тоа кава форма има соработката и дијалогот меѓу овие две структури. Владата на Р Македонија има донесено...
Од 01 јули започнува со работа школата за пливање „Делфина 2012 год.“
Post Views: 310 „Делфина 2012“, годинава ќе работи трета година по ред е подготвена да ги прими сите млади деца непливачи, но и сите оние кои сакаат да ги доусовршат техниките на пливањето. Професорот по пливање Соња Думбалова Делова вели дека најдобро е со пливање да се започне од 5 годишна воздраст, а од 4 години со игри на вода. Таа признава дека идеална група би бала од 14 дечиња.„Ние сме еден тим кој ќе работи под мое раководство. Тоа се рекордери во пливање, пливачи кои достигнале рекорди и добивале медаљи. Тие можат многу добро да ја дефинираат не само воздраста туку и техниката...
Питачите протерани од Охрид
Post Views: 189 Туристичката сезона во Охрид е на прагот, а со неа, освен туристи, во Охрид ни доаѓаат и голем број на питачи. 31 полнолетно и 27 малолетни лица кои питачеле во центарот на Охрид, вратени во своите места на живеење. Оваа акција ја спроведе СВР Охрид согласно одредбите на законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште. Акцијата се спроведе викендов, а од СВР најавуваат зачестени вакви акции. Секторот за внатрешни работи Охрид презеде плански мерки за откривање на лица со непријавен престој, лица малолетници без надзор и лица кои се оддаваат на питачење. ...
Отворениот базен повторно во владение на ЈП Билјанини извори
Post Views: 224 Отворениот пливачки базен од денеска повторно под капа на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“. Досегашниот концесионер Владо Рувинов којшто стопанисуваше со базенот, денеска соопшти дека предвреме се откажува од договорот за концесија кој е со важност до 2017 год и дека тоа го прави во интерес на развојот на водениот спорт во градов. „За градов за децава да се направи еден добар спортски центар, пливачки со помош на Кочо Паскали со клубот. Ние како фирма досега не бевме во можност да инвестираме и мислам дека општинава со овој градоначалник и со директорот дека...
Дипломи за успешно завршен курс за изработка на сувенири и бижутерија
Post Views: 236 Курсот траеше три месеци и истиот успешно го завршија кандидатите со различна воздраст и по националност. Сите кои го завршија курсот, оптимисти дека токму оваа доплома е нивната иднина. „Мене најмногу ме привлекува работа со стакло, затоа што всушност тоа го работиме, а сега научивме уште повеќе. Научивме техника на изработка на стакло со акрилни бои, со проѕирни бои и техника за работа со хартија и картон, со текстил со суво цвеќе, со накит, како и многу други техники“, вели Елена Обуха.Организатор на курсот е отворениот граѓански унивезитет за доживотно учење,...
Низа успеси за охриѓанката Бранка Бунташеска
Post Views: 191 Бранка Бунташеска е охриѓанката која го преставуваше Охрид и Македонија на неколку олимпијади во Турција, и од каде се врати со сребро и злато. Таа не сака многу да зборува за своите успеси, само вели дека чест е да се претставува сопствената земја. Од почетокот на второто полугодие Бунташеска учествуваше на повеќе регионални и државни натпревари. Започна со регионалниот по физика, каде го освои трето место, за подоцна да оди на олимпијадата во Турција наменета за екологија, каде освои сребрен мадал. Од последната олимпијада по турски јазик, во Анкара – Турција...