Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

Нема улица во центарот на Охрид каде не се наплатува за паркинг

Post Views: 165 Нема место каде не се наплатува за паркинг во Охрид и тоа по 50 денари од час. Граѓаните реагираат и спас бараат од локалната. Првиот човек на Охрид градоначалникот Бакрачески објаснува кој е виновен за ваквиот однос на концесионерот. „Граѓаните многу добро знаат дека со одлука на тогашниот совет на Општина Охрид покрај паркинзите во централното грдско подрачје се проширува паркинг зоната и на останатите улици“, вели градоначалникот. Според него неразумна е одлуката и на советот и на поранешниот градоначалник покрај еден договор со кој беше опфатен плоштадот и неколку...

Продолжи со читање

Охриѓани го испробаа двокатниот панорамски автобус

Post Views: 174 Денеска свечено беше одбележано примопредавањето на поклонот од Владата на Р Македонија, односно министерството за транспорт и врски, панорамскиот автобус.  „Охрид конечно го доби она што во повеќе наврати беше најавувано и требаше да биде реализирано.  Со овој современ автобус се збогати туристичката понуда на градов, а на туристите  ќе им овозможиме панорамско разгледување на Охрид и околината за прв пат во историјата на градов“, истакна градоначалникот Никола Бакрачески. „Ние сметаме дека поставувањето на една траса односно линија по која ќе се сообраќа овој современ...

Продолжи со читање

Доделени наградите за ликовниот конкурс на Богојавление

Post Views: 171 Традиционално од минатата година на иницијатива на здружението Богојавление, во соработка со општина Охрид и основните училишта на територијата на општина Охрид се спроведува ликовен конкурс на тема „Богојавление“. Овој конкурс има за цел да ги збогати настаните во деновите за манифестацијата Богојавление, но и да ги мотивира младите од основните училишта да творат.  Од минатата година објавувањето на резултатите и врачувањето на наградите е одлучено да биде на Велики Четврток.За наградените зборуваше уметникот Славко Упевче.„Како и минатата година така и оваа доделуваме...

Продолжи со читање

Охрид ќе добие панорамски автобус

Post Views: 172 Динамична трета седница на градскиот совет. Предложена точка по која советниците требаше да расправаат денеска ,предлог одлука за донесување на годишна програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2013 год,  уште на почетокот повлечена од страна на предлагачот, градоначалникот Никола Бакрачески. На местото на ова точка градоначалникот предложи нова и тоа: Предлог одлука за прием  на движна ствар  ниско двокатен автобус од отворен тип,  затоа што како што кажа во градов се пристигнати многу туристи  и се наближува официјлниот почеток на туристичката...

Продолжи со читање

Првомајските и Велигдeнските празници го наполнаа Охрид

Post Views: 154 „Ако кажеме дека по утрото се познава денот , тогаш ова е утрото на Охрид, а денот е пред нас, а благодарение на вакво утро се надеваме на добра сезона“, вели туристичкиот водич Љупчо Јузмески. Тој открива дека групите кои во моментов се во Охрид се претежно минатогодишни гости во Македонија и тоа од Финска и Данска. Јузмески додава дека годинава имаме повеќе гости од Данска, туристи кои се окарактеризирани како авантуристички настрени и за кои најпривлечни се најновите туристички атракции кои ги нудиме, „Велосипедските тури“,  преку Галичица  до ресен и назад. Покрај...

Продолжи со читање

Косовскиот амбасадор во посета на општина Струга

Post Views: 173   Добрососедските односи и соработката во регионот тема на средбата помеѓу Косовскиот Амбасадор Илбер Хиса и градоначалникот на Струга, Зијадин села. Амбасадорот Хиса е меѓу првите дипломати кој лично му ја честитаа победата на градоначалникот и новата функција. „Струга е привлечно место кое косоварите ќе го користат за летување, а изградениот нов пат Косово – Албанија, неможе и нема да биде пречка за Косоварите како дестинација да ја изберат Струга“, рече амбасадорот Хиса. На новинарско прашање, дали и кога би се вовел режим на гранично минување со лична карта, амбасадорот...

Продолжи со читање

Злато за охридскиот велосипедист Јован Јованоски

Post Views: 202 Охридскиот велосипедист од Екодром, Јован Јованоски го освои златниот медал на трката Водице во рамките од Хрватскиот куп во категоријата јуниори. На трката во Хрватска настапуваа вкупно 250 натпреварувачи, во сите категории, а во категоријата јуниори во која се натпреваруваа нашите претставници беа 23 ца и тоа сите прваци во своите земји.  Јованоски искрен, вели дека очекувал да се видам  на пиедесталот, но дека ќе го освои првото место не.„Патеката можам да кажам дека беше доста техничка, не беше толку захтевна физички колку што беше техничка, нормално тешка , малку...

Продолжи со читање

Охрид конечно ќе добие затворен базен

Post Views: 196 Финишираат подготовките за изградба на затворен олимписки базен во Охрид. ТВМ дознава дека последната средба помеѓу градоначалникот и претставници од агенцијата за спорт и млади се одржала вчера во Охрид. На оваа средба  прелиминарно била одредена локацијата каде конечно ќе се гради затворениот олимписки пливачки базен кој во неколку наврати беше договаран, ветуван и најавуван.„Наше е сега во наредните неколку денови да ја провериме документација за тоа каква локацијата каква е имотната состојба на локацијата која ние ја одредивме. Според моите сознанија и сознијата...

Продолжи со читање

Првата група Холанѓани пристигна во Охрид

Post Views: 185 Утрово на аеродромот св. Апостол Павле пристигна правата група холандски туристи за оваа летна сезона.Гостите воодушевени од пречекот, со големи очекувања за она што сакаат да го видат, но и со добри познавања за она што го нудиме како туристичка дестинација.„Во Македонија доаѓам прв пат. Се надевам дека е добро овде. Сите ми велеа, Македонија е одлична земја. Овде сакам да ги видам црквите, иконите… Јас не го познавам овој народ. Сум бил во Ерменија, Југославија, и си реков зошто да не, јас малку знам за овие луѓе. Бев и во Грција и ете токму поради тоа дојдов...

Продолжи со читање

Рилковски: „Точно е дека сме повикани да си поднесиме оставки“

Post Views: 205 Директорите на образовните институции во градов имаат рок до утре да си поднесат оставки, открива директорот на охридската гимназија Наум Рилкоски. Тој за ТВМ потврдува дека бил повикан во општината на состанок на кој му била побарана оставка, но  смета дека  начинот на кој се туркаат кадровските промени во образованието во Охрид не се желба на градоначалникот Бакрачески.„Лично од градоначалникот не сме биле повикани, а точно е дека сме повикани да си поднесиме оставки на ниво на директори на основни и средни училишта, јас лично кажувам за мене. И мислам дека ова не...

Продолжи со читање

Бакрачески ги слушна проблемите на здружението на телесни инвалиди

Post Views: 174   Градоначалникот Никола Бакрачески се сретна со раководството на општинското здружение на телесно инвалидизирани лица Мобилност и дел од нивните членови. На средбата  првиот човек на Охрид се запозна со нивната работа, статут, функционирање , со активностите кои тие ги имаат во текот на годината, како и со основните проблеми со кои се среќаваат во секојдневието. На оваа средба меѓу другото  стана збор и за начинот на кој што локалната и градоначалник може да  им помогне во остварување на нивните програмски активности, меѓутоа и во делот на решавање на тие проблеми ...

Продолжи со читање

Мини депонија на градските гробишта

Post Views: 206 Бетонски корпи за отпадоци, камења, градежен шут, остатоци од улично осветлување, лимови…. се само дел од  матријалот кој години се трупал на градските гробишта.  Интерсно е што дел од овој шут се и гранитни плочи, доста скап матријал кој очигледно некој наместо да го искористи, се ослободил од него фрлајќи го. Оваа мини депонија повеќе од очигледно му смета на новото раковоство на јавното претпријатие. Вршителот на должност директорот на Ј.П. Градски Гробишта Зоран Симоноски поради службени обврски не успеавме да го најдеме и да го консултираме за она што го...

Продолжи со читање