Автор: Маленкова Татјана
Post Views: 21 Унгарските кајакари на кои на петти мај им се изгуби трага кај авто-кампот Градиште во Охрид се пронајдени живи и здрави на сред езеро. Тројцата мажи и две жени полицијата ги пронајде попладнево на потегот меѓу Градиште и Радожда. Туристите се во добра здравствена состојба. По првичните разговори Унгарците потенцираа дека им е жал што дошло до сетоа ова, како и за начинот на кој се информирало за нивното наводно исчезнување. Тие беа видно изненадени од медиумската прашина која се кренала за нив, но не ја криеја и нивната воодушевеност од убавината на Езерото....
Продолжуваат предупредувачките протести пред ЈП Билјанини извори
Post Views: 7 Предупредувачкиот штрајк пред ЈП Билјанини извори продолжува. Претседателот на синдикалната организација на претпријатието, Зоран Стевоски вели дека ќе протестираат се до исполнувањето на нивните барања. „ Како синдикална организација испративме барање до сите релевантни фактори односно до бившиот директор, до управниот одбор, до советот на општината Охрид и до градоначалникот на општина Охрид. Сеуште на тие наши барања не е одговорено. Искрено се надевам дека ќе започнат интензивно да работат на решавање на нашиве проблеми“, вели Зоран Стевоски, претседател на...
150 години хуманитарна мисија на Црвениот крст
Post Views: 8 Семејството на Црвениот крст го сочинуваат над 110 милиони волонтери од 187 земји од светот. Денеска празникот со пригодни свечености го одбележаа сите членки во исто време. Охридскиот Црвениот крст се вбројува во една од најуспешните организации во Македонија. Оваа општинска организација работи со ранливи категории. Помагаат онаму каде што е најпотребно на социјално загрозените семејства, се врши здравствена едукација и се делува превентивно. За жал сеуште помошта е од граѓаните за граѓаните, затоа што повисоските инстанци во своите програми немаат издвоено...
Трајков најавува поуспешна туристичка сезона од минатогодишната
Post Views: 33 Првомајските и велигденските празници добар показател за тоа каква туристичка сезона не очекува. Првиот човек на агенцијата за промоција и подршка на туризмот Јордан Трајков вели дека очекува зголемување на вкупниот број туристи од Холандија, но и зголемување воопшто на бројот на странски туристи. „Во Македонија мислам дека ќе имаме рекордна сезона и очекувам двоцифрен раст оваа година“, вели Трајков. Овие негови очекувања и тврдења ги поткрепува со како што вели извонредните 12 кампањи кои ги организирала агенцијата во различни земји. Тој проговори и за...
Нема улица во центарот на Охрид каде не се наплатува за паркинг
Post Views: 11 Нема место каде не се наплатува за паркинг во Охрид и тоа по 50 денари од час. Граѓаните реагираат и спас бараат од локалната. Првиот човек на Охрид градоначалникот Бакрачески објаснува кој е виновен за ваквиот однос на концесионерот. „Граѓаните многу добро знаат дека со одлука на тогашниот совет на Општина Охрид покрај паркинзите во централното грдско подрачје се проширува паркинг зоната и на останатите улици“, вели градоначалникот. Според него неразумна е одлуката и на советот и на поранешниот градоначалник покрај еден договор со кој беше опфатен плоштадот и...
Охриѓани го испробаа двокатниот панорамски автобус
Post Views: 9 Денеска свечено беше одбележано примопредавањето на поклонот од Владата на Р Македонија, односно министерството за транспорт и врски, панорамскиот автобус. „Охрид конечно го доби она што во повеќе наврати беше најавувано и требаше да биде реализирано. Со овој современ автобус се збогати туристичката понуда на градов, а на туристите ќе им овозможиме панорамско разгледување на Охрид и околината за прв пат во историјата на градов“, истакна градоначалникот Никола Бакрачески. „Ние сметаме дека поставувањето на една траса односно линија по која ќе се сообраќа овој...
Доделени наградите за ликовниот конкурс на Богојавление
Post Views: 5 Традиционално од минатата година на иницијатива на здружението Богојавление, во соработка со општина Охрид и основните училишта на територијата на општина Охрид се спроведува ликовен конкурс на тема „Богојавление“. Овој конкурс има за цел да ги збогати настаните во деновите за манифестацијата Богојавление, но и да ги мотивира младите од основните училишта да творат. Од минатата година објавувањето на резултатите и врачувањето на наградите е одлучено да биде на Велики Четврток.За наградените зборуваше уметникот Славко Упевче.„Како и минатата година така и оваа...
Охрид ќе добие панорамски автобус
Post Views: 7 Динамична трета седница на градскиот совет. Предложена точка по која советниците требаше да расправаат денеска ,предлог одлука за донесување на годишна програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2013 год, уште на почетокот повлечена од страна на предлагачот, градоначалникот Никола Бакрачески. На местото на ова точка градоначалникот предложи нова и тоа: Предлог одлука за прием на движна ствар ниско двокатен автобус од отворен тип, затоа што како што кажа во градов се пристигнати многу туристи и се наближува официјлниот почеток на туристичката...