Автор: Маленкова Татјана
Views: 64Едниот брег од каналот Студенчишта кој и припаѓа на локалната самоуправа ќе се уредува најави неодамна првиот човек на Капетанијата на пристаништата. Капетанот Горан Устијаноски вели дека на една страна од каналот, која и припаѓа на општината ќе се изгради инфраструктура за прифаќање на пловните објекти. Просторот ќе се уреди и заштити и тука за одреден надомест ќе може да се чуваат безбедно пловните објекти. Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид е против овој проект на Локалната самоуправа.„Новиот проект на локалната самоуправа за изградба на...
Општина Охрид формираше „Локален совет на млади“
Views: 64Денеска кога светот го одбележува “Денот на Младите“, во Охрид се формираше локалниот совет на млади при општина Охрид. Преку ова тело градоначалникот конечно ќе ги слушне проблемите на младите, но и ќе има можност заедно да изнајдат начин за решение за истите. „На овој начин, активно ќе ги вклучиме младите во процесот на донесување на одлуки во локалната самоуправа и секако во процесот со управување со локалната самоуправа“, истакна градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески. „Ова тело по теркот на советот на градски татковци ќе има консултативна и советодавна улога и...
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
Views: 57Верниците со исламска вероисповест го слават празникот Рамазан Бајрам со кој завршува Светиот месец Рамазан и се означи крајот на едномесечниот пост. Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена. Ведат Хасан Сарачаглу пензиониран наставник кој сега живее во Истамбул – Турција се потсетува како некогаш се славел Рамазан Бајрам или Шеќер Бајрам во Охрид. Раскажува дека кога биле деца родителите ги носеле од роднина до роднина, од пријател до пријател со цел да ги запознаат, а во денешно време родителите оделе сами, а децата сами. „Празниците треба да се слават од срце и...
Нова сезона, стари маки за жителите од стариот дел на Охрид
Views: 86Жителите на Стар Град и годинава се жалат дека немаат мирен сон. Од Советот на Урбаната заедница Стар град упатено е писмо до градоначалникот и советот на град Охрид, во кое реагираат дека сопствениците на угостителски објекти не ги почитуваат одлуките и законите. Граѓаните реагираат на бучавата која доаѓала од таканаречената “Ајван плажа” за која пишуваат дека не знаат дали е плажа , кафе барови или ноќни клубови ,но и од бродовите кои возат гости во вечерни прошетки. Граѓаните укажуваат и на поставувањето на жардињери, маси и прегради кому каде ќе му текне, како и...
Како да ги задржиме образованите кадри во Македонија?
Views: 65Се поголем број на студенти веднаш по завршувањето на студиите планираат да ја напуштат Македонија со недеж дека ќе имаат поголеми шанси за вработување и подобри услови за живот некаде надвор. Ваквиот одлив на мозоци во прилог им оди на земјите од Европската унија кои ги отвораат своите врати за образовани луѓе од одредени профили, како медицински работници, информатичари, инжињери. „Основата политика која ја изгради европската унија, по последната финансиска криза во 2008 – 2009 год., беше да ги отвори вратите за сите талентирани и образовани млади луѓе“, истакна проф. Д-р ....
„Безбедност во и околу вода“ – со здружени сили
Views: 75Полицијата заедно со капетанијата и со Црвениот крст заеднички го спроведуваат проектот „Безбедност во и околу вода“. Овој проект има превентивен, но и едукативен карактер. Благодарение на координираната работа и мерките кои 24 часа дневно 7 дена во неделата ги спроведуваат овие институции повеќе од очигдно е дека видно е намален бројот на случени незгоди на вода. Портпаролот на СВР, Стефан Димовски како илистрација кажа дека минатата година како служби регистрирале вкупно три незгоди на вода случени во Охридско струшкото крајбрежје од кои две резултирале со повреди на...
Најволшебното дело на Шекспир „Сонот на летната ноќ“ утре на Охридско лето
Views: 84Претставата која е во режија на гостинот од Дубровник, Хрватска Иван Лео Лемо е една класика со многу реализам и индиска фантазија. Ова е премиерата на најволшебното дело на Шекспир. „7 ми август ќе влезе дефинитивно во историјата на Охридскиот театар. Како и во историјата на Охридско лето. Минатата година имавме можност да го промовираме Охридскиот театар како еден од новоформираните театри во Р Македонија, долгододишна борба и на охриѓани и на културните работници во Македнија, а оваа година ќе ги претставиме со еден од најубавите текстови во историјата на драматургијата со...
Засилени контролите на храната во летниов период
Views: 59Се испитуваат рестораните, сендвичарите, слаткарниците, пекарите, зелените пазари. Од Центарот за Јавно здравје пак велат дека од почетокот на годината тие во лабораторијата исконтролирале 160 примероци од прехранбени производи од најразлични видови, од готови јадења, до слаткарски производи, сладолед, меса, млечни производи. Од нив 9 производи биле неисправни.„Неисправноста не се должеше само на присуство на бактерии, или неисправна декларација, недостаток на одреден параметар. Дел од производите не биле доволно кавалитетни, на пример масленоста во млекото била пониска од она...








