Автор: Маленкова Татјана
Post Views: 197 ЈП Охридски Комуналец интензивно работи на разубавувањето на Охрид за Новогодишните празници. Се користат реквизитите од минатите години, а директорот на ЈП открива дека се набавиле и нови. Алче вели дека според плановите на локалната и ЈП целата акција со разубавувањето на Охрид треба да заврши најдоцна до четврток 13 декевмри. „Се прават комбинации со сијалички, но се набавени и нови светлечки реквизити нив ќе ги поставиме накрај. Се уредува со светлечките црева, а понатака со новите реквизити, а со новите сијаличиња ќе го заокружиме изгледот.Почнуваме од центарот...
Петрески: „Патиштата кон Охрид никој не ги чисти“
Post Views: 346 „Зимското одржување на патиштата, кон и од Охрид, како и внатре во самата општина“, тема на пресс конференцијата во локалната самоуправа. Градоначалникот истакна дека загрижувачка била состојбата за време на празникот за Св. Климент Охридски, кога охриѓани и гостите за да дојдат во Охрид патувале и по 9 ,10 часа, по крајно небезбедни патишта, а ден потоа делегациите не можеле да си заминат поради непроодни патишта. Петрески обвини на тотално несериозен однос на државата и фондот за патишта и Македонија пат кои се задолжени за одржување на патиштата и кои како што...
Скршената гранка од Чинарот, сеуште лежи до стеблото
Post Views: 347 Дрвото кое е заштитен споменик на природата се рапаѓа пред очите на институциите. По инциндентот вчера кога поголема гранка се скрши, сеуште никој не ја превзема одговорноста истата да ја отстрани, а дрвото заштити од понатамошно уништување. Градоначалникот Александар Петрески вели дека управата за заштита на животната средина мора посериозно да пристапи кон реставрација на Чинарот затоа што ова дрво е заштитен споменик на природата. „Јас пред се мислам дека тоа е поради недоволна грижа и заштита на тие што треба да го штитат чинарот, а секако и ние како охриѓани...
Промовирана книгата „Охридски времеплов“
Post Views: 226 Илче Стојаноски во чест на патронот на градот на Охриѓани им поклони монографија „Охридски времеплов“ за живеачката на нашиот многувековен град, за неговите подемите и падови. Пред многубројните заинтересирани и вљубеници во Охрид промоторот Владо Жура вели дека во најновата книга на Илче Стојаноски е опфатен период од живеачката на нашиот многувековен град, град кој во своето вековно минато бележел ни подеми и падови . „Тоа е периодот од втората половина на преминатиот период, па заклучно со првата половина напредминатото столетие или од 1848 па се до 1948 година....
Стариот Чинар утрово се преполови
Post Views: 211 Утрово се скрши една масивна гранка со што 11 века старото дрво буквално се преполови. Охриѓани кои ја видоа тажната глетка резигнирано коментираа, дрвото кое трпело и време и невреме илјада години не не истрпи нас и нашата негрижа. За волја на вистината Чинарот веше во неколку наврати саниран и конзервиран, но очигледно сето тоа не беше доволно за тој да ги поднесе врнежите од снег и дожд кои паднаа деновиве. Надлежните излегоа на терен. Инспекторот Игор Трајкоски од Државниот инспекторат за животна средина и Вера Рауник од одделението за животна средина при локалната...
Уште еден детален урбанистички план се сопна во Скопје
Post Views: 213 Урбанистичкиот план за изградба на хотел вон населено место за Коњско дел од туристички комплекс св Стефан под лупа на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.Од Инспекторатот при спроведената контрола утврдиле низа неправилности. Деталниот урбанистички план отстапувал од одредбите пропишани за донесување вакви планови односно во текот на постапката планот бил изготвуван во спротивност со Законот за просторно и урбанистичко планирање и истиот не бил во согласност со Генералниот урбанистички план. Поради овие причини Државниот инспекторат му укажува на...
ООУ Св. Климент организатор на Унеско камп
Post Views: 232 Во четирите денови колку што ќе трае кампот учесниците во истиот ќе разменуваат искуства, но и ќе разговараат за зајкнување на Унесковата мрежа на збратимени училишта. Организаторите на кампот велат дека горди се што и покрај лошите времески услови, сепак сите пријавени учесници пристигнале и се дел од кампот, поточно гости на Св. Климент се ментори и ученици од четири училишта од Пиран – Словенија, Кикинда – Србија, Котор – Црна Гора и од Скопје – Македонија. Домаќините задоволни од одзивот, а гостите уште позадоволни од приемот во Охрид.„Ова...
Одбележан меѓународниот ден на лицата со инвалидност
Post Views: 220 Охридските здруженија на инвалиди го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со инвалидност. „На овој ден традиционално мора да се разговара со инвалидите и за инвалидите“, категоричен е претседателот на здружението на Инвалиди на трудот Благоја Крстаноски. Тој додава дека на овој ден секоја година членовите се собираат и разговараат за активности и своите проблеми. „Како што гледате инвалидите се соочуваат со повеќе проблеми на ниво на републиката, но и во општина Охрид. Нашата заложба е секогаш да се бориме инвлидите, а посебно инвалидите на трудот кои се исфрлени...
Нови возила, кров и простории за охридскиот здрвствен дом
Post Views: 233 Специјалните санитетски возила марка Рено за итна медицинска помош кои ги набави владата стигнаа и во Охрид. Директорот на здравствен дом Митко Дабески вели дека овие возила беа повеќе од неопходни за оваа здравствена институција, затоа што досега располагаа со возен парк стар 10 години, за кој месечно издвојувале многу средства за одржување. Новите возила ја имаат сета неопходна апаратура за интервенирање како дефибрилатор, преносен аспиратор, вентилатор, ѕиден апарат за мерење на крвен притисок, балон за вентилација, сет за фрактури, реанимациона торба, автоматско...
Лајнс клубот „Деница“ обезбеди нова донација за детската градинка
Post Views: 238 Организатор на забавата „Играта е детска работа“, беше Женскиот Лајонс клуб Деница кој веќе неколку месеци егзистира во Охрид. Претседателката на Деница, Јулијана Василеска вели дека се одлучиле да помогнат во доопремувањето на просториите во градинката затоа што дечињата имаат посебно место во нивното хуманитарно делување.„Дечињата од градинка кои се толку припремени толку инспиративни самите ќе се потрудат да организираат една пригода која со наша помош и наша посетеност ќе допренесе да се соберат средства со што ќе се помогне во доопремување на занимлните во централната...
Изгоре куќа во стариот дел на Охрид
Post Views: 258 Пожарот кој најверојатно настанал од затнат оџак за многу кратко време се распламти, а густиот бел чад над калето можеше да се забележи од сите страни на Охрид. Благодарение на брзата интервенција на комшиите и противпожарната служба од Охрид и покрај тешкиот пристап до објектот, поради паркираните автомобили по тесните месокастрански улички, избегната е многу поголема катастрофа. Во пожарот нема повредени лица. Во целост е уништена кровната конструкција и поголемиот дел од објектот. „Успеавме да го пресечиме со помош на граѓаните кои веќе имаа реалирано, успеавме...
Се намали цената за гробните парцели на полето 5
Post Views: 235 Советниците дадоа зелено светло за намалување на цената за гробното поле 5, кое се протега помеѓу ресторанот и градската капела. Гробните места за кои досега се плаќаше 83900 денари, од сега ќе се плаќа 73 000 и 46 000 денари. Директорот на ЈП Коле Петкуќески како причина за оваа одлука на ЈП ја наведува тоа што повеќе нема слободни гроби места, но и лошата економска состојба. Спротивно на ова советникот од ВМРО ДПМНЕ Џемал Рахман вели дека објаснувањето за оваа одлука недржи, затоа што како што кажа Гробарината не се намалува, а се поголема е ставката од одржување,...