Автор: Маленкова Татјана
Post Views: 256 Во исклучително успешна и координирана акција предводена од граничната полиција на МВР во соработка на полициската станица од Струга, синоќа во Радожда во близина на караулата пронајдени се 26 килограми опојна дрога Марихуана и 33 килограми риба Белвица. „Синоќешната акција беше координирана со нашите служби и како резултат на оваа координација беше реализирано приведувањето на двете лица од македонска страна кои што се директни учесници во криумчерењето на риби и на опојна дрога марихуана. Исто така пронајдени се и одземени значителна количина риби околу 25 килограми...
28 јули светски ден за борба против хепатитис
Post Views: 264 Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис, 28 јули, кој е и главен настан за подигање на свеста на глобално ниво, преку низа активности се одбележува и во Охрид. Заслужни за кампањата која ја подигнува свеста кај општата популација од ризиците и последиците кои настануваат од оваа болест се НВО ХЕПТА, Опција Охрид, Црвен Крст Охрид и Инфективното одд. при ЈЗУ Општа болница Охрид. Според статистиката на ова одделение во Охрид бројот на заразени лица со овој вирис не е голем, но тие стравуваат дека броката на заболени е многу поголема, но дека ове лица се кријат. „250...
Генералниот секретар на ОН ќе помогне за решевање на спорот со името
Post Views: 252 Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, кој е во официјална посета на Република Македонија, најави дека лично ќе се заложи кај грчките власти за забрзување на процесот за решавање на прашањето за името. Бан Ки Мун изјави дека ќе се ангажира и за почитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. „Ја нагласив мојата посветеност да олеснам брзо решение. Ќе вложиме максимални напори да разговараме со грчките власти. Веднаш по посетата, ќе го испратам својот специјален претставник Метју Нимиц во Грција за да објасни што разговаравме овде. Јас...
Прв степен на безбедност поради посетата на Бан Ки Мун
Post Views: 274 Специјалци, снајперисти, униформирани полицајци, контрола од воздух, вода и земја. МВР подготвува прв степен на безбедност поради гостувањето во Македонија на генералниот секретар на обединетите нации, Бан Ки Мун. Поради пристигнувањето на високиот гостин во земјава формиран е и командно оперативнен штаб.Бан Ки Мун со неговото лично обезбедување пристигнува вечерва на охридскиот аеродромот Св. Апостол Петар. Низ градов ќе помине со новиот блендиран Мерцедес кој МВР го набави пред еден месец, вреден половина милион евра. Мерцедесот ќе го следат моторцикли, а пред...
Петрески за противкандидат го посакува екс пратеникот Цветко Грозданов
Post Views: 246 СДСМ одлучи и повторно довербата му ја даде на актуелниот градоначалник Александар Петрески, со што го избра за кандидат за градоначалник од редовите на оваа партија.Имено,делегатите на СДСМ, на конференцијата која се одржа во саботата во Охрид, за Петрески гласаа едногласно и со акламација го избраа за кандидат за градоначалник. Петрески пак задоволен од довербата која му ја дадоа неговите сопартијци. Тој смета дека овие избори можеби ќе бидат натешки, но е и убеден дека на овие избори најуеверено ќе победи, и тоа не само тој како градоначалник, туку и најуверена...
Родителите на силувана девојка правдата ќе ја бараат во Стразбур
Post Views: 418 „Голем скандал во Охрид. Повеќекратниот силувач слободно се шета по Охридските плажи и улици“, вели таткото на 24 годишната охриѓанка која на 17 јуни беше силувана од страна на како што вели обвинетиот Ѓ.М. Тој јавно запрашува како функционираат институциите во системот и кој го ослободи од притвор силувачот, добро познат на охридската полиција , кој е обвинет за повеќе вакви извршени дела. „Обвинителчниот акт доаѓа од јавниот обвинител никола Довлев кој при мојата посета во неговиот кабинет кога го прашав зошто е пуштен од притвор ми одговори со зборовите, Кој си...
Со здружени сили до зголемен степенот на безбедност во езерото
Post Views: 273 Ќе дадеме максимум за да имаме безбедна туристичка сезона и нема да дозволиме годинава да имаме било каква дамка во поглед на безбедноста која ќе го наруши имиџот на градот“, истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски на состанокот инициран од СВР насловен како „Превентивни мерки за поголема безбедност на вода и заштита од кражби“ . Инаку денешниот состанок е уште еден обид да се зголеми степенот на безбедност во езерото, но и во Охрид. Состанок имаше превентивен карактер и на него присуствуваа сите чинители кои имаат директна инволвираност во безбедноста на...
Започнува сениорското европско првенство за жени од мали земји
Post Views: 250 Од вечерва спортската сала Билјанини извори домаќин на Европското првенство во Це девизија. На првенството учествуваат 8 земји од поранешна Це девизија со тоа што сега А и бе девизија се споени и се натпреваруваат во заеднички квалификации за заедничко евопско првенство. „На ова првенство е и потпретседателот на ФИБА Европа, вториот човек на Европската кошарка Џон Молтанвез. Тој беше во инспекција на салава и е презадоволен од капацитетите и можностите што ги нуди како комплекс инфраструктурата. Салава располага со сите инфраструктури за сениорско првенство од А...
Уништен овоштарник во Трпејца
Post Views: 279 Инцидент во Трпејца. Ристо Климоски остана без својот овоштарник, откако непознати сторители во саботата навечер ги исeкле стеблата од овоштарникот и го отруле кучето кое го чувало имотот. „Дојдав да ги повадам овошките. Кога видов што ми е направени ми падна токлу тешко по што ги известив одма надлежните. Се јавив во полиција. Штетатат замене е огромна. Милион да ми дадете е малку. Мене не ми беше за пари туку за рекреација. Но тоа што се стори се стори, сега нема што да се прави.Имав и едно куче, убаво големо и тоа денеска е пцовисано, германски овчар, отруено...
ЛДП реагира поради издавањето на езерото под концесија
Post Views: 233 ЛДП е смета дека многу е рано Охридското Езеро да се дава под концесија за стопански риболов, затоа што како што велат сеуште не е стабилизиран рибниот фонд во езерото, а одлуката за давање под концесија била избрзана и бесмислена. „Неофицијално, идниот концесионер е избран и веќе има склучено договор. Договорот се однесува за период од 6 години, а концесионерот има обрска на државата за истиот тој период да и исплати 12 милиони денари, а да за таа сума, добива дозвола да улови 20 тони пастрмка и 1200 тони плашица. Со овој договор, треба да се вработат и 24 рибари...
Сеуште неизвесно одржувањето на Големиот пливачки маратон
Post Views: 273 Од организационот одбор на Охридскиот Пливачки маратонот откриваат дека во моментов оваа реномирана спортска манифестација се соочува со најголеми финансиски проблеми од денот од кога е возобновен маратонот од 1992 год. Најтрагично во сето оваа е што годинава техничкиот организатор на маратонот „Охридски бранови“ кој е најстар пливачко ватерполо клуб на бившите Ју простори. слави редок јубилеј 80 години од неговото постоење. „Годинава наместо да славиме и да направиме маратон од висок рејтинг и светска класа, се соочуваме со страшни финансиски проблеми. Како организатори...
Гостите од корпорацијата „Сахара Груп“, фасцинирани од Охрид и Македонија
Post Views: 243 Гостите од Индија од корпорацијата „Сахара Груп“ фасцинирани од убавините на Охрид и Македонија. Фактот што за неполни две недели повторно се враќаат во Охрид, повеќе од јасно покажува дека оваа групација е заинтересирана за инвестирање во Македнија. Директорот на агенцијата за капитални инвестиции, Виктор Мизо за ТВМ открива дека групата која од вчера е во Охрид е составена од околу 45 луѓе, предводени од Сопругата на мултимилијардер Субрата Рој газда на „Сахара Груп“, синот и снаата но и нивните најблиски соработници. Дел од гостите се дојдени директно од Индија,...