Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

OO SDSM

Томислав Тунтев именуван за претседател на ОО на СДСМ

Views: 76Првиот човек на СДСМ, претседателот Зоран Заев, синоќа  на последниот состанок на највисокото раководство на охридскиот огранок на партијата, го именува актуелниот советник Томислав Тунтев за претседател на општинската организација на СДСМ во Охрид.Тунтев за претседател на охридските социјалдемократи бил избран, откако влегол во потесниот избор, заедно со Веле Тодороски. Според измените на статутот на СДСМ донесени на вториот конгрес на СДСМ на 30 јуни годинава, претседателот на партијата, ги именува претседателите на ОО, а секој именуван претседател е обврзан да направи тим за...

Продолжи со читање

kino bavca

Циклус филмови од Столе Попов во Кино Бавча

Views: 126Од 21 до 25 август во центарот за култура Григор Прличев во соработка со кинотека на Македонија во обновениот простор на Кино бавча или летно кино ќе се прикажуваат циклус филмови од   еден од најпознатите и најреномирани македонски режисери Столе Попов. Проекциите започнуваат со Црвениот коњ, во кој главните улоги ги толкуваат Бата Живоиновиќ, Илија Џувалековски, Радмила Живоиновиќ , Коле Ангеловски, Мето Јованоски , Ристо Шишков. .. По него веќе во четврток љубителите на филмот ќе имаат можност да се потсетат на филмот „Среќна Нова 49“ .„Џипси меџик“ е во петок  во 21.00...

Продолжи со читање

Nemanja Radulovic

Музичкиот дел на Охридско лето, завршува со концертот на Немања Радуловиќ

Views: 75Со концерт на српскиот виолинист Немања Радуловиќ, кој се вбројува меѓу највпечатливите уметници од младата генерација на денешната музичка сцена, во пијано придружба на Сузан Маноф од САД, вечерва се затвора музичкиот дел од програмата на Охридско лето 2013. Познатиот виолинист, кој со своите атрактивни настапи го одушевува аудиториумот и пијанистката позната по својот афинитет кон камерната музика , во акустичната Света Софија ќе изведат дела на Чајковски, Моцарт, Бах, Франк, Равел. „Во коципирањето на програмата на музичкиот дел на фестивалот Охридско лето големо внимание се...

Продолжи со читање

socijalna pomos

Акцијата „Се грижиме за топол дом“ на дело во Охрид

Views: 59Покуќнина за семејството Шемо од улица Бистрица, чиј дом изгоре минатата година. Тие се меѓу првите во Охрид, кои добија гарнитура за дневна соба , машина за перење, шпорет, телевизор, поточно  комплетна покуќнина благодарение на акцијата „Се грижиме за топол дом“, од министерството за труд и социјлна политика. Покуќнината на семејството им ја предаде лично министерот за труд и социјална политика, Симе Спасов кој попладнево ги посети придружуван од секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, претседателката на совет Гордана Коњаноска  и советници.  Министерот Диме Спасов  вели...

Продолжи со читање

urnata kuka

Се урна половина куќа на улицата Климентов униветзитет

Views: 105Се урна половина куќа на улицата Климентов униветзитет. Настанот се случил вчера  попладне околу 16 часот. Станува збор за руиниран објект, но и живеалиште за 42 годишниот Александар Сандев, кој е невработен, не прима социјална помош, нема родители и не е оженет.„ Тоа беше така еден силен потрес. Се вознемирија и комшиите и ми кажаа дека нешто се случило, за среќа на тој дел јас не бев бев во долниот дел од куќата. Појќе другиве луѓе се растрчаа да го видат проблемот. Тоа потешко ќе оди и зависи. Ќе видиме институциите што ќе направат и во кој дел ќе оди сето тоа. Денеска дојдоа...

Продолжи со читање

upisi fakulteti

Започна трката по студентски индекс

Views: 68Државните универзитети ги отворија вратите за академската 2013/2014 година. На Факултетот за туризам и угостителство очекувана навала и голема заинтереситаност, за студирање на овој факултет. Кандидатите со точно дефинирани ставови,  на која насока сакаат да го продолжат своето образование.  Од ФТУ потврдуваат дека и годинава имаат голем интерс за запишување на понудените студиски програми. Проф.д-р. Ирина Петровска,  претседател на уписната комисија,  вели  дека годинава на ФТУ можат да се запишуваат студенти и на новата студиска програма „Менаџмент на услужен сектор во Охрид“,...

Продолжи со читање

ohridski plivacki maraton

Општина Охрид се вклучи во организацијата на охридскиот маратон

Views: 85Охрид одбројува до меѓународниот пливачки маратон. Локалната власт годинава активно се вклучува во негово помагање покрај со финансии и во организацискиот дел.Преку одлука на совет одобрени се  средства во висина од 300 000 денари за финансиска подршка на маратонот , а од друга страна имаме и добар дел од активностите на мартонот ќе бидат логистички подржани од наша страна.  Ова е за прв пат конкретна и голема помош во поглед на самата организација на маратонот“, истакнува раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов.  „Маратонот знаеме на кое ниво е сведен последниве години. Ние како...

Продолжи со читање

Ohridska sofra

Се подготвува теренот за манифестацијата „Охридска софра“

Views: 64Наместо Ѓомлезијада, од годинава – „Охридска софра“. Оваа манифестација која е во организација на секторот за Туризам и локален економски развој има за цел да ги обедини промотивните аспекти на традиционалата храна и пијалоци во Охрид. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов вели дека нема да се менува ништо од  традиционалната Ѓомлезијада, туку манифестацијата ќе се прошири со тоа што од годинава ќе се подготвуваат и традиционални специјалитети од охридскиот крај  кои заедно со ѓомлезето ќе имаат промотивен карактер. „Сите подготвувачи на храна и презентери ќе имаат можност...

Продолжи со читање