Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

Со заеднички сили против високата стапка на невработеност

Post Views: 169 Поискусните земји ги пренесуваат своите искуства, а останатите своите планови за справување со овој проблем. После Австрија земја со најниска стапка на невработеност е Германија. Претставникот од  сојузното министерество за труд и социјлни работи од Германија, Волвганг Ондорг,  вели дека земјата се соочила со сериозно намалување на  економскиот раст по кризата од 2008 год, но додава дека се спревиле со овој проблем и веќе по една година од кризата успеале да постигнат подобра регионална соработка и раст од три проценти кој следел во следните години, со што успеале...

Продолжи со читање

Долга дискусија за дневниот ред од шестата седница на совет

Post Views: 176 Советниците на денешната шеста седница на совет дискутираа исклучиво за точки од предложениот дневен ред и покрај обидот на опозицијата да вметне уште неколку точки, а кои по подолга дискусија не беа прифатени. Имено предлозите на координаторот на советничката група на СДСМ Томислав Тунтев кој побара советот да добиe Информација за активностите на Плаошник, информација за инвестицијата на Субрата Рој за Љубаништа и информација за Аеродромот за вода,  советот не ги прифати.  Сепак ставот на Тунтев е дека советниците и охриѓни имаат право да знаат што се гради на Плаошник...

Продолжи со читање

Oд понеделник ќе се знае судбината на пристанишетето спроти хотелот Палас

Post Views: 193   Секторот за урбанизам при локалната самоуправа ќе го средува потегот од крајбрежјето. Од понеделник стручен тим ќе го разгледува деталниот урбанистички план за овој потег. По стручните консултации ќе се знае и иднината на малото пристаниште наспроти хотелот Палас, за кое ТВМ минатата недела пишуваше во два наврати. Од локалната откриваат дека последниот детален урбанистички план кој е валиден во овој момент за крајбрежејето односно за овој потег бил донесен на 22 мај 2001 год. „Планот е валиден и сега на тој простор стои истата маркица – пристаниште, онака...

Продолжи со читање

Пресс контењерите ја потврдија својата оправданост

Post Views: 168 Повеќе од оправдан проектот на ЈП Охридски Комуналец со кој на ул. Богомилска и во нас. Христо Узунов беа поставени пресс контењери. Ова решение допринесе во голема мера да се реши проблемот со депонијата која се правеше на овие две локации, поради комплексот згради. Граѓаните не сакаат да зборуваат пред камера, но откриваат дека се задоволни од она што се постигнало со пресс контењерите. Додаваат дека се додека не се  направиле овие еколошки острови на овој потег не се ни минувало поради премногу смет, и непријатната миризаба која се ширела.   „Со поставувањето на...

Продолжи со читање

Сите домашни миленици ќе добијат микрочип за евиденција

Post Views: 186 Кучињата постари од 6 месеци ќе треба да имаат вградено поткожен микро чип кој ќе ја покажува здравствената состојба на миленикот. Ова го предвидува новата мерка која со закон ја пропишува Агенцијата за ветеринарство, најавена од Агенцијата за храна и ветеринарство.  На домашните миленици ќе им бидат имплементирани трајни чипови за евиденција, кои чинат 800 денари. Чиповите ќе содржат информации за вакцините кои ги примило животното и податоци за сопственикот.„На овој начин ќе се оствари целокупната евиденција на бројната состојба на кучињата ќе се овозможи утврдување...

Продолжи со читање

Телевизиските програми од утре само на дигитален сигнал

Post Views: 209 Македонските граѓани од утре ќе следат телевизиска програма само преку дигитален сигнал. Ова треба да овозможи кристално чиста слика, беспрекорен звук и нови интерактивни услуги. Охриѓани генерално запознаени со дигитализацијата. Само мал дел од нив нити слушнале нити знаат што оваа промена ќе им овозможи.Двата кабелски оператори во Охрид Инфел и Алтрасат 2000, комплетно подготвени за да ја спроведат дигитализацијата во  целост. Сопственикот на првиот кабелски оператор во Охрид – „Инфел“, Гоце Иваноски во телефонскиот разговор ни кажа дека за дигитализацијата се подготвени...

Продолжи со читање

Ситуацијата во „Нискоградба“ ништо поразлична од останатите ЈП

Post Views: 210 Новоназначениот директор на ЈП „Нискоградба“, Никола Икономовски јавно проговори за состојбата во која го превзел претпријатието. Тој открива дека со превземењето на функцијата затекнал три неисплатени плати и вкупен долг на ЈП од 67.963.194 денари.  Блокирана сметка поради извршни судски решенија и неплаќање на данок по основ на ДДВ од 5.096.830 денари. Обврски спрема ЈП во Охрид 14.252.712 денари, обврски за неисплатени телефони 64.395 денари, а спрема угостителски објекти како репрезентација 632.523 денари.   Икономовски кажа дека од основањето на ЈП годишно за...

Продолжи со читање

Приказната за малото пристаниште наспроти Палас продолжува

Post Views: 197 Кои тајни ги крие малото пристаниште наспроти хотелот Палас познато како „Мостот на птиците“ и зошто истото и покрај желбата да биде реновирано е во очајна состојба. ТВМ започна со потрагата по луѓе, фирми и институции кои во одреден период покажале желба да го променат изгледот на руината во строгиот центар на Охрид.  Сопственикот на ГП Трудбеник Ацо Спироски за ТВМ раскажа кои  проблеми им искрснале по одуката на Владата во 2002 год. и иницијативата на тогашниот министер за транспорт и врски Љупчо Балкоски некогашната плажа на хотелот Палас, да се поврзе  со копното. Спироски...

Продолжи со читање

Пристаништето наспроти хотелот Палас се распаѓа пред очите на надлежните

Post Views: 218 Бранoвите, високиот водостој на езерото и ветровите комплетно го разурнаа пристаништето наспроти хотелот Палас. Зачудува фактот што никој од надлежните не реагира и не превзема ништо да го сочува или да го реконструира она што остана од некогашното пристаниште. Барајќи кој ја има надлежноста на пристаништето се обративме до Охридската капетанија, како институција која стопснисува со пристанишатта во Р Македонија. Капетанот кој е на службено патување во Хрватска ни кажа дека во Охридската капетанија нема документација која докажува кој е сопственик на пристаништето....

Продолжи со читање

Доделени дипломите на 40 тата генерација студенти на ФТУ

Post Views: 182 200 студенти од петте насоки на ФТУ   туризам,  хотелско – ресторанска, гастрономија, исхрана и диететика, царина и шпедиција  осигурување и безбедност и финансиска контрола, денска ги зедоја своите дипломи. Свеченоста на промоцијата на 40 тата генерација на дипломирани студенти на ФТУ се одржа на Плаошник. „Денеска секако во спомен на Светите браќа Кирил и Методиј чии ученици биле охридските светители Климент и Наум и секако во спомен на прочуената моравска мисија од која одбележуваме 1150 год. Постоење. Токму затоа денеска на Плаошник ќе се потсетиме на минатото,...

Продолжи со читање

Општина Охрид го одбележа денот на Сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Post Views: 209 На свеченоста на градскиот плоштад, по повод Св. Кирил и Методиј пред спомен одбележјето се поклонаа делегации на локалната самоуправа, советот, училиштата.    Пред присутните во име на локалната се обрати секретарот на општина Охрид Димитар Спасески. Тој каже дека е особено горд, што годинешната прослава општина Охрид ја посветува на нашите најмлади сограѓани кои со својот труд, умешност, знаење и посветеност успеја да ги освојат највисоките одличја на сите општински, регионални и државни натпревари. „ Ова за нас како општина претставува гордост, но и обврска  со...

Продолжи со читање

Градоначалникот ја претстави кандидатурата на Охрид за европски град на културата

Post Views: 200 На покана на Филмскиот Фестивалот на Југо-источна Европа “SEE a Paris”, кој под покровителство на УНЕСКО деновиве се оддржува во Париз престојува Градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески. На свечената церемонија, покрај обраќањето на Генералниот Директор на УНЕСКО г-ѓа Ирина Бокова, министерот за култура на Р.Црна Гора, г-дин Бранислав Миќуновиќ, и други високи личности, се обрати и Градоначалникот Никола Бакрачески, кој пред присутните ги претстави културните и духовни вредности на Охрид, на тема “Охрид- кандидат за Европски град на културата...

Продолжи со читање