Автор: Маленкова Татјана
Post Views: 233 Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, д-р. Никола Бакрачески, денеска ги слушна проблемите на автопревозниците и таксипревозниците од општина Охрид. Преставници на здружението за автобуски превоз „Сонце и галеби – Охрид“, и дел од таксистите, јавно проговорија за како што кажаа нетранспарентноста на објавувањето на јавните набавки во делот на автопревозот од страна на локалната самоуправа и неадекватното извршување на работата на инспекциските служби поврзано со автопревозот и со такси превозот во градот. „Ги искажавме нашите незадоволства од досегашната работа...
Информатичкиот универзитет се проширува
Post Views: 199 Се доградува зградата на поранешниот дом на АРМ, поточно објектот каде е сместен информатичкиот универзитет. 350 те квадрати кои во моментов се ставени на располагање на универзитетот премалку за нивните потреби. Според најавите со доградбата универзитетот треба да добие три пати поголем простор од оној со кој располага. „Просториите ќе бидат наменети за настава и за нови канцеларии на универзитетот, за нови лабаратории. Сето тоа ставено заедно значи дека ќе имаме можност да примаме далеку поголем број на студенти, а ќе може да вработиме и повеќе професори, пред...
Црвениот крст ги обучува основците како да се заштитат од грип
Post Views: 188 Засилена лична хигиена, редовно миење на раце, заштита при кивање со хартиени шамивчиња, редовно проветрување на простории. Овие мерки навидум ни се познати, но колку од нив ги применуваме. Токму ова е поводот Црвениот Крст во основните училишта да спроведе предавања на тема како да се заштитиме од грип.„За училиштата препорачавме засилена хигиенизација и кај нив редовно проветрување на училниците и ходниците, вонредна дезинфекција на просториите, повторни систематски прегледи на вработениот персонал“, вели епидемиологот Јованка Стурлакова Коровешоска.Едукативните...
Субрата Рој кажа дел од плановите за Љубаништа
Post Views: 217 Ова езеро е толку големо и убаво, но најважно е што луѓето овде се многу топли. За мене е најважна комбинацијата на убави места и пријатен народ“, рече денеска индискиот бизнисмен Субрата Рој пред новинарите. Тој додаде дека во Охрид се чувствува како да пронашол нешто одамна изгубено, по што станал емоционално близок со луѓето во овој град. Рој беше категоричен дека луѓето од Сахра груп не прават мали планови, туку напротив се што прават е во големи размери. Токму поради тоа рече индискиот милјардер за Љубаништа имаат направено една огромна програма , која ќе биде...
Граѓанскиот парламент и вчера повторно ги собра охриѓани
Post Views: 283 На граѓанскиот парламент синоќа се зборуваше за демократијата и за тоа колку ја има во Македонија за случувањата во здравството, новинарството и како што беше кажано недемократичнота во однесувањето на централната власт према локалната власт во Охрид со одземање на ингеренции. Сепак најголемо внимание кај присутните привлече изјавата на градоначалникот кој законот за туристички зони го нарече најава за повторна национализација на имот на граѓани, црквата и на имот на општина Охрид.„Се донесоа такви закони со кои национализација која беше од 1946 год е многу помала...
Министерството покажа слух за проектите на завод и музеј
Post Views: 332 Министерството за култура ги објави проектите кои ќе ги подржи годинава. Најмногу пари вообичаено од колачот издвоени за завод и музеј Охрид. „Аплициравме со многу повеќе проекти, но со оглед на кризната ситуација, мораме да сме задоволни со ова што го добивме. Одобрените пари претежно се однесуваат за продолжување на започнати проекти“, вели директорката Тања Паскали Бунташеска. Бунташеска открива дека годинава ќе се конзервира ранохристијанската базилика на локалитетот Манчевци, за кој потпорните ѕидови беа изработени минатата година. Годинава според плановите...
Рибна чорба за Гинис
Post Views: 192 Охриѓани подготвија 3,3 тони рибина чорба, со која најверојатно го соборија Гинисовиот рекорд поставен од американски колеџ, за најголема количина рибна чорба. Сето ова се случуваше вчeра под будното око на преставниците на Гинис, на празникот Св. Јован кога традиционално се одбележува Денот на рибарите. „Еве можам да кажам дека Гинисовиот рекорд е соборен, затоа што тој досега изнесуваше 3 тони и 25 литри рибна чорба, а ние правиме 3 тони и триста. Се е снимено и заверено на нотар. Направивме се според инструкциите на Гинис“, вели Љупчо Арнаудов, преставник на здружението...
Уште една кражба во Охридска златара
Post Views: 300 СВР во текот на вчерашниот ден успешно реализира акција за пронаоѓање и приведување на три члена група од вкупно шест, кои во текот на вчерашниот ден извршија кривично дело тешка кражба во златарата „Прима Голд“, во охридската чаршија. Оваа шест члена група романски државјани со патничко моторно возило пристигнале во Македнија и во Охрид во текот на вчерашниот ден преку граничниот премин Ќафасан. Откако пристигнале во Охрид направиле обиколка низ стара чаршија и неколку златари, по што некаде по 15 часот и 15 минути сите влегле во златарата Прима Голд, каде го извршиле...
Развојот на туризмот – тема на трибина
Post Views: 193 Развојот на туризмот во Охрид и Македонија и владините мерки и активности кои се преземаат за развој на оваа област , беше темата на трибината која се одржа вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“.Пред присутните свое излагање имаше пратеникот Харалампие Шокароски кој го истана своето задоволство од како што кажа зголемувањето на бројот на странските туристи преку субвенционирање на тур- операторите, субвенционирањето на нискобуџетните летови, како и подршката која им се дава на граѓаните кои се бават со туризам.„За жал ни Охрид и Р Македонија не се на светската...
Финишираат подготовките за Водици
Post Views: 202 Се поставуваат шатори за медицински екипи и за капачите, се украсуваа бродовите, поставуваа огради и тезги на кои ќе се точи топла ракија , а нуркачите го чистеа и езерското дно каде ќе се фрла светиот крст. Обележана е и линија која ќе овозможи сите кои ќе се обидат да го фатат крстот до него да стигнат со пливање, што би значело сите пријавени да тргнат во исто време и од исто место, а не како досега. „Како што нагласивме во повеќе наврати овојпат ако некој нечесно или предвреме тргнит или скокни од брод или чамец, нема да ги добијат наградите кои ги дава здруженито....
Започнаа подготовките за чорбата за Гинис
Post Views: 232 500 килограми лосос, 200 килограми ослиќ, 110 литри масло, 100 килограми брашно, 2500 литри вода се дел од намирниците за чорбата со која Охрид ќе се обиде да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди. Чорбата за која далеку ќе се слушне ќе се подготвува во недела на денот на рибарите. Истата ја донира Сандре Трпоски, а ја подготвуваат учениците од угостителското училиште Ванчо Питошески под менторство на професорот по готварство Блаже Јорданоски. Намирниците за чорбата се веќе набавени, а поради огроманата количина која треба да се зготви подготовките започнаа...
Трската ќе се сечи, само ако мора
Post Views: 238 „Регистрација на појасот на трската, како основа за понатамошно следење на состојбите во Охридското Езеро, а со цел за определување на стратегијата за нејзина заштита“, е проектот изработен од хидробилошкиот институт, а финансиран од локалната. Трката е живеалиште, место за мрест на риби и место за гнездење на птици. Таа преставува природен биофилтер на водата од загадувачките материи, вели д-р Марина Талеска, еден од изработувачите на проектот. Доколку има потреба од сечење на трската зафатот ќе може да се направи исклучиво со амин од ресорните министерства, хидробилошкиот...