Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

„Филантропија човекољубие на дело“, проект на Локалната агенција за развој

Post Views: 187 Целта на средбата која се одржа денеска е да се презентира проектот „Филантропија човекољубие на дело“ пред јавноста, а главната цел на овој проект кој го имплеметира локалната агенција за развој, е да се промовира филантропијата во Југозападниот дел на Македонија, поточно во општините Охрид и Струга.  Организаторот вели дека граѓанските здруженија имаат најголема потреба од филантропи  и  додаваат дека и самите ние сме филантропи кога го донираме нашето време и знаење за маргинализирани групи. „Во секој момент имаме потреба од други филантропи кои  ќе ни помогнат...

Продолжи со читање

Директорот на ЈП Билјанини ги откри долговите

Post Views: 191 Вкупната сума која ја должи ЈП  Билјанини Извори по извршената ревизија покажа дека е во висина на еден годишен буџет кој го има ЈП. Директорот Иван Цветкоски денеска јавно проговори за моментална ситуација во ЈП Билјанини извори, поточно за она што го наследи од претходниот директор.  Показателите кои Цветкоски ги соопшти денеска се поразителни во делот на работењето на ЈП Билјанини извори, посебно во делот на петте ставки кои најмногу ги засегаат за претпријатието нормално да функционира.  Вкупната сума која ја должи ЈП е 14 192 859,00 денари или  за данок    790.000,00...

Продолжи со читање

Отворен заеднички Центар за полициска соработка меѓу македонската и албанската полиција

Post Views: 177   Отворен заеднички Центар за полициска соработка меѓу македонската и албанската полиција. Отворањето на овој Центар е уште еден чекор во натамошното продлабочување и интензивирање на соработката на девете полициски служби. Центарот во употреба го пуштија министерката за внатрешни работи на Р Македонија, Гордана Јанкуловска и министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Фламур Нока.  Заедничкиот центар и ваквиот систем на работа ќе овозможи поквалитетна координација на граничните служби, бидејќи на едно место ќе можат да ги разменуваат информациите релевантни...

Продолжи со читање

Трајно се решава проблемот со водоснабдувањето во с. Оровник

Post Views: 194 Градежни зафати во село Оровник, преку кои ќе се реши проблемот со водоснабдувањето посебно за жителите во горниот дел на селото. Жителите крајно задоволни што конечно ќе се реши нивниот проблем. Тие откриваат со кави проблеми се соочувале изминатиов период. „Кога го колев прасето вода немав да се измијам. На пазар еден понеделник отидов неизмиен. Големи  што се прави треба да имаме доволно вода, а како ќе биде ќе видиме“, вели Бранко Мојсоски, жител на с. Оровник.Проектот чини 180 000 денари, а средствата ги обезбеди локалната самоуправа заедно со комуналното претпријатие....

Продолжи со читање

На ФТУ промовирана програмата за Ефективна комуникација за успех во бизнисот

Post Views: 179 На ФТУ презентирана програмата за невролингвистичко програмирање, која овозможува  креирањето успешни личности. Организатори на оваа презентација беа НЛП Центарот од Белград , кој  делува во рамките на Атриа Групацијата чија специјалност се корпоративните тренинзи од областа на комуникациските, продажните и менаџерските вештини,  и Факултетот за туризам и угостителство Охрид.Денешниот тренинг преставува почеток на една подолгорочна соработка на центарот со ФТУ . НЛП е комуниациски модел кој што е базиран на субјективната студија на промената усовршувањето и комуникацијата...

Продолжи со читање

Во убавините на Галичица уживаше реномираниот фоторепортер од Национална географија, Бојд Матсон

Post Views: 172 Промотивна тура на планина преку која се означи почетокот на летната сезона на движење на планина. Оваа тура која се одржа вчера беше во организација на Црвениот крст  и со логостичка поддршка на единицата за спасување на непристапни терени и водичи во планина кои се и лиценцирани членови на оваа единица.Групата која вчера планинареше броеше околу 23 лица, кои  без оглед на временските услови се искачија до врвот на Галичица. „Сите кои што беа речиси се искачија до самиот врв. Малку имаше дожд, но не беше ништо страшно, временските услови беа фантастични. Имавме можност...

Продолжи со читање

Протестите во ЈП Билјанини Извори ставени во мирување

Post Views: 188   Неколкучасовна средба помеѓу новоназначениот директор на ЈП Билјанини извори, Иван Цветковски  и претставници на синдикатот на претпријатието. На конструктивната и позитивистичка средба, како што беше оценета и од едната и од другата страна, било договорено протестите кои започнаа минатаа недела да бидат ставени во мирување, со цел, директорот да се снајде во новонастаната ситуација. Тие побараа од в.д директорот Цветковски да го информира градоначаникот и локалното раководство за нивните барања и заеднички да изнајдат решение за наталожените проблеми во ЈП Билјанини...

Продолжи со читање

Првиот договор за закуп на паркинзи ќе се раскине,а за другиот ќе има судска постапка

Post Views: 199 Една и единствена точка на денешната седница на совет – Предлог Информација во врска со состојбата со паркинг просторите во централното градско подрачје на општина Охрид. Советот на општина Oхрид го задолжи градоначалникот да подготви предлог информација за состојбата на паркинзите поради што беше формирана комисија составена од адвокат, двајца правници и еден сообраќаен инжињер и еден економист кои ја утврдуваа правната регуларност и економската оправданост на договорите за закуп на паркинг просторите во централното градско подрачје. Комисијата по увидот на...

Продолжи со читање

Пронајдени Унгарските туристи

Post Views: 169 Унгарските кајакари на кои на петти мај им се изгуби трага кај авто-кампот Градиште во Охрид се пронајдени живи и здрави на сред езеро. Тројцата мажи и две жени полицијата ги пронајде попладнево на потегот меѓу Градиште и Радожда. Туристите се во добра здравствена состојба.  По првичните разговори Унгарците потенцираа дека им е жал што дошло до сетоа ова, како и за начинот на кој се информирало за нивното наводно исчезнување. Тие беа видно изненадени од медиумската прашина која се кренала за нив, но не ја криеја и нивната воодушевеност од убавината на Езерото. „Охридското...

Продолжи со читање

Продолжуваат предупредувачките протести пред ЈП Билјанини извори

Post Views: 191 Предупредувачкиот штрајк пред ЈП Билјанини извори продолжува.  Претседателот на синдикалната организација на претпријатието, Зоран Стевоски вели дека ќе протестираат се до исполнувањето на нивните барања.  „ Како синдикална организација испративме барање до сите релевантни фактори односно до бившиот директор, до управниот одбор, до советот на општината Охрид и до градоначалникот на општина Охрид. Сеуште на тие наши барања не е одговорено. Искрено се надевам дека ќе започнат интензивно да работат на решавање на нашиве проблеми“, вели Зоран Стевоски, претседател на синдикалната...

Продолжи со читање

150 години хуманитарна мисија на Црвениот крст

Post Views: 171 Семејството на Црвениот крст го сочинуваат над 110 милиони волонтери од 187 земји од светот. Денеска празникот со пригодни свечености го одбележаа сите членки во исто време. Охридскиот  Црвениот крст се вбројува во една од најуспешните организации во Македонија. Оваа општинска организација работи со ранливи категории. Помагаат онаму каде што е најпотребно на социјално загрозените семејства, се врши здравствена едукација и се делува превентивно.  За жал сеуште помошта е од граѓаните за граѓаните, затоа што повисоските инстанци во своите програми немаат издвоено средства...

Продолжи со читање

Трајков најавува поуспешна туристичка сезона од минатогодишната

Post Views: 167 Првомајските и велигденските празници добар показател за тоа каква туристичка сезона не очекува. Првиот човек на агенцијата за промоција и подршка на туризмот Јордан Трајков вели дека очекува зголемување на вкупниот број туристи од Холандија, но и зголемување воопшто на бројот на странски туристи. „Во Македонија мислам дека ќе имаме рекордна сезона и очекувам двоцифрен раст оваа година“, вели Трајков.  Овие негови очекувања и тврдења ги поткрепува со како што вели извонредните 12 кампањи кои ги организирала агенцијата во различни земји. Тој проговори и за иновативните...

Продолжи со читање