Автор: Маленкова Татјана
Post Views: 267 Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам при министретвото за транспорт и врски започна со уривање на дивоградбата „ИВИРЕ“ во Трпејца. Само десеттина дена одкако ресорното министерство и ги одзеде ингеренциите од локалната самоуправа за овој објект, механизацијата претпладнево излезе на терен и ја започна акцијата. Се уриваше објектот кој е комплетно е дивоградба, а што се однесува до објектот кој е делумно дивоградба најверојатно ќе се урива утре. Жителите од Трпејца задоволни што конечно во Македонија започнаа да се спроведуваат законските прописи и она...
Дојде да ја прими наградата, а незнае ништо за Македонија
Post Views: 289 Делата на режисерот Жак Доајон, повеќе шепотат отколку што викаат, а во одредени филмови има и насилство врз чувствата. Вака накратко човекот кој го прави изборот на филмовите за Францускиот Филмски фестивал Ив Алион го опиша творечкиот опус на режисерот и почесниот гостин на фестивалот Жак Доајон. Режисерот пак со задоволство раскажа за снимањето на филмот Никаквица, филм кој го снимал пред 1 век. Кажа дека во тоа време многу полесно се снимале филмови и дека не се секогаш парите главни виновници доколку некој филм не е добро прифатен. Пример за ова е токму филмот...
Охридското Eзеро доби концесионер
Post Views: 257 Неофицијално, идниот концесионер е фирмата „Пастрмка 2012 година“ од Охрид.Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство ја потврди информацијата, но портпаролот вели дека детали за концесионерот ќе обелоденат дури откако одлуката ќе излезе во службен весник. На оваа оваа владина одлука први се пожалија спортските риболовци. Од риболовниот клуб „Свети Апостол Петар“ велат дека владината одлука ќе ја обжалат до Европската комисија за рибарство, Комисијата за рибарство при Обединетите нации и до Европските партии на зелените. Зошто не се сложуваат со одлуката...
На дневен ред советнички прашања
Post Views: 276 Советниците од ВМРО ДПМНЕ на денешната седница наменета за советнички прашања побараа од градоначалникот да одговори кратко и јасно, Колкав е долгот на општина Охрид во моментов? И зошто во Охрид нема капитални инвестиции? „Сега сакавме да слушнеме како тој долг во моментов изгледа и на тоа прашање небеше даден конкретен одговор затоа што баравме да се каже цифрта на новонастанати долгови не ни дадоа адекватен одговор што исто така прави сомнеж дека новите долгови се многу големи што дава сомнеж за иднината на Охрид“, вели координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски. Спротивно...
Жителите на Горно Лакочереј веќе една година немаат вода
Post Views: 256 Веќе една година низ цевките на водововот не протекала ни капка вода и тоа не само за пиење туку ни техничка вода. „Со решение на министерството за здравство добивме решение дека бунарот кој го имаме за користење на водата, е комплетно неисправен и таа вода несмее да влезе во системот за водоснабдување и покрај тоа што жителите ја користеа како техничка вода“, открива советникот и жител на Горно Лакочереј, Климе Тренески. „Во меѓувреме прегоре пумпата така да во системот во Горно Лакочереј нема ни капка вода и предложив да се прогласи елементарна непогода за Лакочереј...
„Херои на Македонија 2001“ во посета на општина Охрид
Post Views: 314 Децата и дел од потесните семејства на погинатите бранители деновиве се во Охрид, во одморалиштето на МВР. Многу емоции, сеќавање на кобната 2001 год. И заседата на нашите бранители на Карпалак, Вејце, Љубојнски бачила имаше на средбата на Претставници на здружението „Херои на Македонија“ и претседавачот на советот Душко Јаковчески. Покрај за загинатите македонски херои на средбата стана збор и за активностите на здружението, но и за се она што може локалната да им помогне. „ Здружението има обврска да се залага за семејствата на загинатите бранители и да ги...
Кој ќе го урива „ИВИРЕ“?
Post Views: 251 Сопственикот на објектот „ИвИре“ почна да остранува делови од бесправно изградениот објект на плажата во охридското село Трпејца. Трпејчани откриваат дека инспектори од локалната секојдневно го следат текот на настаните, како и дека веќе било оградено земјиштето, во делот каде ќе се руши спорната градба. Од Црковниот одбор уште додаваат дека сега засега сопственикот на „ИВИРЕ“ извадил само дел од прозорите на објектот, како и инвентар од просториите.Во решението за уривање од локалната, стои дека доколку сопственикот во рок од 15 дена не го урне бесправно изградениот...
Во ОО на Црвен крст формиран клуб за цртање
Post Views: 251 Идејата за формирање на клуб за цртање ја реализираше Филип Стојкоски студент од трета година, заедно со триесеттина волонтери. Овој тим на млади уметници изминативе два месеци ги надоградуваа своите таленти во разни техники и модели на креативно изразување. „Нашата цел беше да направиме нешто што ќе биде блиску до луѓето, а не да покажеме висока уметност која би била за затворен круг на луѓе“, вели Стојкоски за ТВМ. „Јас преку оваа акција сакам да ја промовирам потребата за неформална едукација. Затоа сакав да организирам нешто на тоа поле. Изненаден сум многу во...
Заедно за подобро здравје
Post Views: 233 “Заедно за подобро здравје” е караван кој и оваа година ја продолжува традиција, поточно соработката помеѓу Црвениот крст и специјалната болница за хируршки болети, Филип Втори. „Посебно сме горди што сме домаќини на тим од специјалната болнца Филип Втори и што заедно ја реализираме заедничката хумана мисија за унапредување на Човековото здравје“, велат од ОО на Црвениот крст. „Ова е исклучителна можност да се слушне нешто повеќе за кардиоваскуларните заболувања, дијабетот итн. Нетреба да се пропушти вакво интересно предавање од специјалисти, лекари кои доаѓаат чисто...
Петрески:„Владата им нанесува штета на граѓаните на Охрид и на туризмот“
Post Views: 241 „Изминува јуни, а охридската капетанија се уште чека новиот бран да исфрли директор. Во меѓувреме, граѓаните не можат да ги регистрираат пловните објекти, а обезглавената капетанија не може да се грижи за безбедноста во езерскиот сообраќај“, обвини денеска градоначалникот Александар Петрески.„Ова е последниот во долгата низа удари кои власта им ги нанесува на граѓаните на Охрид и врз туризмот во целина. Патиштата кои водат до Охрид се во лоша состојба. Градот предолго време е без болница. Владата одбива да плати комуналии за објектите кои планира да ги гради и со...
ЈП Билјанини извори ги издава под закуп паркинзите
Post Views: 289 ЈП Билјанини извори објави оглас со кој издава под закуп над 200 паркинг места на атрактивни локации во центарот на Охрид. Оваа одлука која Управниот одбор на ЈП ја донел пред една недела ја разбранува јавноста, затоа што пред само неколку месеци на седница на Совет се кршеа копја по завршувањето на договорот со екс концесионерот, паркинзите да ги добие ЈП Билјанини Извори. Изненадува фактот што, кога на 27-ми април годинава општина Охрид со предлог одлука на Советот конечно му ги отстапи на користење паркинг просторите на Билјанини извори, ЈП наместо да ги работи,...
Трпечјани револтирани и од локалната и од државната власт
Post Views: 248 И покрај ветувањата кои Трпејчани ги добиле и од државните и од локлните органи, проблемот со дивоградбата ИВИРЕ сеуште не е решен. Тие се категоричени дека не се откажуваат и дека правдата ќе ја бараат до крај. „Сакаме да ја информираме јвноста дека сеуште не се превземени активности во насока на решавање на проблемот кој ни беше ветен од локаланата самоуправа дека во одреден рок ќе се реши, рокот помина, а нашите барања тапкаат во место. Бараме институциите на локалната самоуправа да ги превземеат своите надлежности и да го спроведат решението за рушење од 14. 07...