Автор: Маленкова Татјана
Views: 64Гимназијалците и економистите матурата традиционално ќе ја слават во хотелот Десарет. Директорот на Св. Климент Охридски Наум Рилковски објаснува дека навреме биле завршени сите постапки за избор на најдобар понудувач, не само за прославата, туку и за избор за фотограф. „Одбрана е и најниската понуда но и просторниот капацитет ни одговара, бидејќи матурантите годинава се околу 370 како бројка дозволува и најидеално е да биде избран хотелот Десарет. И ако целата постапка е редовно помината како што треба секако дека помеѓу учениците и од гимназиските паралелки, економките и...
Започна со работа новиот дел на општата болница
Views: 132Денеска видно раздвиженост во хируршката амбуланта од пациенти, доктори и останат медицински кадар. Директорот на општата болница д-р Љубен Арнаудов признава дека деновиве направиле максимални напори за да се преселат од Струга и старите привремени амбуланти, но добрата организација помогнала во рекорден рок да се формираат сите амбуланти и одделенија во новиот блок. „Од денеска почна да работи хируршкото одделение, гинеколошкото, одделението за уво, нос и грло, гинекологија и операционите сали. Сме во една од прориите на хируршкото одделение каде се гледа дека се е комплетно...
Парична казна за оние кои палат стрништа во рамките на НП
Views: 65Два пожари во изминатите три дена се евидентирани во строго заштитената зона на националниот парк Галичица. Благорение на брзата интервенција на службите на паркот и професионалната противпожарна единица од Охрид, пожарите биле веднаш изгаснати и не предизвикале поголема штета. Наумче Новески, одговорен за заштита од пожари во НП Галичица, денеска преку пресс конференција упати апел до жителите во Охрид и посебно до населението кое гравитира и останува во границите на паркот да внимаваат и одговорно да се однесуваат со природното богатство. Тој вели дека овој период имаше доста...
Започна акцијата за собирање отпад од електрична и електронска опрема
Views: 80И годинава општина Охрид преку секторот за урбанизам и заштита на животна средина 22 април денот на планетата земја го одбележува со спроведување на традиционалната акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема. Акцијата која започна денска ќе се спроведува до сабота на две локации. Едната на полигонот за мали спортови и другата локација кај „АКУМА ТРЕЈД“ на патот за Лескоец. „Граѓаните кои имаат ваков отпад, стари компјутери, монитори, процесори, тастатури глувчиња и други мали апарати од домаќинството да ги донесат тука и на тој начин ќе се ослободат од овој...
Започна акција за чистење на дното на охридското пристаниште од муљ
Views: 76Градското пристаниште се чисти од наносот кој се таложи во текот на годините и кој им ја попречува работата на бродарите. Капетанот на охридската капетанија Горан Устијаноски открива дека со акцијата предвидено е да се чистат три точки и тоа охридското пристаниште, пристаништето во Св.Наум и еден дел во каналот Билјанини Извори непосредно покрај едриличарскиот клуб и езерската полиција, делот кој е и најтесен и најплиток. „Тендерска постапка беше распишана. Плаќањето кон фирмата изведувач е со нафта од државните резерви, доделена за капетанија Охрид, односно за багерување на...
Игор Трајкоски ја презеде градоначалничката функција во Дебaрца
Views: 82Општина дебарца доби нов градоначалник. Со врачување на уверението од страна на Општинската изборна комисија, новоизбраниот градоначалник на општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес официјално го започна градоначалничкиот мандат. „Голема благодарност до граѓаните на општина Дебарца кои ја искажаа довербата на овие локални избори и ми дозволија во наредниов мандат да се покажам и докажам со нови дела кои ќе се реализираат и воедно ви укажувам дека вие ќе бидете моите критичари и мојот коректор на работата во овие четири години“, истакна градоначлникот на општина Дебарца, Игор...
Состојбата на браната во Слатино се влошува
Views: 62Претседателот на спортското риболовно друштво Св. Апостол Петар, Радован Димитриески тврди дека пукнатината на браната се проширува и дека само е прашање на време кога комплетно ќе се разруши.„Пукнатината која беше на средина сега ја поткопа земјата и се спушти на самото дно од браната, поради тоа круната на браната се спушти неколку метри. Се повеќе и повеќе очекуваме браната да се сруши комплетно или да се превземе нешто под итно за нејзино санирање.Нивото на водата не е спуштено, така да тоа истекува и од пукнатината и од преливниот канал и од испустниот канал“, вели Радован...
Згасна градскиот линиски превоз
Views: 68Линиите понудени на тендерот објавен од страна на општина Охрид, со линиите запишани во дозволата со дреастични разлики. Општинскиот сообраќаен инспекторат пред два дена им ги одзел дозволите за линиски превоз на фирмите кои го добија општинскиот тендер во месец февруари. Дознаваме дека оваа одлука инспекторатот ја донесол откако констатирал големи неправилности во издадените писмени дозволи од страна на Општина Охрид. Оваа информација ни ја потврди Димитар Василески, директор на АД Галеб Охрид, една од фирмите која го доби тендерот. Тој во телефонскиот разговор само ни кажа дека...









