Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

Епидемиолозите предложија низа мерки со цел да се спречи ширењето на стрептококната ангина

Post Views: 231 Центарот за јавно здравје апелира до сите матични лекари кои имаат сомнение на инфекција со Стрептокок задолжително да ја известат епидемиолошката служба. Целта на ваквото пријавување е што побрзо да се детектираат децата со Стрептококна инфекција, поточно да се открие изворот и да се спречи понатамошното ширење на ова заразно заболување. Епидемилогот Јованка Стурлакова Коровешоска за ТВ М ги открива предложените бројни мерки и активности во предучилишните и училишните установи се со цел да се спречи ширењето на стрептококните инфекции.  „Засилена хигиенизација на...

Продолжи со читање

Во градинките зголемен број случаи со стрптококни ангини

Post Views: 230 Зимата е период кога вообичаено има зголемен бројот на пациенти со горно распираторни инфекции. Како причина за овие компликации се и климатските промени кои значително се изразени деновиве. Еден од факторите е и маглата која посебно им  прави проблеми на децата кои имаат  хронични опструктивни промени во вид на напади  на тешко дишење, свирење во градите , нарушување на општата состојба која мора долго да се лекува. Ваквите случаи не можат да поминат со  амбулантно лекување, туку  се препраќаат на детското одделение.  Но еве што посебно ги загрижува педијатрите.„Но...

Продолжи со читање

Екстерно оценување и денеска

Post Views: 217 Во основните училишта Григор Причев, Св. Климент Охридски и средното угостителско училиште и денеска се спроведе пробното екстерно тестирање. Учениците кои пред тестовите се плашеа од тоа како ќе изгледа самиот тест, денеска видно задоволни од тоа како поминаа. Велат тестот беше полесен и од писмена задача. Директорката на основното училиште Григор Прличев признава дека се соочиле со повеќе проблеми при спроведување на тестирњето, но додава дека за сите проблеми јавно ќе проговорат утре, кога и ќе се одржи последното тестирање. И Директорот  на средното општинско угостителско...

Продолжи со читање

ВМРО ДПМНЕ реагира на вработувањата во ЈП Охридски комуналец

Post Views: 212 „Долгогодишните лаги, манипулации и долгогодишното задолжување и пренатрупање на општина Охрид и јавните претпријатија со партиски војници од страна на градоначалникот Александар Петрески и неговите блиски соработници по инерција продолжуваат и во последните сто дена од нивниот мандат. Континуирано е замајувањето на јавноста со партиски вработувања во локалната самоуправа и јавните претпријатија, а се со  цел  добивање на ситни партиски поени за ионака слабиот рејтинг на Петрески“, обвини денеска портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Никола Митровиќ.„Покрај големата превработеност...

Продолжи со читање

Програмата „Млади во акција“, презентирана пред охриѓани

Post Views: 212 Програмата креирана од страна на европската комисија е воспоставена за да ги имплементира политиките за млади на европската комисија и политиките за формално и неформално образование. Таму се имплементираат две програми, едната е „доживотно учење“, а другата „млади во акција“. Тому оваа програма ги креира политиките за младите од 18 до 30 години, но и сите останати кои работат на полето за младите.  „Програмата нуди многу простор за унапредување на младите и нивните вештини и знаење кои подоцна ќе можат да ги искористат во нивниот личен и професионален развој“, вели...

Продолжи со читање

И после две недели скршената гранка од Чинарот никој не ја отстранува

Post Views: 222 И после две недели од расцепувањето, дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите. Чинарот се скрши на 06 декември во четврток и иако од министерството за животна средина тврдеа дека експертски тим уште во понеделникот на 10 декември ќе направи увид, сепак до ден денеска увидот не е направен, а тоа значи дека ни гранката сеште  никој не смее да ја отстранува. Од министерството за животна средина објаснуваат дека  експертскиот тим сеште не дошол во Охрид, затоа што експертите кои треба да направат увид се од научни институции,  професори...

Продолжи со читање

До паркинг место повторно преку рампа

Post Views: 208 Рампи, нема па има, и обратно. За само два дена металните рампи преку кои се влегува и излегува од паркинг просторот кај кружниот тек повторно вратени на истото место.  Се обративме во локалната со цел да дознаеме зошто и по чија наредба рампите се вратени назад. Портпаролот Симон Илиевски во телефонскиот разговор ни кажа дека локалната самоуправа со  официјален став за причината поради која рампите се на старото место ќе излезе утре. Но, упорноста на новинарите и овој пат успеа да стигне до малку поконкретен одговор лично од градоначалникот Александар Петрески. Тој...

Продолжи со читање

Тргнати рампите од центарот на Охрид

Post Views: 240 Претпладнево рампите кај Поштата и пред Охридската капетанија беа извадени, а апаратите кои ги придвижува се облепени со леплива лента. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески во телефонскиот разговор ни кажа дека  рампите се тргнати со цел    за време на престојните празници да се овозможи побрз проток на автомобили и луѓе во центарот на Охрид. Тој кажа дека до Нова Година и за време на празниците ќе се пристапи кон нов начин на наплата на паркирањето. Градоначалникот додаде дека локалната не се откажува од идејата после празниците во центарот да не се наплатува...

Продолжи со читање

Караванот „Тинекс, ти и јас“ и Дедо Мраз, пристигна во Охрид

Post Views: 299 Караван со пакетчиња за децата со посебни потреби, насловен „Тинекс, ти и јас“ и Дедо Мраз пристигна во Охрид. Овој каравам предводен од Дедо Мраз во следниве две недели ќе подели 1500 новогодишни пакетчиња во училишта и установи кои згрижуваат деца со посебни потреби и од ранливи групи низ државава. „Овој новогодишен караван го спроведуваме прв пат оваа година и е дел од платформата Тинекс ти и јас и е логично заокружување на сите донации кои ги имаме реализирано во текот на изминатата година во областа на здравството, образованието, културата, спортот. Караванот...

Продолжи со читање

Повеќе од една недела без струја во 21 век

Post Views: 223 Куратица, Опеница, Завој, Плаќе, Речица, Свињишта Тие се повеќе од една недела немаат струја и телефон. Жителите се видно револтирани и на игноранскиот однос на вработените во ЕВН и велат дека доколку ништо за брзо време не се промени, ќе штрајќуваат пред подрачната служба на ЕВН во Охрид.    „Ова е катастрофа. Немаме телефон, немаме струја. Како што прашуваме во ЕВН редовно се бранат дека има многу дефекти, но таму каде што нема такви катастрофи  треба да се повлечат луѓето и да се среди оваа работа. Св Никола ни е наврата и изгледа дека за овој големпразник ќе останеме...

Продолжи со читање

Охрид ќе добие најсовремена болница

Post Views: 231 Во ова се уверивме лично кога на наше барање со цел да видиме како течат градежните активности, со директорот на општата болница д-р. Љубен Арнаудов и претставник на фирмата изведувач направивме обиколка на новиот објект. Објектот кој започна да се гради пед 8 месеци е во завршна фаза, а за скоро време треба да се донесе мебелот и медицинската опрема. „Добивме многу повеќе отколку што очекуваваме“, вели директорот на општата болница Арнаудов.„Добивме болница по европски стандарди кои во 2015 год. Ќе стапат на сила во Европа, а ние ќе ги имаме во 2013 год. Самото земење...

Продолжи со читање

Управата за јавни приходи ја промовираше услугата е – даноци

Post Views: 247 Даночните обврзници кои според Законот за даночна постапка се обврзани да го користат системот на е-Даноци, должни се најдоцна до 31 декември 2012 година да се регистрираат на е-Даноци, односно да мигрираат од стариот на новиот систем на е-Даноци. Токму поради оваа промена преставници од регионалната дирекција од Битола пред сметководителите во Охрид извршија презентација на системот е  – Даноци. Системот за електронско поднесување на даноци во Управата за јавни приходи функционира повеќе години, но од 01 јануари  следнава година поднесувањето на ДДВ 04 треба...

Продолжи со читање