Автор: Маленкова Татјана
Views: 57Денеска во рамки на редовните активности на локалната самоуправа започна акција за расчистување на спортскиот центар Билјнини Извори од градежениот шут кој се собирал години наназад.„Знаете сите дека по реновирањето на атлетската патека голем дел од граежниот шут остана неизнесен и го попречуваше нормалното одвивање на активностите на спортскиот центар Билјнини извори. Со цел надминување на таа состојба двете ЈП со меѓусебен договор успеаја да го расчистат овој простор“, вели Димитар Спасески,секретар на општина Охрид.Посебно за пофална е постапката на нашиот сограѓанин Љупчо...
Охрид доби „Спортско лето“
Views: 64Започна проектот „Спортско лето“. Со овој проект на ЈП Билјанини извори кој започна вчера а ќе трае до 26 јули е предвидено сите спортски активности да добијат масовност. Токму поради тоа е воспоставена соработка со различни категории на граѓани со една цел, вратите на спортскиот центар Билјанини извори да бидат отворени за сите категории на граѓани и на тој начин да го доближиме спортот до што повеќе граѓани во општина Охрид и да им овозможиме да ги користат услугите кои ние како општина и ЈП ги нудиме, вели секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески. Спортското лето,...
Охридскиот црвен крст во работата повторно ќе применува нови Германски искуства
Views: 59Шестчлена делегација од Охридскиот Црвен Крст, составена од спасители на вода и спасители на планина беа 5 дена во посета на Црвен крст Бамберг – Германија. „Целта на оваа посета беше да го разработиме нивниот систем на функционирање и на работа не само во сегментот на спасување и на дејствување при катастрофи, туку и организационо, самата поставеност на Црвениот крст таму и соработката со институциите како што се локалната самоуправа и државата“, вели претседателот на ОО на Црвениот Крст, Сашо Точко. „Луѓето не печекаа прекрасно, беа отворени кон нас можеа и тие да изразат...
Започнува Културно – забавното лето „На зајдисонце “ во Трпејца
Views: 88Организатор на Манифестацијата „На зајдисонце “ во Трпејца е Здружението за промоција и развој „За Трпејца со љубов“ поддржано од месната заедница од Трпејца, а покровител на манифестацијата е Општина Охрид. Секретарот на општината Димитар Спасески вели дека ова е една од активностите на општина Охрид, насочени кон подршка на културните манифестации во градот особено со акцент на културните манифетстации кои се одвиваат во рурлните области.„На наше големо задоволство оваа година културната манифестација, организирана од страна на здружението на граѓаните „За Трпејца со љубов“...
Охридски и Српски полицaјци од денеска заедно ќе патролираат
Views: 73Српски полициски службеници заедно со нивни колеги од СВР Охрид од денеска во две смени ќе патролираат во Охрид и периферните делови, како и на крајбрежјето. Целта на оваа заедничка акција е да се зголеми безбедноста на граѓаните и туристите кои престојуваат на охридската ривиера.„Она што посебно е карактеристично за оваа соработка е дека целта на заедничките партоли не е само зголемување на степенот на размена на искуства помеѓу полициските службеници од двете министерства, туку многу повеќе излегување во пресрет на граѓаните со цел задоволување на нивните потреби од безбедносен...
Повнимателно со личните предмети – крадците демнат
Views: 177Ако едни доаѓаат во Охрид да одмораат, други доаѓаат на печалба. Охрид во летен период вообичаено мета на крадци. За време на туристичката сезона како по некое непишано правило има зголемување на казнените дела кражби кои првенствено се случуваат на плажите во крајбрежјето, но и во домовите на оние кои заминале на одмор. Од СВР велат дека и оваа сезона во секторот евидентирано е благо зголемување на ваквите казнени дела. Портпаролот Стефан Димовски вели дека СВР Охрид делува пред се превентивно, со цел елиминирање на ваквата појава. Тој додава дека годинава како и минатата...
Светскиот виолончелист Антонио Менезес вечерва на Охридско лето
Views: 63Вечерва на програмата на Охридско лето во црквата Света Софија, концерт на светскиот виолончелист Антонио Менезес кој заедно со Олга Задо, една од најперспективните пијанисти од нејзината генерација ќе изведат дела на Шуман, Брамс, Франк. Менезес прв пат гостува во Охрид. Тој по првата проба воодушевен од просторот каде ќе настапи, но и од гостопримливоста на Охриѓани.„Црквата е прекрасно и во неа се чуствуваме прекрасно. Звукот е фантастичен. Убаво се чувствувавме додека свиревме во црквата, многу сме среќни за тоа. Откако ја добив поканата почнав да гледам и да вршам...
Обид за кражба на делови од макета на оклопно возило на Мауцкер
Views: 58Две лица се обиделе да украдат делови од макета на околопно возило тенк од Мауцкер. Неофицијално прво со оксиген ја исекле макетата од оклопното возило на делови, за потоа да се обидат ги украдат истите. Обидот за кражба во СВР го пријавил чуварот на депонијата на Мауцкер со која стопанисува ЈП Охридски Комуналец.„Во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови при доаѓањето на нашите претпоставени на работа забележани се делови од исечени тенкови и бидејќи тоа не е понатака во наша надлежност известен е секторот за внатрешни работи за понатамошна постапка“, вели Елена...









