Автор: Маленкова Татјана
Views: 61„Секој Автор пишува една книга цел живот. Од мојата прва песна до поледнава книга по самите наслови ќе видите дека пишувам една песна , обработувам еден регион, говорам за едни исти луѓе , а помнам затоа што се враќам во едно минато определено свршено време во времето кога не прогонуваа низ егејските шуми“, вели Јачев. „Минатата година објавив роман во кој микс правам на две војни граѓанската војна од 1946 – 1949 год. во егејска македонија и 2001 год. овде. Многу од нашите издавачки куќи не објавуваат повеќе поезија. Проза да но поезија не . Тоа е став на куќата“, вели писателот...
Градските татковци ќе го подобруваат имиџот на Охрид
Views: 5419 те членови на Локалниот економски совет денеска дискутираа за изнаоѓање можности за корекција на цените во угостителските објекти, со што би се подобрил имиџот на Охрид како туристичка дестинација, потоа за подготовките за изработката на физибилити студија за изградба на скијачки центар на планината Галичица, излагање на членовите на советот за нивните визии околу економскиот развој на Охрид, поголема промоција на Охридскиот пливачки маратон и разгледување на иницијативата за возобновување на Светиклиментовиот универзитет. Првиот човек на Охрид градоначалникот Никола Бакрачески...
Започна професионалниот турнир во одбојка на песок
Views: 66Рекреативните и јуниорските натпревари na oтвореното првенство во одбојка на песок Охрид 2013 кои започнаа вчера беа само увертира на професионалниот турнир кој ќе се оджува од денеска до недела, на плажата Бафало во Охрид.На турнирот пријавени се 12 тимови од Македонија, Бугарија, Косово и Албанија. На бафало на традиционалниот турнир во одбојка на песок, денеска присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески. Тој потенцираше дека оваа манифестација е еден дел од програмските активности на кои локалната ќе даде силна поддршка. „Преку мотивирање на натпреварувачки дух...
50 години од катастрофалниот земјотрес кој го разурна Скопје
Views: 82Беше мугра. Одеднаш се слушна силно мјаукање на мачки, лаеж на кучиња, а страотни крикови на животни се слушаа дури и од Зоолошката градина. Јата птици во хаотичен лет одлетаа од покривите…На улицата се појави наезда на стаорци кои бегаа од подрумите на сите страни. Веднаш потоа завладеа страшна, злокобна тишина. А по неа, силен татнеж. Облак од густ прав ја покри улицата. Кога правот се сталожи, видов дека се е претворено во пепел.” Ова е само едно од сведоштвата за катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година. А по земјотресот од сите страни почна да...
Проект на СВР -„заштита од кражби на плажите“
Views: 62Самиот внимавај на својот паричник!, Сами заштитете се од кражби на плажа!, Не носете вредни предмети додека сте на плажа! Не оставајте ги без надзор и необезбедени вашите работи, особено ако сте во вода! Пријавете кражба на 192… се дел од преораките на СВР, кои во писмена форма од денеска почна да ги дели по охридските плажи. Овој проект на СВР „Превнција од кражби“опфаќа широк спектар на превентивни мерки кои полициските службеници заедно црвен крст ќе ги превземаат на терен во делот на едукација на граѓаните на Охрид туристите и воопшто јавноста за потребата од...
Научна и уметничка визита 2013 „Охридскиот чинар“ од уметник Славко Упевче
Views: 106Охридскиот Чинар – сите негови возвишувања и падови пред охриѓани благодарение на уметничката четка на Охридскиот реномиран уметник Славко Упевче. Синоќа во Куќата на Уранија беше отворена изложбата Научна и уметничка визита 2013 „Охридскиот чинар“, во организација на академскиот сликар Упевче, Македонската академија на науките и уметностите и охридскиот книжевен и научен центар „Уранија“.„Изложени се 10 слики во периодот од околу 40 – 50 години, но бројот на слики со мотиви од Чинарот кои се низ целиот свет е уште поголем. Со оглед на близината на мојата куќа и моето атеље...
Пазарниот инспекторат демне!
Views: 66Пазарниот инспекторат во повеќе наврати се јавува како носител на активностите во рамките на своите надлежности, а е поткрепен од СВР и инспекциски служби. Посебно активностите во овој период од годината според началникот на пазарниот инспекторат Ѓорѓи Бошалевски се насочни во искоренување на дивите чекачи на туристи во Охрид, но и кон дивите туритички агенции, односно регистрирани туристички водичи кои организираат патувања. „Направени се повеќе контроли на автобуската станица во Охрид и превземени се мерки. на затекнатите прекршители на законот изречена им е глоба во износ од...
Француска вечер на Охридско лето
Views: 82Годинава честа да настапи на овој реномиран фестивал, но и наша да ја слушаме неговата изведба ја има уметникот од светски глас, виртуазот на хармоника Иван Денион и Маестро Ричард Галијано уметник кој со својот настап не само што ќе го одбележи 53 то издание на фестивалот туку воопшто ќе даде посебен допринос за целокупната фестивалска историја.„Маетро Галијано е познат како голем виртуоз на хармоника и неговиот допринос е токму тоа што инструментие од поп музиката ги донесе во светот на синфониската музика на синфонискиот оркестар. Познат како голем виртуоз мајстор во...







