Skip to main content

Автор: Маленкова Татјана

Првомајските и Велигдeнските празници го наполнаа Охрид

Post Views: 17 „Ако кажеме дека по утрото се познава денот , тогаш ова е утрото на Охрид, а денот е пред нас, а благодарение на вакво утро се надеваме на добра сезона“, вели туристичкиот водич Љупчо Јузмески. Тој открива дека групите кои во моментов се во Охрид се претежно минатогодишни гости во Македонија и тоа од Финска и Данска. Јузмески додава дека годинава имаме повеќе гости од Данска, туристи кои се окарактеризирани како авантуристички настрени и за кои најпривлечни се најновите туристички атракции кои ги нудиме, „Велосипедските тури“,  преку Галичица  до ресен и назад....

Продолжи со читање

Косовскиот амбасадор во посета на општина Струга

Post Views: 5   Добрососедските односи и соработката во регионот тема на средбата помеѓу Косовскиот Амбасадор Илбер Хиса и градоначалникот на Струга, Зијадин села. Амбасадорот Хиса е меѓу првите дипломати кој лично му ја честитаа победата на градоначалникот и новата функција. „Струга е привлечно место кое косоварите ќе го користат за летување, а изградениот нов пат Косово – Албанија, неможе и нема да биде пречка за Косоварите како дестинација да ја изберат Струга“, рече амбасадорот Хиса. На новинарско прашање, дали и кога би се вовел режим на гранично минување со лична карта,...

Продолжи со читање

Злато за охридскиот велосипедист Јован Јованоски

Post Views: 8 Охридскиот велосипедист од Екодром, Јован Јованоски го освои златниот медал на трката Водице во рамките од Хрватскиот куп во категоријата јуниори. На трката во Хрватска настапуваа вкупно 250 натпреварувачи, во сите категории, а во категоријата јуниори во која се натпреваруваа нашите претставници беа 23 ца и тоа сите прваци во своите земји.  Јованоски искрен, вели дека очекувал да се видам  на пиедесталот, но дека ќе го освои првото место не.„Патеката можам да кажам дека беше доста техничка, не беше толку захтевна физички колку што беше техничка, нормално тешка ,...

Продолжи со читање

Охрид конечно ќе добие затворен базен

Post Views: 10 Финишираат подготовките за изградба на затворен олимписки базен во Охрид. ТВМ дознава дека последната средба помеѓу градоначалникот и претставници од агенцијата за спорт и млади се одржала вчера во Охрид. На оваа средба  прелиминарно била одредена локацијата каде конечно ќе се гради затворениот олимписки пливачки базен кој во неколку наврати беше договаран, ветуван и најавуван.„Наше е сега во наредните неколку денови да ја провериме документација за тоа каква локацијата каква е имотната состојба на локацијата која ние ја одредивме. Според моите сознанија и...

Продолжи со читање

Првата група Холанѓани пристигна во Охрид

Post Views: 8 Утрово на аеродромот св. Апостол Павле пристигна правата група холандски туристи за оваа летна сезона.Гостите воодушевени од пречекот, со големи очекувања за она што сакаат да го видат, но и со добри познавања за она што го нудиме како туристичка дестинација.„Во Македонија доаѓам прв пат. Се надевам дека е добро овде. Сите ми велеа, Македонија е одлична земја. Овде сакам да ги видам црквите, иконите… Јас не го познавам овој народ. Сум бил во Ерменија, Југославија, и си реков зошто да не, јас малку знам за овие луѓе. Бев и во Грција и ете токму поради тоа...

Продолжи со читање

Рилковски: „Точно е дека сме повикани да си поднесиме оставки“

Post Views: 14 Директорите на образовните институции во градов имаат рок до утре да си поднесат оставки, открива директорот на охридската гимназија Наум Рилкоски. Тој за ТВМ потврдува дека бил повикан во општината на состанок на кој му била побарана оставка, но  смета дека  начинот на кој се туркаат кадровските промени во образованието во Охрид не се желба на градоначалникот Бакрачески.„Лично од градоначалникот не сме биле повикани, а точно е дека сме повикани да си поднесиме оставки на ниво на директори на основни и средни училишта, јас лично кажувам за мене. И мислам дека ова...

Продолжи со читање

Бакрачески ги слушна проблемите на здружението на телесни инвалиди

Post Views: 9   Градоначалникот Никола Бакрачески се сретна со раководството на општинското здружение на телесно инвалидизирани лица Мобилност и дел од нивните членови. На средбата  првиот човек на Охрид се запозна со нивната работа, статут, функционирање , со активностите кои тие ги имаат во текот на годината, како и со основните проблеми со кои се среќаваат во секојдневието. На оваа средба меѓу другото  стана збор и за начинот на кој што локалната и градоначалник може да  им помогне во остварување на нивните програмски активности, меѓутоа и во делот на решавање на тие проблеми ...

Продолжи со читање

Мини депонија на градските гробишта

Post Views: 8 Бетонски корпи за отпадоци, камења, градежен шут, остатоци од улично осветлување, лимови…. се само дел од  матријалот кој години се трупал на градските гробишта.  Интерсно е што дел од овој шут се и гранитни плочи, доста скап матријал кој очигледно некој наместо да го искористи, се ослободил од него фрлајќи го. Оваа мини депонија повеќе од очигледно му смета на новото раковоство на јавното претпријатие. Вршителот на должност директорот на Ј.П. Градски Гробишта Зоран Симоноски поради службени обврски не успеавме да го најдеме и да го консултираме за она што го...

Продолжи со читање